19.06.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби „ЕНЕГРА 2018“ 21 јуни 2018 Сараево, БиХ

20.06.2018 (Семинар)
Судски спорови кои произлегуваат од постапките пред управните органи поврзани со Законот за приватизација на градежно земјиште, Законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти и Законот за денационализација

21.06.2018 (Семинар)
Eднодневен семинар:ЈАВНИ НАБАВКИ ПО ЕЛЕКТРОНСКИ ПАТ - КОНЦЕПТ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ДОВЕРБАТА И ТРАНСПАРЕНТНОСТА ВО ЦЕЛИОТ СИСТЕМ, СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА НОВИНИТЕ ВО НАЦРТ-ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

21.06.2018 (Семинар)
СОВРЕМЕНИ ТРАНСПОРТНИ ЛОГИСТИЧКИ СИСТЕМИ И РЕШЕНИЈА

28.06.2018 (Семинар)
Предвиденост на надомест на штета во Законот за работни односи, видови надомест на штета, обврска на работодавачите за обезбедување безбедни услови за работа, покренување на прекршочна постапка против работодавач и постапка по жалба

03.07.2018 (Семинар)
ВОВЕД ВО ISO 37001:2017 СИСТЕМ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО БОРБА ПРОТИВ КОРУПЦИЈА

05.07.2018 (Советување)
КРШЕЊЕТО НА РАБОТНИОТ РЕД И ДИСЦИПЛИНА ИЛИ РАБОТНИТЕ ОБВРСКИ КАКО ПРЕДУСЛОВ ЗА ОТКАЗ

07.11.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби ЈИЕ ИТ САМИТ 7-9 ноември 2018 Нови Сад, Србија

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

08.02.2018


Актуелно  

Групација за противпожарна заштита - ПОКРЕНАТА ИНИЦИЈАТИВА ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА ТРИБИНА НА ТЕМА “СОСТОЈБИТЕ СО ЗАШТИТА ОД ПОЖАРИ ВО Р.МАКЕДОНИЈА”


Членовите на Групацијата за противпожарна заштита на седницата одржана на 08.02.2018 година  расправаа за актуелните состојби во оваа дејност. Од страна на претседателот г-дин Милан Клопчевски присутните беа информирани за одржаниот состанок во Дирекцијата за заштита и спасување на Р.Македонија со членови од Груупацијата. На состанокот во Дирекцијата беа отворени повеќе проблеми кои влијаат на работата на фирмите од оваа дејност. Беше истакнато дека Дирекцијата е отворена за соработка со членките на Групацијата при што искажаа спремност секоја измена која се планира на одредени правилници да биде доставена до Групацијата при Стопанската комора на Македонија за заедничко разгледување и решавање на проблемите. Членовите на Групацијата за ПП заштита констатираа дека досегашната соработка не беше на доволно ниво и очекуваат подобрување на соработката во иднина.

 

Уште еднаш присутните напоменаа дека е потребно да се имплементираат директивите на ЕУ од областа на пожарникарството, со постапно предлагање на измени и дополнувања на правилниците од оваа област.

Една од темите за кои треба да се разговара со надлежните органи е зголемувањето на нелојалната конкуренција врз која влијае и недоволната активност на надлежните инспекциски органи и злоупотреби на инспекторатот при отварање на сервисни фирми од оваа област.

Присутните ги посочија проблемите за дефинирање на надлежна институција која треба да ги спроведува и ги контролира уредите, опремата и средствата за гасење пожар, проверка на истите дали се увезени во согласност со прописите за стандардизација, акредитација и оценка за сообразност.

Во дискусијата се истакна дека за подобрување на работата на стопанските субјекти неопходно е да се изврши ревидирање на овластувањата и да се провери нивната усогласеност со Законот за пожарникарство, а ревидираната листа на издадени овластувања редовно да се објавува на сајтот на Дирекцијата за заштита и спасување на РМ.

Укажана е и потребата од донесување на дополнителни прописи од страна на Дирекцијата за заштита и спасување, за начинот, постапката и роковите во кои треба да се изврши испитувањето на останатата противпожарна опрема и опрема за заштита и спасување. Ова посебно се однесува на професионалните и индустриски единици и доброволните протипожарни друштва.

На седницата повторно се поддржаа заклучоците за изготвување на измени и дополнување на прописите со кои ќе се издвојат овластувањата за вршење на работа на сервисирање и одржување на системи за откривање и јавување на  пожар, за гасење пожар и за системи за откривање експлозивни смеши, и воведување правна обврска за полагање стручен испит кој покрај сервисирањето ќе опфати и проектирање и изведба на ваквите системи.

На состанокот се заклучи да се достави до Дирекцијата за заштита и спасување на РМ барање за информација за листа на сервисни фирми кои имаат легални овластувања за работа. Исто така се покрена иницијатива за одржување на Трибина на тема: „Состојбите со заштита од пожари во Р.Македонија“.

Војкан Николовски











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права