20.11.2017 (Семинар)
УСПЕШНО СПРАВУВАЊЕ СО ЖАЛБИ И РЕКЛАМАЦИИ НА КЛИЕНТИ

21.11.2017 (Семинар)
ЕМПАТИЧНА ПРОДАЖБА - Нова перспектива на продажбата

21.11.2017 (Инфо сесија)
ИНФО СЕСИЈА ЗА ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТИ ОД ФОНДОТ ЗА ИНОВАЦИИ И ТЕХНОЛОШКИ РАЗВОЈ-ШТИП

23.11.2017 (Саем)
"24. Интернационален саем во Тирана"- 23-26.11.2017 Тирана, Р. Албанија

28.11.2017 (Бизнис средби)
„INTERNATIONAL MACHINERY AND PLANT ENGINEERING FORUM 2017“

28.11.2017 (Семинар)
ДЕЛОВНИ АСИСТЕНТИ (АРХИВСКО И КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ) И УНАПРЕДУВАЊЕ НА ВНАТРЕШНИОТ ПРОТОК НА ДОКУМЕНТИ

30.11.2017 (Семинар)
ДОГОВОРОТ ЗА ГРАДЕЊЕ И НАЈБИТНИТЕ НОРМАТИВНИ И ПРАКТИЧНИ ПРАШАЊА И ПРОБЛЕМИ ПОВРЗАНИ СО ГРАДБАТА - ПРЕДМЕТ НА ТРГОВСКИТЕ СПОРОВИ

03.12.2017 (Советување)
СОВЕТУВАЊЕ СОГЛАСНО ПРОГРАМАТА НА ИСОС

05.12.2017 (Семинар)
ИТ-КАТАСТРОФИ (DRP) И ФОРЕНЗИЧКА ИСТРАГА

12.12.2017 (Тренинг обука)
ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ (АУДИТОРИ) НА ИНТЕГРИРАНИ МЕНАЏМЕНТ СИСТЕМИ ISO 9001:2015, ISO 14001:2015, OHSAS 18000:2007

06.03.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби на Саемот „EcoBuild“ - Лондон, Велика Британија

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

13.11.2017


Актуелно  

Регионална комора со седиште во Штип - ОДРЖАН СЕМИНАР НА ТЕМА: НАЈНОВИТЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА АРХИВСКИ МАТЕРИЈАЛ


На 10.11.2017 година, во организација на Регионалната комора со седиште во Штип, беше одржан семинарот: Најновите измени на Законот за архивски материјал („Службен весник на Република Македонија“ бр. 95/12, 41/14, 72/15, 148/15, 169/15 и 172/15), со практични примери при архивирањето на списите кои произлегуваат од тековното работење.

 

Учесниците на семинарот од регионот покажаа голем интерес за следење на обврските кои настануваат со  Законот за архивско работење. За таа цел,  се запознаа со конкретни примери  кои ќе им послужат во натамошното постапување со архивскиот материјал.

Предавач на семинарот беше м-р Валентина Тодоровска, со долгогодишно работно искуство во делот на архивирањето и архивското работење, магистер по економски науки, специјалност финансиски менаџмент.  Учесниците на семинарот се запознаа и со новото Упатство за начинот и техниката на постапување со архивскиот и документарниот материјал во канцелариското и архивското работење. Посебно се разработија сите прашања кои се предмет на ова Упатство, а се од практично значење за неговата примена во канцелариското и архивското работење. Исто така, се презентираа најновите предлог-измени и дополнувања на Законот за архивски материјал по однос на Планот на архивски знаци, Листата на архивски материјал и Листата на документарен материјал со рокови за негово чување, Чување и заштита на архивскиот и документарен материјал: чување и заштита на конвенционален и неконвенционален архивски и документарен материјал; простор, опрема и услови за чување на архивски и документарен материјал.

Регионалната комора со седиште во Штип и понатаму им стои на располагање на компаниите за организирање вакви и слични семинари и  работилници, со цел навремено добивање на потребните информации за сите законски измени и дополнувања.

Моника Стоичева











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права