24.10.2017 (Семинар)
МЕТОДИ И ТЕХНИКИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИКОТ ВО ЈАВНИОТ ВО ДРЖАВНИОТ СЕКТОР СОГЛАСНО СИСТЕМИТЕ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КВАЛИТЕТ

26.10.2017 (Семинар)
ПРАВИЛНИК ЗА БЛАГАЈНИЧКО РАБОТЕЊЕ

27.10.2017 (Семинар)
СУДСКИ ПОСТАПКИ, ИСКУСТВА И СУДСКА ПРАКСА ВО ОБЛАСТА НА ДАНОЧНИТЕ ПРЕКРШОЦИ

30.10.2017 (Бизнис средби)
„Саем за директни бизнис средби Кошице 2017“-Словачка, 30.10.2017

31.10.2017 (Семинар)
КУПУВАЧКА МИСИЈА И ПОСЕТА НА „EXPORT WEEK 2017“ - 31.10-2.11.2017

01.11.2017 (Тренинг обука)
СО НАПРЕДНИ КОМУНИКАЦИСКИ ВЕШТИНИ ДО ПОДОБРУВАЊЕ НА ОДНОСОТ СО КЛИЕНТИТЕ, СОРАБОТНИЦИТЕ И ВРАБОТЕНИТЕ, Прага, Р.Чешка

01.11.2017 (Бизнис средби)
Бизнис средби „Ready2GO" во САД, Канада, Чиле, Камерун и Индија

02.11.2017 (Тренинг обука)
„МЕНАЏЕРСКИ ВЕШТИНИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ“

02.11.2017 (Семинар)
НАПРЕДЕН EXCEL – КРЕИРАЊЕ EXCEL DASHBOARD

02.11.2017 (Семинар)
Тренинг-обука: ПОДОБРУВАЊЕ НА ПЕРФОРМАНСИТЕ КАЈ ВРАБОТЕНИТЕ ВО ПРОДАЖБА

02.11.2017 (Саем)
„Match4Industry Business Matching Event“ - 2-3.11.2017, Коџаели, Република Турција

02.11.2017 (Конференција)
Конференција на тема: „Предизвиците на патот кон Европската Унија“-2-3.11.2017 Будва, Црна Гора

06.11.2017 (Тренинг обука)
НАПРЕДНИ ОБУКИ ЗА КОМПАНИИТЕ НА ТЕМА:ПРИДОБИВКИ И ОБВРСКИ ПРИ ВРАБОТУВАЊЕ ЛИЦА СО ХЕНДИКЕП

09.11.2017 (Бизнис средби)
МЕЃУНАРОДНИ БИЗНИС СРЕДБИ „RENEXPO®BIH 2017“ - 9.11.2017 Сараево, БиХ

09.11.2017 (Конференција)
Меѓународна дводневна конференција за финансирање на европски програми - Скопски Саем

09.11.2017 (Тренинг обука)
НАПРЕДНИ ОБУКИ ЗА КОМПАНИИТЕ НА ТЕМА: ПРИДОБИВКИ И ОБВРСКИ ПРИ ВРАБОТУВАЊЕ ЛИЦА СО ХЕНДИКЕП

09.11.2017 (Тренинг обука)
НАПРЕДНИ ОБУКИ ЗА КОМПАНИИТЕ НА ТЕМА: ПРИДОБИВКИ И ОБВРСКИ ПРИ ВРАБОТУВАЊЕ ЛИЦА СО ХЕНДИКЕП

23.11.2017 (Саем)
"24. Интернационален саем во Тирана"- 23-26.11.2017 Тирана, Р. Албанија

28.11.2017 (Бизнис средби)
„INTERNATIONAL MACHINERY AND PLANT ENGINEERING FORUM 2017“

Бизнис-настани

26.10.2017 - 26.09.2017


Семинар Стопанска комора на Македонија,  Македонија

ПРАВИЛНИК ЗА БЛАГАЈНИЧКО РАБОТЕЊЕ


Еднодневен семинар на тема:

ПРАВИЛНИК ЗА БЛАГАЈНИЧКО РАБОТЕЊЕ

-  Пресметка на дневници и издатоци за службено патување во странство низ призма на Законска регулатива и веродостојна документација -

26 октомври  2017 година
10:00 – 16:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат


Цел на обуката

       Целта на обуката е стекнување со теоретски и практични знаења за правилната примена на законската и даночната регулатива која го уредува готовинското денарско, девизно, благајничко работење и евиденција - уплата на дневниот промет (малопродажба).  Со синергија на законската регулатива која го уредува благајничкото работење, даночната регулатива и пренесувањето на искуството од практицирање на дадената проблематика во изминатите 20 години на сите учесници ќе им се овозможи правилно да се едуцираат и да ги применуваат законските одредби од оваа област, а  ризикот ќе го сведат на минимум на изречување глоби при инспекциски надзори и трпење прекршочни санкции.
       На обуката низ практични примери ќе биде објаснета методологијата за пресметка и исплата на дневници за службени патување како во земјата така и во странство и управување со која законски пропишана документација се врши исплата / уплата на готовински пари сметки за материјални трошоци како и значењето на одлуката за благајнички максимум.
       Исплатата на издатоците (трошоци) при службено патување и влијанието на истите (процентуално) на пресметката на дневниците и исплатата на издатоците и дневниците над утврдените лимити согласно законската и даночата регулатива. Што представува законски пропишана (веродостојна) документација и докажување на трошоците (материјални) дека се во функција за вршење на дејноста.
Интерен акт „Правилник за благајничко работење“.

Клучни карактеристики на обуката:

  - Пресметка на дневници за службен пат во земјата;
  - Пресметка на дневници за службен пат во странство;
  - Исплата на издатоци за службено патување и импликации на истите     врз пресметката на дневницата;
  - Пропишани лимити за исплата на дневници, што во случај на     исплати над истите;
  - Користење сопствено возило за службени цели и алтернативни     решенија;
  - Законски исправно поплнување на патен налог и прилог на сметки     за издатоци (трошоци) при службеното патување;
  - Благајна за материјални трошоци, Благајнички извештај, КП, КИ,     Сметко - потврди со прилог фискални сметки, правилно пополнети     како доказ дека истите се во функција на вршење надејноста низ     призма на даночна регулатива;
  - Девизна благајна;
  - Благајна за дневен промет;
  - Правилник.

Целна група:

Вработени во финансиски сектор, сметководство, благајници.

Содржина на обуката:

- Благајничко работење

  • Движење на готови пари, основ за подигнување од трансакциска  сметка, плаќање на материјални и патни трошоци;
  • Сигнификантноста на Одлуката за благајнички максимум и  утврдување на лимит, салдо во благајна заклучно со 31.12.хх;
  • Задолжителна евиденција на настаните во денарска благајна за  материјални и патни трошоци:
    - прием на готовински пари во благајна - каса прими;
    - исплата на готовински  пари од благајна - каса исплати;
    - Законски пропишана документација врз основа на која се врши исплата на материјални и патни трошоци;
  • Малопродажба:
    - водење на книга за евиденција за промет на мало;
    - дневен пазар согласно дневниот извештај од фискална каса;
    - резервен фискален апарат;
    - докуметација врз основа на која се прави прием на готовински пари од дневен промет;
    - уплата на дневен пазар односно во кој законски рок готовинскиот дневен промет се уплатува на трансакциска сметка во деловните банки;
   • Девизна благајна:
    - откуп и подигање на девизни средства за патни трошоци;
    - трошоци во девизи и методологија за евидентирање во денари;
    - прием и исплата на готови девизи;
    - салдо во девизна благајна заклучно со 31.12.хх.
- Задолжителна деловна книга – Благајнички извештај
   • Благајнички извештај за материјални и патни трошоци;
   • Практични примери ( законски пропишана документација) согласно      Законската и даночната регулатива за докажување на материјалните трошоци дека се во функција на вршење на дејноста;
   • Благајнички извештај за дневен промет - малопродажба;
   • Девизен благајнички извештај – двојна евиденција во девизи и во денарска противвредност.

- Надоместок на дневници согласно Закон за работни односи, Колективни договори и Уредбата за службено патување и селидби во странство
   • Уредба за службено патување и селидби во странство;
   • Решение и налог за службено патување;
   • Патен налог за службено патување во меѓународен транспорт;
   • Издатоци за сместување, исхрана, превоз и друго за  службени патувања во странство согласно законска регулатива;
   • Влијанието на издатоците за сместување и исхрана на дневниците за службени патувања;
   • Трошоци за службени патувања во меѓународен транспорт;
   • Утврдување на бројот и висината на дневниците;
   • Пресметка на трошоците искажани во странска валута;      
   • Дневници за службени патувањаво земјата;
     - Утврдување на висината на дневниците за службени патувања во         земјата;
     - Пресметка на дневници (практични примери);
     - Приложување на задолжителна документација како доказ дека        службеното; патување е во функција на дејноста;
     - Патен налог, извештај;
     - Законска регулатива.
    • Право на дневници за службени патувања во странство;
     - Утврдување на висината на дневниците за службени патувања во        странство;
     - Пресметка на дневници (практични примери)
     - Приложување на задолжителна документација како доказ дека        службеното патување е во функција на дејноста
     - Патен налог, извештај
     - Законска регулатива.
- Благајна за патни трошоци низ призма на даночна регулатива на РМ;
- Практични примери за пресметка на дневници и трошоци за службени патувања во земјата и во странство;
- Правилник за благајничко работење Интерен акт.

Предавачи:

- м-р Симонида Георгиевска, косопственик и раководител на Секторот за финансиски и сметководствени работи во Друштвото за даночен консалтинг „КАУНТ“ ДООЕЛ - Скопје, со 18-годишно работно искуство во областа на даночниот менаџмент, деловното планирање и хармонизација на финансиското известување во Р.М.

- м-р Билјана Патлиџанковска, раководител на Секторот за организациски работи во Друштвото за даночен консалтинг „КАУНТ“ ДООЕЛ – Скопје, со 16-годишно работно искуство во областа на административното и благајничкото работење.
Сите заинтересирани учесници можат да се пријават најдоцна до 20 октомври  2017 година.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
- Прирачник за благајничко работење;
- Прилог 1-Правилник за благајничко работење;
- Прилог2-Одлука согласно дадената тематика;
- Прилог 3-Уредба за издатоците за службени патувања и селидби во странство што на органите на државната управа им се признаваат во тековни трошоци:
- Дополнителен работен материјал;
- ручек и освежување;
- сертификат за учество на семинарот.


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова
Тел: ++ 389 2 3244074
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Анита Митревска
Тел: ++ 389 2 3244057
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: anita@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права