19.06.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби „ЕНЕГРА 2018“ 21 јуни 2018 Сараево, БиХ

20.06.2018 (Семинар)
Судски спорови кои произлегуваат од постапките пред управните органи поврзани со Законот за приватизација на градежно земјиште, Законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти и Законот за денационализација

21.06.2018 (Семинар)
Eднодневен семинар:ЈАВНИ НАБАВКИ ПО ЕЛЕКТРОНСКИ ПАТ - КОНЦЕПТ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ДОВЕРБАТА И ТРАНСПАРЕНТНОСТА ВО ЦЕЛИОТ СИСТЕМ, СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА НОВИНИТЕ ВО НАЦРТ-ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

21.06.2018 (Семинар)
СОВРЕМЕНИ ТРАНСПОРТНИ ЛОГИСТИЧКИ СИСТЕМИ И РЕШЕНИЈА

28.06.2018 (Семинар)
Предвиденост на надомест на штета во Законот за работни односи, видови надомест на штета, обврска на работодавачите за обезбедување безбедни услови за работа, покренување на прекршочна постапка против работодавач и постапка по жалба

03.07.2018 (Семинар)
ВОВЕД ВО ISO 37001:2017 СИСТЕМ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО БОРБА ПРОТИВ КОРУПЦИЈА

05.07.2018 (Советување)
КРШЕЊЕТО НА РАБОТНИОТ РЕД И ДИСЦИПЛИНА ИЛИ РАБОТНИТЕ ОБВРСКИ КАКО ПРЕДУСЛОВ ЗА ОТКАЗ

07.11.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби ЈИЕ ИТ САМИТ 7-9 ноември 2018 Нови Сад, Србија

Бизнис-настани

28.06.2018 - 28.06.2018


Семинар Стопанска комора на Македонија, сала 1, 5-ти кат,  Македонија

Предвиденост на надомест на штета во Законот за работни односи, видови надомест на штета, обврска на работодавачите за обезбедување безбедни услови за работа, покренување на прекршочна постапка против работодавач и постапка по жалба


Еднодневен семинар на тема:
Предвиденост на надомест на штета во Законот за работни односи, видови надомест на штета, обврска на работодавачите за обезбедување безбедни услови за работа, покренување на прекршочна постапка против работодавач и постапка по жалба по одлуки донесени од страна на инспекторот за труд, постапка пред суд во спорови од работен однос

28.06.2018 година (четврток)
од 9:30-15:00 часот
Сала 1 на 5 кат, Стопанска комора на Македонија

       Стопанската комора на Македонија, на 28 јуни 2018 година, организира еднодневен семинар на тема: „Предвиденост на надомест на штета во ЗРО, видови надомест на штета, обврска на работодавачите за обезбедување безбедни услови за работа, покренување на прекршочна постапка против работодавач и постапка по жалба по одлуки донесени од страна на инспекторот за труд, постапка пред суд во спорови од работен однос“.
Во рамките на семинарот ќе бидат опфатени сите специфични аспекти поврзани со обврските на работодавачите и работниците кои произлегуваат од Законот за работни односи. Воедно, ќе се направи обид за расчистување на одредени дилеми кои се јавуваат во праксата, поврзани со предметната проблематика.

ПРОГРАМА:

- Предвиденост на надомест на штета во Законот за работни односи, видови 
  надомест на штета;
- Надомест на материјална и нематеријална штета;
- Обврска на работодавачите за обезбедување безбедни услови за работа;
- Покренување на прекршочна постапка против работодавач и постапка 
  по жалба по одлуки донесени од страна на инспекторот за труд; 
- Улогата на инспекторот за труд во жалбената постапка;
- Постапка пред суд во спорови од работен однос;
- Рокови во споровите од работен однос.

Предавачи:

- д-р Лазар Јовевски, доцент на Правниот факултет „Јустинијан Први“ - Скопје;                                
- м-р Бојана Велковска, судија во Основен суд Скопје  II - Скопје и
- Злате Стојановски, раководител на Одделението за работни односи при Државниот  инспекторат за труд.

За сите учесници на семинарот обезбедено е:

- работен материјал;
- ручек и освежување и
- сертификат за присуство на семинарот.


Рок за пријавување: 25.6.2018 година

 


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Анита Митревска
Тел: ++ 389 2 3244057
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: anita@mchamber.mk

Контакт: Михајло Донев
Тел: ++ 389 2 3244067
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: mihajlo@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права