19.06.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби „ЕНЕГРА 2018“ 21 јуни 2018 Сараево, БиХ

20.06.2018 (Семинар)
Судски спорови кои произлегуваат од постапките пред управните органи поврзани со Законот за приватизација на градежно земјиште, Законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти и Законот за денационализација

21.06.2018 (Семинар)
Eднодневен семинар:ЈАВНИ НАБАВКИ ПО ЕЛЕКТРОНСКИ ПАТ - КОНЦЕПТ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ДОВЕРБАТА И ТРАНСПАРЕНТНОСТА ВО ЦЕЛИОТ СИСТЕМ, СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА НОВИНИТЕ ВО НАЦРТ-ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

21.06.2018 (Семинар)
СОВРЕМЕНИ ТРАНСПОРТНИ ЛОГИСТИЧКИ СИСТЕМИ И РЕШЕНИЈА

28.06.2018 (Семинар)
Предвиденост на надомест на штета во Законот за работни односи, видови надомест на штета, обврска на работодавачите за обезбедување безбедни услови за работа, покренување на прекршочна постапка против работодавач и постапка по жалба

03.07.2018 (Семинар)
ВОВЕД ВО ISO 37001:2017 СИСТЕМ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО БОРБА ПРОТИВ КОРУПЦИЈА

05.07.2018 (Советување)
КРШЕЊЕТО НА РАБОТНИОТ РЕД И ДИСЦИПЛИНА ИЛИ РАБОТНИТЕ ОБВРСКИ КАКО ПРЕДУСЛОВ ЗА ОТКАЗ

07.11.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби ЈИЕ ИТ САМИТ 7-9 ноември 2018 Нови Сад, Србија

Бизнис-настани

14.02.2018 - 14.02.2018


Инфо сесија Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат,  Македонија

,,РЕФОРМИ ВО ЈАВНИТЕ НАБАВКИ СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА НАЦРТ ТЕКСТОТ НА ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ“


ПОКАНА

 ИНФО СЕСИЈА на ТЕМА:
,,РЕФОРМИ ВО ЈАВНИТЕ НАБАВКИ СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА НАЦРТ ТЕКСТОТ НА ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ“
14 февруари 2018 година (среда)
Стопанска комора на Македонија,  сала 4 на 5-ти кат
11:00-14:30 часот

 

       Почитувани,

       Преку Проектот на УСАИД: „ПАРТНЕРСТВО ЗА ПОДОБРА БИЗНИС РЕГУЛАТИВА” во соработка со Министерството за финансии и Бирото за јавни набавки на Република Македонија, се организира информативниот настан на тема: ,,РЕФОРМИ ВО ЈАВНИТЕ НАБАВКИ СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА НАЦРТ ТЕКСТОТ НА ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ“.

        Информативниот настан ќе биде спроведен од страна на Стопанската комора на Македонија, Стопанската комора на Северозападна Македонија, Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ), Сојузот на стопански комори на Македонија и ЕПИ Центар Интернационал, партнери во Проектот на УСАИД: „ПАРТНЕРСТВО ЗА ПОДОБРА БИЗНИС РЕГУЛАТИВА“.

         Целта на настанот е информирање на претпријатијата во Република Македонија за измените на законската регулатива од областа на јавните набавки и дискусија околу нивните предлози за можни подобрувања. Наменето е за сите микро, мали и средни претпријатија кои се соочуваат со тешкотии во имплементирањето на самите закони.

         Информативниот настан на тема: ,,РЕФОРМИ ВО ЈАВНИТЕ НАБАВКИ СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА НАЦРТ ТЕКСТОТ НА ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ“ ќе се одржи на 14 Февруари 2018 година (среда), со почеток  во 11:00 часот, во Стопанска комора на Македонија, Скопје.

          На настанот е предвидено и присуство на Министерот за финансии, д-р Драган Тевдовски, Директорот на Бирото за јавни набавки како и претставници од канцеларијата на УСАИД и други претставници од институциите.

         Предавач на информативниот настан на тема: ,,РЕФОРМИ ВО ЈАВНИТЕ НАБАВКИ СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА НАЦРТ ТЕКСТОТ НА ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ“ e д-р Анета Данева Мострова, експерт за јавни набавки, која почетоците на своето професионално искуство ги започнува во Агенцијата  за приватизација на РМ, од каде што била ангажирана и како советник во Министерство за економија, за формирање на Агенцијата за странски инвестиции. Била поранешен директор на тогаш ново формираното Биро за Јавни набавки, кога е и претседател на работната група за усогласување на македонското со европското  законодавство, а последните десетина години е адвокат во својата адвокатска канцеларија и работи во делот на правна заштита на правата на економските оператори. Магистрирала и докторирала во областа Јавни набавки, Воедно е и активен предавач од областа на Јавните набавки и Законот за кривична постапка.

         Свое обраќање на настанот ќе има и г-дин Marian Lemke, претставник на СИГМА, кој ќе ги презентира европските директиви во областа на јавните набавки. СИГМА претставува заедничка иницијатива на ЕУ и на ОЕЦД, главно финансирана од ЕУ, која им помага на земјите од регионот во подобрување на јавното управување. Јавните набавки се област каде СИГМА е исклучително активна. Во Република Македонија СИГМА е вклучена во иницијативите за реформа на системот на јавните набавки повеќе од 15 години.

           Ве молиме, Вашето присуство да го потврдите најдоцна до 13 февруари 2018 година (вторник) на  е-адресата: ivana@mchamber.mk, тел: 02/3 244-051. 

Во прилог:

Агенда за настанот и
Нацрт Законот за јавни набавки

 

 


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт адреса :
Стопанската комора на Македонија
ул. Димитрие Чуповски, 13
1000 Скопје
Контакт: Ивана Крстевска
Тел: ++ 389 2 3244051 Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: ivana@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права