19.10.2018 (Семинар)
СТЕКНУВАЊЕ БЕЗ ОСНОВ КАКО ПРАВНА ПОСЛЕДИЦА ОД РЕАЛИЗАЦИЈА НА ДОГОВОРИТЕ ОБЕЗБЕДЕНИ СО ЗАЛОЖНО ПРАВО

25.10.2018 (Семинар)
НАМАЛУВАЊЕ НА ВКУПНИ ТРОШОЦИ ОД БОЛЕДУВАЊЕ, ПРИЧИНИ ЗА КОНТИНУИРАНО ОТСУСТВО ОД РАБОТА

26.10.2018 (Семинар)
УПРАВНИ ПОСТАПКИ ПРЕДВИДЕНИ ВО ЗАКОН ЗА МИНЕРАЛНИ СУРОВИНИ, РОКОВИ ЗА ПОСТАПУВАЊЕ И ПРАВНА ЗАШТИТА

29.10.2018 (Семинар)
АДМИНИСТРАТИВНО УПРАВУВАЊЕ, ВОДЕЊЕ ДЕЛОВНА КОРЕСПОДЕНЦИЈА И ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ

31.10.2018 (Семинар)
ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ЕСЈН И ЗАДОЛЖИТЕЛНО КОРИСТЕЊЕ НА ЕЛЕКТРОНСКИ ЈАВНИ НАБАВКИ

31.10.2018 (Бизнис средби)
Match4Industry Business Matching Индустриски саем и бизнис средби -Коџаели, Р.Турција

31.10.2018 (Семинар)
ЕФЕКТИВЕН ПРИСТАП И КОРИСНИ АЛАТКИ ВО СОВРЕМЕНИТЕ ПРОЦЕСИ НА ПРОДАЖБА И ПРЕГОВАРАЊЕ

07.11.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби ЈИЕ ИТ САМИТ 7-9 ноември 2018 Нови Сад, Србија

29.11.2018 (Конференција)
Меѓународната конференција за текстил за градежништво, медицина и здравствена заштита, машини за текстил и нови технологии и деловни средби, 29-30 ноември 2018 година, Ахен, Германија

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

04.10.2018


Актуелно  

БИЗНИС ФОРУМ: „DOING BUSINESS WITH FINLAND“


Во насока на претставување на можностите за соработка и директни поврзувања на компании од Република Македонија со компании од Република Финска, како и со останатите скандинавски земји, а со цел унапредување и интензивирање на економската соработка, Стопанската комора на Македонија,  во соработка со Амбасадата на Република Финска во Република Србија и „Finnpartnership“, организираше Бизнис форум на тема:  „Doing Business with Finland“.
Во своето поздравно обраќање, Антони Пешев, претседавач на Собранието на Стопанската комора на Македонија, истакна дека ова е прв настан од ваков вид кој Стопанската комора на Македонија го организира во соработка со Амбасадата на Република Финска, наменет пред се` за развивање на соработката со компаниите од  информатичко-комуникациските технологии, прехранбената индустрија, металната индустрија, но и во делот на третирање на отпадот, каде македонскиот модел е поставен во согласност со скандинавскиот.


-Финска е една од водечките земји во светот со диверзифицирано и развиено индустриско портфолио, а позната е и по успешните деловни релации кои ги развива како на скандинавскиот и на европскиот пазар, така и на светскиот. Наше очекување е дека на овој денешен бизнис форум, организиран со поддршка на „Finnpartnership“, покрај презентацијата на бизнис климата во Република Финска, ќе се детектираат можностите за соработка со финските компании на повеќе полиња, од компании коишто веќе го познаваат македонскиот пазар и се спремни за проширување на деловните активности. Постоењето на солидна правна рамка меѓу двете земји која ги вклучува договорите за поттикнување и заштита на инвестиции, за одбегнување на двојното оданочување по однос на данокот од доход, а кои се на сила повеќе од 15 години, согласно ниското ниво на досегашна соработка е јасен сигнал дека не се целосно искористени можностите и потребно е многу повеќе да се работи, па и преку коморите на двете земји, за директно запознавање на бизнис можностите кои им стојат на располагање на стопанствениците, - додаде Пешев.
Министерот за економија во Владата на РМ, м-р Крешник Бектеши, во своето обраќање истакна дека оваа иницијатива за продлабочување на соработката меѓу Република Македонија и Република Финска е од големо значење за поттикнување на нови форми на соработка и зголемување на целокупната трговска и економска размена меѓу двете земји. - Постои голем простор за подобрување на соработката, со оглед на фактот што вкупната трговска размена меѓу двете земји е со релативно мал обем и во периодот 2015–2017 година се движи меѓу 9,1 и 16,8 милиони евра, додека кај инвестициите во периодот од 1997-2017 година е регистриран прилив од  Република Финска во износ од 1,4 милиони евра, што претставува 0,03 проценти во однос на вкупните странски директни инвестиции во Македонија, - додаде Бектеши. Тој посочи дека Финска е земја од којашто можат да се преземат добрите практики не само во бизнис секторот, туку и во социо-економскиот сегмент со посебен акцент на образовниот систем.


Амбасадорот на Република Финска во Република Србија, задолжен за Република Македонија и Република Црна Гора, Н.Е. Перти Иконен, истакна дека соработката меѓу двете земји е на незадоволително ниво, но дека со приближувањето на Македонија кон ЕУ, сѐ повеќе ќе се зголемува нејзината економска соработка со сите земји-членки на Унијата. - Со приближувањето на Македонија кон ЕУ, се приближуваме сите ние, - изјави Иконен. Тој исто така додаде дека во Република Македонија постои голем потенцијал за продлабочување на соработката со Финска, но и со останатите нордиски земји. Република Македонија во последните години бележи голем раст во  развивањето на дигитализацијата и напредните технологии, за што Финска може да послужи како одличен пример, но и како партнер за идна имплантацијата на истите.
-Почестата комуникација и организирањето деловни настани помеѓу деловните субјекти од Македонија и од Финска, треба да создадат предуслови за поттикнување и продлабочување на економската и трговската соработка помеѓу двете земји, - истакна Светозар Јаневски, почесен конзул на Република Финска во Република Македонија. Тој во своето обраќање додаде дека е потребно македонските компании да бидат пофокусирани и сконцентрирани кон целта за освојување на финскиот пазар, преку следење на трендовите и имплементација на иновативни решенија коишто ќе влеат од една страна доверба кај финските партнери, но ќе создадат и можности за присуство на пазарите на останатите нордиски земји.
По официјалниот дел, Патрик Бредбадцка, програмски директор на „Finnpartnersip“ и „Finfund“, со својата детална презентација ја претстави бизнис климата во Република Финска, „on-line“-алатките што ги нуди „Finnpartnership“ за сите македонски компании заинтересирани за соработка со фински компании, како и профилите на финските компании коишто веќе го истражиле македонскиот пазар, препознале потенцијал  и изразиле интерес за соработка со компании од Република Македонија.
На настанот присуствуваа повеќе од 40 претставници на македонски компании, кои што воедно имаа можност да се претстават пред присутните претставници од Финска и да остварат контакти во насока на понатамошна соработка.

Вкупната надворешно-трговска размена на Македонија со Финска за седумте месеци од тековнава година изнесува околу 12 милиони САД $, со раст од 65% споредено со истиот период од 2017 година. Извозот изнесува 667 илјади САД $, кај кој се забележува пад од околу 5%, додека за компарираниот период во споредба со истиот лани, увозот од Финска пораснал за скоро 73%, при што се увезени стоки во вредност од 11,3 милиони САД $.
Во вкупната надворешно-трговска размена на двете земји, во седумте месеци од годинава, остварен е трговски дефицит од 10,6 милиони САД $, при што Финска е 48-ми трговски партнер во надворешно-трговската размена на Република Македонија. 
Во структурата на извозот најзастапени се: производи од земјоделството и текстилната индустрија, но со веќе започнатата индустриска диверзификација и зголемена продуктивност на македонското стопанство се отвора една опсежна палета на производи од другите гранки, како прехранбената и металната индустрија, како и информатичко-комуникациските технологии, за што впрочем и е наменет овој настан.
Кај увозот најмногу доминираат градежните производи, производите од хемиската, металната и електроиндустријата.
 
м-р Сања Николова











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права