ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Средби, Семинар, Обука, Настан
   
19.06.2019
Семинар
НАПРЕДНО КОРИСТЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА MICROSOFT EXCEL
Стопанска комора на Македонија, Македонија

Еднодневен семинар:

НАПРЕДНО КОРИСТЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА MICROSOFT EXCEL

19.06.2019 година (среда)
10:00 – 15:30 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

          Многу организации и поединци во својата секојдневна работа го користат Excel, но повеќето корисници не употребуваат дури 95% од неговите функции со што губат од својата ефикасност, односно не го користат времето кое им е на располагање на вистински начин. Excel претставува моќна алатка во аналитичките процеси чии резултати можат да се употребат за донесување на многу значајни деловни одлуки од каде и произлегува потребата за подлабоко запознавање со оваа програма за табеларно пресметување.  

          Овој семинар има за цел учесниците да стекнат понапредни вештини и знаења во Excel – да се запознаат со користењето на многубројните напредни опции кои ги нуди оваа програма, а потоа и стекнатите знаење да ги применат на своето работно место. Резултатот ќе бидат извештаи, табели и графикони кои резултатите од работата ќе ги прикажат на еден модерен и разбирлив начин.

          Семинарот е наменет за претприемачи, искусни менаџери и раководители на тимови со цел да ги комплетираат и осовременат своите вештини, за лица кои се занимаваат со напредна калкулација на трошоци и обработка на податоци, за сите оние кои сакаат да ги унапредат своите аналитички способности во насока на донесување правилни одлуки или едноставно кажано семинарот е наменет за секој кој веќе имал прилика да се запознае со основите на користењето на Excel, а има желба или потреба стекнатите знаења да ги подигне на едно повисоко ниво. Основен услов е учесникот да има познавања од работа со компјутер, со посебен акцент на основното користење на програмата Excel.

НАПОМЕНА: ЗАРАДИ ПРАКТИЧНИОТ КАРАКТЕР НА ОБУКАТА, ПОТРЕБНО Е СЕКОЈ УЧЕСНИК ДА ПОНЕСЕ СО СЕБЕ ЛАП-ТОП КОМПЈУТЕР.


Теми кои ќе бидат опфатени на семинарот:

• Ќелии, работни листови и податоци;
• Напредно користење на формули и елементи на формули;
• Визуелизација на податоците преку графикони;
• Вреднување и надзор;
• Пивот табели;
• Соработничко уредување;
• Заштита и сигурност;
• Вреднување и надзор;
• Соработничко уредување;
• Заштита и сигурност.

По завршување на семинарот, учесниците ќе бидат во можност да:

• Работат со именувани ќелии;
• Користат различни техники за внесување податоци;
• Работат со повеќе / поголеми листови;
• Работат со формули и функции на понапредно ниво;
• Работат со валидација и заштита на податоци;
• Работат со линкови и хиперврски меѓу листови и документи;
• Визуализираат податоци со графикони и да ги менуваат;
• Сортираат и филтрираат табели;
• Користат пивот табели;
• Користат соработничко уредување.

Придобивките на компаниите и организациите од примената:

• Генерирање квалитетни работни вештини;
• Олеснета деловна администрација;
• Ефикасно користење на работното време.

Предавач:

Ирина Иванова, дипломиран инженер и професор по информатика веќе 18 години. Обучувач во областа на ИТ. Активно е вклучена во проекти финансирани од ЕУ, УСАИД и Британски Совет како експерт и обучувач. Воедно е  ETwinning и Scientix амбасадор за Македонија. Учесник е на бројни конференции, но и автор на прирачници за основно и учебници за средно образование. 

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
- работен материјал;
- ручeк и освежување;
- сертификат за присуство на семинарот.

Рок за пријавување: 13.6.2019 година.


Агенда на настанот Пријавен лист Пријави се електронски

Контакт лице:
Анита Митревска
Телефон: ++ 389 2 3244057
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: anita@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Контакт лице:
Михајло Донев
Телефон: ++ 389 2 3244056
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: Mihajlo@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје