Бизнис-настани

20.02.2018 - 20.02.2018


Тренинг обука Стопанска комора на Македонија,  Македонија

Еднодневна обука на тема:УСОГЛАСУВАЊЕ СО НОВАТА ЕВРОПСКА РЕГУЛАТИВА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ (GDPR)


Еднодневна обука на тема:

УСОГЛАСУВАЊЕ СО НОВАТА ЕВРОПСКА РЕГУЛАТИВА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ (GDPR)

20.02.2018 година (вторник)
10.00-15:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат


Стопанската комора на Македонија, на 20.02.2018 година организира еднодневна обука за усогласување со  новата европска регулатива за заштита на лични податоци (GDPR).

Дали новата регулатива (GDPR) ќе влијае врз работата на мојата компанија?

GDPR е европска регулатива за заштита на лични податоци, a се однесува и на компании од земји кои не се членки на ЕУ кои имаат економски активности со физички или правни лица на ЕУ, доколку тие:
(i) нудат производи или услуги и за резиденти на ЕУ, или
(ii) го следат преку интернет или на друг начин, однесувањето на жителите на ЕУ, или
(iii) имаат вработени резиденти на ЕУ.

Со други зборови, сите компании кои имаат допир со лични податоци на резиденти на ЕУ треба во работењето да се усогласат со регулативата.

Што се „Лични податоци‘‘ согласно со GDPR?

Лични податоци се информации преку кои може да се идентификува или препознае физичко лице, како што се:
 -лично име, идентификациски број, податоци за локација, идентификатор на интернет, или
 -една или повеќе информации специфични за физичкиот, физиолошкиот, менталниот, економскиот, културниот или социјалниот идентитет на тоа лице.
Во пракса тоа би значело дека регулатива под лични податоци подразбираат име, e-адреса, телефонски број, IP адреса, податоци за географска локација, членство во синдикат, пол, раса, здравствена состојба, слики, видеа, постови на социјалните медиуми и многу други податоци кои можат директно или индиректно со помош на новите технологии да доведат до идентификација на лицето.

Кои се казните и какви се последиците?

GDPR утврдува нови максимални казни од 20 милиони евра или четири проценти од прометот во светски рамки на претпријатието за неусогласеност со GDPR, што во основа ги менува потенцијалните финансиски последици од неусогласување на работењето со GDPR. Казните се помала грижа, затоа што влијанието врз репутацијата може да биде многу големо, од причини што компанијата има обврска да ги извести сите клиенти дека  недозволено е допрено до нивните податоци.

Што прават другите компании ?

На прагот на новата европска законска регулатива за заштита на лични податоци (GDPR), статистиката вели дека фирмите се во најголем дел неподготвени или делумно подготвени поради слабата информираност и обидите да се скратат трошоците.

Која е целта на обуката ?

Оваа обука има за цел да ги запознае фирмите со основните начела на GDPR и да им помогне во креирање на стратегија за подготовка и усогласеност со истата, да ги подготви за патеката на усогласеност која мора да се изоди. Учесниците на работилницата ќе имаат можност да се запознаат со функционалните и техничките побарувања презентирани од м-р Мане Пиперевски, најдобриот експерт и лидер за Сајбер безбедност во Македонија и пошироко. Запознавањето со GDPR и практичните примери ќе бидат презентирани од страната на бизнисот во очите на законската регулатива од страна на Горан Велески, бизнис аналитичар кој има за цел да изгради мост помеѓу бизнисот и безбедноста на личните податоци.

За кого е наменета обуката?

Обуката е наменета за ИТ-менаџери, менаџер на правна служба,  менаџери за човечки ресурси, одговорни лица за заштита на лични податоци, менаџерите за маркетинг, како и менаџери за управување со ризици. 
Предзнаења не се потребни.

Кои се средствата за заштита согласно GDPR?

Под средства за заштита на личните податоци се наложува компаниите да имаат преземено технички и организациски мерки за заштита, при што голем акцент на GDPR е даден на “State of The Art” техничките средства за заштита. На обуката ќе се посочи и ќе се разјасни дилемата за овој тип па мерки за заштита и воедно ќе се дадат конкретни насоки за брза и лесна усогласеност по оваа мерка.

ПРОГРАМА:

1. Основите на GDPR:
-Преглед и основно запознавање со законската регулатива со фокус на клучните елементи, обврски кои произлегуваат, санкции и средства за заштита.
2. Усогласување со GDPR:
-Иницијални чекори и методи на пристап кон патеката на усогласеност со законската регулатива.
3. Модели на усогласеност:
-Преглед на моделите кои постојат за постигнување на усогласеност во кои компаниите лесно ќе се препознаат и ќе дефинираат модел за нив.
4. Конструкција на трошоци за усогласеност:
-Во поглед на типовите на модели постојат и типови на трошоци со посебен пристап на нивна конструкција. Предлог-планирање на буџет за GDPR усогласеност.

Предавачи:

- Мане Пиперевски, искусен експерт за информатичка технологија со долгогодишно искуство во безбедноста на информациите. Повеќе од 15 години во ИТ-индустријата и 10 години искуство во областа на информатичката безбедност и заштитата на личните податоци. Со широчина на технолошки вештини, вклучувајќи мрежи, оперативни системи, бази на податоци и развој на апликации, Мане Пиперевски обезбедува ИТ-ревизорски консултантски услуги, пенетрационо тестирање и ИТ-форензички услуги во разни индустриски сектори, како што се банкарството, услугите за електронско плаќање, транспортот, компаниите за развој на софтвер, пензиското и инвалидското осигурување и државните судови. Како искусен тренер и инструктор Мане Пиперевски има спроведено часови за обука за ИТ-безбедност и Microsoft Products за повеќе од 500 меѓународни експерти во ЕУ. Тој е редовен говорник на меѓународни безбедносни конференции и настани во заедницата, како и лидер и основач на Македонското поглавје на OWASP.
- Горан Велески, дипломиран економист по менаџмент и експерт за деловна анализа и развој на бизнис, со работно искуство во меѓународните прописи за заштита на податоци за приспособување на деловните барања и усогласување со прописите. Горан Велевски има искуство со моделите за проток на деловни податоци и визуелизирање на податоци од информативен систем, со што им помога на претпријатијата да постигнат подобри перформанси и да ги решат нивните проблеми.

   
   За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
- работен материјал;
- сертификат за присуство на семинарот. 

  Рок за пријавување: 15.02.2018 година.


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова
Тел: ++ 389 2 3244074
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Анита Митревска
Тел: ++ 389 2 3244057
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: anita@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права