Бизнис-настани

27.03.2018 - 27.03.2018


Конференција Скопје,  Македонија

КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ФАКТОРИНГ КАКО ФИНАНСИСКО РЕШЕНИЕ КОЕ ОВОЗМОЖУВА РАСТ НА МАЛИ И СРЕДНИ ПРЕПРИЈАТИЈА- 27.03.2018 Скопје


 

КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ФАКТОРИНГ КАКО ФИНАНСИСКО РЕШЕНИЕ КОЕ ОВОЗМОЖУВА РАСТ НА МАЛИ И СРЕДНИ ПРЕПРИЈАТИЈА

Вторник, 27-ми март, 2018 година
Стопанска комора на Македонија
Кат 5, Сала 4

Почитувани,

     Проектот на УСАИД за факторинг во соработка со Стопанската комора на Македонија, Ве поканува да бидете дел од Конференцијата Факторинг како финансиско решение кое овозможува раст на мали и средни претпријатија, којашто ќе се одржи во вторник, на 27-ми март 2018 година во просториите на Стопанската комора на Македонија.

     Проектот за факторинг е тригодишен проект, кој започна во октомври 2017 година, а неговата цел е зголемување на конкурентноста и проширување на пазарните можности на малите и средни претпријатија во Македонија преку едукација и информирање за пристап и користење на алтернативни извори на финансирање. Факторингот, како алтернативен извор на финансирање го помага растот на претпријатијата преку обезбедување брз пристап до финансиски средства, подобрување на готовинскиот тек на фирмите и поефикасно развивање на истите.

     Проектот за факторинг обезбедува техничка помош и имплементира низа активности преку три главни компоненти:
● Подигнување на свеста и знаењето на малите и средни претпријатија за алтернативните финансиски можности;
● Имплементација на правната регулатива за факторинг;
● Финансиска едукација на малите и средни претпријатија.

     Проектот за факторинг работи непосредно со деловните, професионалните и финансиските здруженија, вклучувајќи ги и правните и регулаторните институции, организациите за развој на бизниси, како и медиумските здруженија.

     За подетално запознавање со проектот и проектните активности во наредниот период, Ве покануваме да бидете дел од Конференцијата, којашто ќе се одржи во вторник, на 27-ми март, 2018 г. со почеток во 10:45 часот, во просториите на Стопанската комора на Македонија (кат 5, сала 4).


     Ве молиме Вашето учество да го пријавите најдоцна до петок, 23-ти март, 2018 г., кај лицето за контакт: м-р Сања Николова, на тел: +389 2 3244 091 или на e-mail: sanja@mchamber.mk.


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт адреса :
Стопанската комора на Македонија
ул. Димитрие Чуповски, 13
1000 Скопје
Контакт: Стево Серафимов
Тел: (02) 3244000 Факс:(02) 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: ic@ic.mchamber.org.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права