15.02.2019 (Семинар)
Право на годишен одмор како уставна категорија; права на работниците во случај на неискористување на годишниот одмор

19.02.2019 (Тренинг обука)
ОБУКА НА СТРУЧЕН И ДРУГ КАДАР (МЕНТОРИ) ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ ПРАКТИЧНА ОБУКА КАЈ РАБОТОДАВАЧИТЕ

21.02.2019 (Семинар)
НОВ ЗАКОН ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

22.02.2019 (Семинар)
Еднодневен семинар: СИСТЕМАТИЗИРАЊЕ НА РАБОТНИ МЕСТА - ЕФИКАСНА КОМУНИКАЦИЈА ВНАТРЕ ВО КОМПАНИЈАТА И МОТИВАЦИЈА НА ВРАБОТЕНИТЕ -

25.02.2019 (Работилница)
Правна заштита на правните субјекти преку правилно утврдување и уредно исполнување на договорните обврски во домашниот и во надворешниот промет

26.02.2019 (Семинар)
УПРАВУВАЊЕ СО ПРОИЗВОДСТВОТО

26.02.2019 (Семинар)
ОСНОВНИ ПРИНЦИПИ НА ЕРГОНОМИЈАТА И НЕЈЗИНАТА УЛОГА ВО БЕЗБЕДНОСТА И ЗДРАВЈЕТО НА РАБОТНИЦИТЕ

27.02.2019 (Тренинг обука)
ПОДОБРУВАЊЕ НА ОРГАНИЗАЦИСКАТА УСПЕШНОСТ ПРЕКУ ПОДОБРУВАЊЕ НА ОРГАНИЗАЦИСКАТА КОМУНИКАЦИЈА

28.02.2019 (Семинар)
ЗАТВОРАЊЕ НА ПОБАРУВАЊА - ИСПОЛНУВАЊЕ, КОМПЕНЗАЦИЈА, ОТПУШТАЊЕ ДОЛГ, НОВАЦИЈА, ЗАСТАРЕНОСТ, ЦЕСИЈА, ЗАСМЕТУВАЊЕ НА ИСПОЛНУВАЊЕ, ДОГОВОР ЗА ФАКТОРИНГ

03.03.2019 (Советување)
ГРАДЕЊЕ СИЛНИ ОРГАНИЗАЦИСКИ ТИМОВИ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ПРЕДИЗВИЦИ НА РАБОТНОТО МЕСТО

12.03.2019 (Семинар)
НОВ ЗАКОН ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ - НОВИ ПРАВИЛА ЗА УЧЕСТВО ВО ЈАВНИТЕ НАБАВКИ

15.03.2019 (Академија)
АКАДЕМИЈА ЗА ПРОДАЖНИ ВЕШТИНИ -SALES ACADEMY-

21.03.2019 (Семинар)
УПРАВУВАЊЕ СО ОПАСНИ МАТЕРИИ И ОПАСЕН ОТПАД, СОБИРАЊЕ И ОТСТРАНУВАЊЕ, СКЛАДИРАЊЕ И ДЕПОНИРАЊЕ, РЕЦИКЛИРАЊЕ, ГОРЕЊЕ, КРИТИЧКИ ТОЧКИ И „CASE STUDY“

01.04.2019 (Бизнис средби)
БИЗНИС СРЕДБИ ВО ХАНОВЕР, СР ГЕРМАНИЈА, ОД 1 ДО 4 АПРИЛ 2019 ГОДИНА

11.04.2019 (Бизнис средби)
Mеѓународни деловни средби за стартап, мали и средни компании од Источна Европа во Диселдорф, Германија

Бизнис-настани

14.02.2019 - 14.02.2019


Семинар Стопанска комора на Македонија, сала 1, 5-ти кат,  Македонија

Еднодневен семинар:DATA MINING КОНЦЕПТИ И ТЕХНИКИ КАКО ОСНОВА НА БИЗНИС АНАЛИЗА


Еднодневен семинар:

DATA MINING КОНЦЕПТИ И ТЕХНИКИ КАКО ОСНОВА
НА БИЗНИС АНАЛИЗА

- РАЗБИРАЊЕ НА БАЗИ НА ПОДАТОЦИ, ИДЕНТИФИКАЦИЈА  И КЛАСИФИКАЦИЈА  НА СЕТОВИ НА ПОДАТОЦИ,  БИЗНИС АНАЛИЗА НА КЛАСТЕРИ НА ПОДАТОЦИ -

14.02.2019 година (четврток)
10:00 – 15:30 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

Овој семинар го објаснува значењето на податоците и нивното користење за  носење  квалитетни бизнис одлуки. Наменет е за претставници на бизнис заедницата кои директно или индиректно се вклучени во процесите на бизнис анализите и носењето на деловни одлуки. На еднодневниот семинар учесниците ќе добијат подлабоко разбирање за data mining, бази на податоци, идентификација и класификација на сетови на податоци, бизнис анализа на кластери на податоци. Идентификувањето на сеопфатни и квалитетни бази на податоци и практикувањето подготовка на анализи е дел од бизнис културата на развиените компании. Особено е важно користењето на релевантни економски податоци на патот за зголемување на конкурентноста.

Прашања кои ќе бидат одговорени за време на семинарот:

- Што е data mining?
- Концепти и техники на data mining?
- Пристап до бази на податоци;
- Потреба од класифицирање на податоците;
- Што е тоа кластер анализа?
- Основи на бизнис анализа.

Програма:

- Разбирање на data mining и неговите основи;
- Како функционира data mining;
- Концепти и техники на data mining;
- Таргетирање на потребните бази на податоци;
- Класификација на податоци;
- Кластер анализа;
- Основи на бизнис анализа.

Придобивките на компаниите и организациите кои применуваат data mining:

- Подобрување на знаењата за расположиви бази на податоци;
- Подобрување на знаењата за процесот на селекција на потребните податоци од 
  големи сетови на податоци;
- Запознавање со концептите и техниките на data mining;
- Запознавање со техниките на класификација на податоците согласно потребите
  за дефинирана бизнис анализа;
 - Запознавање со значењето на подготовка на кластери на податоците потребни 
   за бизнис анализа;
- Подготовка на бизнис анализи и запознавање со тековните предности во 
  дејноста на економска активност;
- Подобро планирање и носење одлуки на база на бизнис анализи подготвени 
  согласно добрите практики.

Предавач:

-Благица Новковска, експерт, професор и истражувач. Повеќе од 25 години работела во официјалната статистика, од кои 10 години како директор на Државниот завод за статистика.
На академско ниво, Новковска е доктор на економски науки (докторирала на тема  ,,Застапеност и мерење на сивата економија во Република Македонија,,) и доцент по група предмети од областа на економските науки на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје. 
Како експерт во областа на статистиката, економијата и социјалната политика учествувала во подготовката на многу национални, регионални и меѓународни извештаи, стратешки документи и анализи. Била ангажирана од страна на: ММФ, Светската банка, МОТ (Меѓународната организација на трудот), ЕУРОСТАТ, УНЕЦЕ, во многу проектни активности во различни земји: Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, ДР Конго, Гана. Како експерт за „сива“ економија, пазар на труд, одржлив развој, регионален развој,  сиромаштија и макроекономски анализи била учесник во многу проекти финансирани од ЕУ. Автор  е на еден универзитетски учебник и на околу 50 научни трудови.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
- работен материјал;
- ручeк и освежување;
- сертификат за присуство на семинарот.

Последен  рок за пријавување: 8 февруари 2019 година.


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Анита Митревска
Тел: ++ 389 2 3244057
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: anita@mchamber.mk

Контакт: Михајло Донев
Тел: ++ 389 2 3244067
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: mihajlo@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права