Семинар 28.02.2020 ПРОФЕСИОНАЛНА ДЕЛОВНА КОМУНИКАЦИЈА – ПРОТОКОЛ МЕНАЏМЕНТ

Стопанска комора на Македонија


   

Еднодневен семинар:

ПРОФЕСИОНАЛНА ДЕЛОВНА КОМУНИКАЦИЈА – ПРОТОКОЛ МЕНАЏМЕНТ

28.2.2020  година(петок)
10:00 – 15:30 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат


Работодавачите обично ја наведуваат комуникацијата како една од најважните вештини што ја бараат од кандидатите за работа. Професионалната комуникација во поголема или помала мера е присутна во сите активности на современиот деловен човек. Ефикасната деловна комуникација е од суштинско значење за креирање и одржување на успешна компанија, и не може да се изведе без ефективна комуникација која е регулирана со одредени правила и норми.

Целта на овој семинар е учесниците да се стекнат со информации кои ќе им помогнат да осознаат како се воспоставува и одржува ефективна соработка во работно опкружување преку остварување на ефективна комуникација, да се во можност да го препознаат и да го оценат деловно опкружување што се развива брзо и во кое комуникациските вештини се од суштинско значење. Овој семинар нуди можност за подобрување на сопствените вештини во областа на зборувањето, слушањето, читањето и составувањето текст.

Со оглед на тоа дека компаниите и поединците имаат се поголема потреба од регулирање и усовршување на комуникацијата внатре во самата компанија, но и надвор од неа при преговарање со клиенти, овој семинар има за цел да се унапредат комуникациските вештини во деловното опкружување со акцент на подобрување на личната комуникација, меѓучовечките односи и подобрување на реализацијата во однос на справување со секакви клиенти и соработници.

Семинарот ќе помогне:

- Да се разберат различните видови на комуникација;
- Да се осознаат комуникациските стилови и ставови;
- Да се разберат начините за активно и постојано слушање;
- Да се пронајдат пречките во комуникацијата;
- Да се дознае за вербалната наспроти невербалната комуникација;
- Да се дознае што се разликите помеѓу официјалната и неофицијалната комуникација;
- Да се дознае како да се оствари пишана комуникација;
- Да се осознаат елементите за организрање на настани;
- Како до избор на правилен настан;
- Да се разбере потребата од планирање на работното време како и делегирање на обврските.


Придобивки на компаниите:

- Поголем број на задоволни вработени и клиенти;
- Разбирање на различните стилови на комуникација;
- Зголемување на преговарачката моќ кон клиентите;
- Ефикасно користење на работното време и правилно распоредување на обврските.


Предавач:

- проф. д-р Гордана Петрушевска, експерт и менаџер. Д-р Петрушевска своите магистерски студии ги завршува во 2003 година, на Шефилд Универзитетот во Солун, на тема: „Тимско работење и активности за организрање успешни проекти“. Своите докторски студии ги завршува на Универзитетот за Мир на Обединетите нации во Белград, во 2012 година, на тема: „Позиционирање на производи во услови на криза“. На академско ниво, д-р  Петрушевска, меѓу останатите предмети, предава: Меѓународна економија, Меѓународна трговија, Развивање на нови производи, Односи со јавност итн.

Нејзиниот експертски и менаџерски сегмент го започнува на Скопски саем како организатор на домашни самски манифестации, продолжува со организација на меѓународни самески манифестации во земјата, како и организирање учество на домашните компании на меѓународни саемски манифестации. Кариерата на Скопски саем ја завршува како генерален директор, со многубројни признанија од областа на комуникациите, продажба и внатрекомпаниски односи. 

Специјализации: изготвување и спроведување на годишен план, согласно развојната концепција на компанијата, изготвување и спроведување на одделни  стратешки планови по профитни центри, изготвување предлог-маркетинг концепција за унапредување на продажбата, изготвување стратегија за подигнување на задоволството на купувачите, изготвување правилник за следење на промотивните активности и тактиките на маркетинг промовирање, изготвување интерни акти за употреба на техниките на продажба и промоција.

За сите учесници ќе биде обезбедено:
- работен материјал;
- ручeк и освежување;
- сертификат за присуство на семинарот.

Сите заинтересирани за учество на овој семинар можат да се пријават најдоцна до 25.2.2020 година.

Агенда на настанот Пријавен лист

Контакт лица:

Анита Митревска
++ 389 2 3244057

Михајло Донев
++ 389 2 3244067

Стопанска комора на Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Семинар, 28.05.2020
ISO 22301 - СООДВЕТНО РЕАГИРАЊЕ И ПОДГОТВЕНОСТ ЗА ПАНДЕМИЈА
Семинар, 03.06.2020
КАКО ДА РАЗВИЕТЕ CONTENT МАРКЕТИНГ СТРАТЕГИЈА ЗА ВРЕМЕ И ПО КОВИД-19?
Бизнис средби, 09.06.2020
Он-лине Б2Б средби на тема: „Жените и мажите во градежниот сектор во Дунавскиот регион и пошироко: Соочување со новите предизвици“
Семинар, 11.06.2020
УПРАВУВАЊЕ СО СТРЕСОТ
Семинар, 17.06.2020
ДИЗАЈН НА ЕФИКАСНА ОРГАНИЗАЦИСКА ЛОГИСТИКА
Работилница, 18.06.2020
ИНТЕРНИ МЕРКИ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ЕФЕКТИТЕ ОД ОГРАНИЧУВАЊЕТО ИЛИ ПРЕКИНОТ НА РАБОТНИОТ ПРОЦЕС
Работилница, 24.06.2020
ОНЛАЈН АЛАТКА ЗА ЕФИКАСЕН РАЗВОЈ НА ЧОВЕЧКИОТ КАПИТАЛ НА КОМПАНИИТЕ
Семинар, 26.06.2020
ОТСУСТВО ОД РАБОТА СО НАДОМЕСТОК НА ПЛАТА
Семинар, 30.06.2020
ПРАКТИЧНА ПРИМЕНА НА ЕКСЕЛ (ФОРМУЛИ, ФУНКЦИИ, ПИВОТ ТАБЕЛИ И КОНТРОЛНИ ТАБЛИ) СО ПРИМЕРИ ВО МАГАЦИНСКОТО РАБОТЕЊЕ
Конференција, 16.09.2020
КОНФЕРЕНЦИЈА И МЕЃУНАРОДНИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ - ЕЕН, 16-18 септември 2020 година, во Сараево, Босна и Херцеговина