Бизнис средби 20.02.2020 - 23.02.2020 „42. МЕЃУНАРОДЕН САЕМ ЗА ТУРИЗАМ И ДЕЛОВНИ СРЕДБИ“ - ЕЕН, 20-23 февруари 2020 година, во Белград, Србија

Белградски саем, Булевар „Војвода Мишиќ“ 14, 11 000 Белград, Србија


   

Саемот од Белград во соработка со Европската мрежа на претприемачи на Стопанската комора на Србија и Стопанската комора на Македонија, го организираат 42.Меѓународен саем за туризами деловни средби, кои ќе се одржат во периодот од 20-23 февруари 2020 година во Белград, Р Србија.

Саемот за туризам претставува една од најголемите туристички манифестации во регионот и Југоисточна Европа со над 40-годишна традиција согласно светските стандарди, градејќи партнерски однос меѓу изложувачите и посетителите.

Под слоганот „Пат под нозе‟, на изложбениот простор на Саемот ќе бидат претставени најновите трендови и случувања во меѓународната туристичка индустрија, концепти и можности за патување, како и перспективи во развојот на туризмот.

На настанот, покрај туристичките агенции, здруженија, организации, хотели, авиокомпании, тур-оператори, предвидено е да присуствуваат и:

- 900 изложувачи;

- 650 домашни изложувачи и изложувачи во рамките на програмата „ Србија на едно место”;

- 250 странски изложувачи од 50 земји;

- 12.500 деловни посетители;

- 1.000 новинари од земјите и регионот;

- 65.000 посетители.

Во рамките на тридневната манифестација ќе се одржи и:

- 16. Меѓународен саем на хотелско-угостителска опрема – „ХОРЕКА“;

- 11. Меѓународен саем на вино – „BEOWINE“ и

- 16. Меѓународен саем за сувенири „Види ја Србија”.

Сите заинтересирани учесници своето учество може да го пријават најдоцна до 18.02.2020 година (вторник), со регистрација директно на следниот линк: http://tourismfair.talkb2b.net/members/register .

Учеството на билатералните средби е бесплатно, а трошоците за патување, сместување и влезница за Саемот се на товар на учесниците.

Препорачани хотели: TourismB2B-Accomodation.pdf

Контакт лице за ЕЕН Македонија:

Ирена Мојсовска
Стопанска комора на Македонија
Телефон: 00 389 2 3244-009
E-адреса: irena@mchamber.mk
http://www.mchamber.mk

 


Контакт лица:

Ивана Крстевска
++ 389 2 3244051

Ирена Мојсовска
++ 389 2 3244009

Стопанска комора на Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Семинар, 28.05.2020
ISO 22301 - СООДВЕТНО РЕАГИРАЊЕ И ПОДГОТВЕНОСТ ЗА ПАНДЕМИЈА
Семинар, 03.06.2020
КАКО ДА РАЗВИЕТЕ CONTENT МАРКЕТИНГ СТРАТЕГИЈА ЗА ВРЕМЕ И ПО КОВИД-19?
Бизнис средби, 09.06.2020
Он-лине Б2Б средби на тема: „Жените и мажите во градежниот сектор во Дунавскиот регион и пошироко: Соочување со новите предизвици“
Семинар, 11.06.2020
УПРАВУВАЊЕ СО СТРЕСОТ
Семинар, 17.06.2020
ДИЗАЈН НА ЕФИКАСНА ОРГАНИЗАЦИСКА ЛОГИСТИКА
Работилница, 18.06.2020
ИНТЕРНИ МЕРКИ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ЕФЕКТИТЕ ОД ОГРАНИЧУВАЊЕТО ИЛИ ПРЕКИНОТ НА РАБОТНИОТ ПРОЦЕС
Работилница, 24.06.2020
ОНЛАЈН АЛАТКА ЗА ЕФИКАСЕН РАЗВОЈ НА ЧОВЕЧКИОТ КАПИТАЛ НА КОМПАНИИТЕ
Семинар, 26.06.2020
ОТСУСТВО ОД РАБОТА СО НАДОМЕСТОК НА ПЛАТА
Семинар, 30.06.2020
ПРАКТИЧНА ПРИМЕНА НА ЕКСЕЛ (ФОРМУЛИ, ФУНКЦИИ, ПИВОТ ТАБЕЛИ И КОНТРОЛНИ ТАБЛИ) СО ПРИМЕРИ ВО МАГАЦИНСКОТО РАБОТЕЊЕ
Конференција, 16.09.2020
КОНФЕРЕНЦИЈА И МЕЃУНАРОДНИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ - ЕЕН, 16-18 септември 2020 година, во Сараево, Босна и Херцеговина