15.11.2018 (Семинар)
Еднодневна работилница на тема:Попис и усогласување на состојбите со осврт на срамнување на сметководствената со фактичката состојба на средствата и изворите и преглед на даночниот третман

15.11.2018 (Семинар)
МАГАЦИНСКО РАБОТЕЊЕ ВО РАБОТНИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ

19.11.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар: Договор за вработување, договор за вработување странци, разлики помеѓу договорите за вработување домашни лица и странци

21.11.2018 (Семинар)
УПРАВУВАЊЕ СО КОНФЛИКТИ

22.11.2018 (Семинар)
СИСТЕМАТИЗАЦИЈА НА РАБОТНИ МЕСТА, ОДГОВОРНОСТИ И ОВЛАСТУВАЊА, ВРЕДНУВАЊЕ НА РАБОТЕЊЕТО И УНАПРЕДУВАЊЕ НА РАБОТАТА

23.11.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема: МЕНАЏИРАЊЕ НА ИЗВОЗОТ - СТРАТЕГИЈА И ДЕФИНИРАЊЕ НА ИЗВОЗОТ ПРЕКУ ДОДАДЕНА ВРЕДНОСТ -

23.11.2018 (Семинар)
ПРОЦЕС И ЧЕКОРИ ВО ЕТИЧКОТО ХАКИРАЊЕ

27.11.2018 (Бизнис средби)
БИЗНИС СРЕДБИ И ФОРУМ СО КОМПАНИИ ОД АГРОСЕКТОРОТ ОД БУГАРИЈА

27.11.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби и форум со компании од агро секторот од Бугарија, во Струмица, Македонија, на 27 и 28 ноември 2018 година

27.11.2018 (Семинар)
МЕНИЦА И МЕНИЧНИ ДЕЈСТВИЈА СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА ПОСЛЕДНИТЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА НОТАРИЈАТ

28.11.2018 (Советување)
ОПЕРАТИВНА ЕФИКАСНОСТ ВО АДМИНИСТРАТИВНИТЕ ПРОЦЕСИ И ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ ВО ОРГАНИЗАЦИЈАТА, АПСТЕНТИЗАМ И НАМАЛУВАЊЕ НА ТРОШОЦИТЕ КАКО ПОСЛЕДИЦА ОД ОТСУСТВО ОД РАБОТА И УПРАВУВАЊЕ СО ПРОМЕНИ СОГЛАСНО ЗАКОНСКИТЕ ОДРЕДБИ И ЗАШТИТА ПРИ РАБОТА

29.11.2018 (Семинар)
Е-МЕНАЏМЕНТ НА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ – СОВРЕМЕНИ МЕТОДИ ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

29.11.2018 (Конференција)
Меѓународната конференција за текстил за градежништво, медицина и здравствена заштита, машини за текстил и нови технологии и деловни средби, 29-30 ноември 2018 година, Ахен, Германија

30.11.2018 (Форум)
БИЗНИС ФОРУМ И БИЛАТЕРАЛНИ СРЕДБИ МЕЃУ МАКЕДОНСКИ И ГРЧКИ КОМПАНИИ- 30.11.2018 , АТИНА Р.ГРЦИЈА

30.11.2018 (Семинар)
ОДГОВОРНОСТ НА ОРГАНИ НА УПРАВУВАЊЕ НА ПРАВНО ЛИЦЕ ЗА НАДОМЕСТ НА ШТЕТА И ОБЈЕКТИВНА ОДГОВОРНОСТ НА РАБОТОДАВЕЦ ЗА НАДОМЕСТ НА ШТЕТА ОД ПОВРЕДА ПРИ РАБОТА

06.12.2018 (Конференција)
ГОДИШНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ФИНАНСИСКА СУПЕРВИЗИЈА ВО ЕУ 2018- 6.7.12.2018 БРИСЕЛ

Бизнис-настани

15.11.2018 - 15.11.2018


Семинар Стопанска комора на Македонија,  Македонија

МАГАЦИНСКО РАБОТЕЊЕ ВО РАБОТНИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ


Еднодневен семинар:

МАГАЦИНСКО РАБОТЕЊЕ ВО РАБОТНИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ


15.11.2018 година (четврток)
10:00-15:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат

 

Стопанската комора на Македонија на 15 ноември 2018 година организира еднодневен семинар на тема: МАГАЦИНСКОТО РАБОТЕЊЕ ВО РАБОТНИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ. 

Цел на семинарот: 


Запознавање на учесниците на семинарот со магацинското работење, употреба на манипулативниот простор во магацинот, процесот во магацинот – прием на стока, складирање на робата (FIFO, LIFO-методи), издавање на робата, попис на стока, реакции и барања на пазарот во врска амбалажното пакување, управување со амбалажниот отпад итн.
За кого е наменета обуката?
Обуката е наменета за сите кои на кој и да било начин се вклучени во управување на процесите на магацинското работење - раководители на магацин и магационери,  раководители на логистика, менаџери на набавка, менаџери на продажба, како и оние чии работни задачи вклучуваат логистика во организацијата (организирање набавки, магацинско работење, транспорт и сл.).

ПРОГРАМА


1. Организација на магацински простор:

 - Поим за магацин;
 - Зони во магацинот - layout магацин;
 - Анализа на местата за складирање - ABC анализа;
 - Адресирање на робата во магацинот (зони, подзони) – врска на адреса со методот на испорака – FIFO и LIFO метод;
 - Улога и функција на залихите;
 - Организација на внатрешниот транспорт.

2. Процес во магацинот:
 - Магацинско работење (складирање) – движење на документите;
 - Планирање на работната сила – шеф на магацин, магационери, останати вработени во магацин;
 - Стратешко работење vs. стратегија на магацинско работење;
 - Клучни индикатори зa успешност во магацинското работење (KPI);
 - SMART методологија за поставување KPI;
 - Примери на клучни индикатори во магацинското работење. 
 

Предавач:
- Игор Ќика, дипломиран инженер по менаџмент и консултант за  менаџерски системи според ISO 9001, ISO 14001, OHSAS 18001, SA 8000, ISO/IEC 27001.
Како извршен директор на компанијата „TQM Konsalting" ДОО во Нови Сад од 2010 година раководи со тим на консултанти во имплементација на менаџерските системи во организациите во Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина.
Воедно е акредитиран експерт од страна на RABQSA и PECB за проектирање на современи системи на безбедност на информации, континуитет во работењето, како и корпоративна безбедност (водечки оценувач за системите за безбедност – ISO 27001, ISO 22301, ISO 31000), консултант на Проектот „Изработка на анализа на влијанието на работењето и изработка на план за континуитет на работењето во Народната банка на Србија“.

Работен јазик: српски.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
-  работен материјал;
 - ручeк и освежување;
 - сертификат за присуство на семинарот. 

Последен рок за пријавување: 9.11.2018 година.


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова
Тел: ++ 389 2 3244074
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Анита Митревска
Тел: ++ 389 2 3244057
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: anita@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права