НОВА ОДЛУКА ЗА ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА ДОБРАТА И УСЛУГИТЕ КОИ ПОДЛЕЖАТ НА ПОВЛАСТЕНА СТАПКА НА ДАНОКОТ НА ДОДАДЕНА ВРЕДНОСТ, ОБЈАВЕНА ВО „СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР. 277 ОД 28 ДЕКЕМВРИ 2019 ГОДИНА



Врз основа на член 30 став (3) од Законот за данокот на додадена вредност („Службен весник на Република Македонија“ бр. 44/99, 86/99, 8/01, 21/03, 19/04, 33/06, 101/06, 114/07, 103/08, 114/09, 133/09, 95/10, 102/10, 24/11, 135/11, 155/12, 12/14, 112/14, 130/14, 15/15, 129/15, 225/15, 23/16, 189/16 и 198/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 98/19 и 124/19), Владата на Република Северна Македонија, донесе

- ОДЛУКА ЗА ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА ДОБРАТА И УСЛУГИТЕ КОИ ПОДЛЕЖАТ НА ПОВЛАСТЕНА СТАПКА НА ДАНОКОТ НА ДОДАДЕНА ВРЕДНОСТ

Со оваа одлука поблиску се определуваат добрата и услугите кои подлежат на повластена стапка на данокот на додадена вредност, согласно член 30 став 1 и 2 од Законот за данокот на додадена вредност (во натамошниот текст: Закон).

Повластената стапка на данокот на додадена вредност во смисла на член 30 од Законот се применува врз прометот и увозот на производи за човечка исхрана кои се распоредени во тарифни броеви/подброеви/ознаки/глави од Царинската тарифа наведени во оваа одлука.

Со денот на отпочнувањето на примената на оваа одлука престанува да важи Одлуката за определување на добрата и услугите кои подлежат на повластена стапка на данокот на додадена вредност („Службен весник на РМ“ бр. 102/06, 116/07, 126/07, 145/08, 41/11, 150/11, 147/12, 117/14, 31/16, 226/16 и „Службен весник на РСМ“ бр. 174/19 и 184/19).

Оваа одлука влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен  весник на Република Северна Македонија”, а се применува од 1 јануари 2020 година.

 


Контакт лице: Љупка И.Самарџиска
Телефон: ++ 389 2 3244018, M. 070 389 636
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: ljupka@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје