ОДЛУКА ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА УВОЗНИТЕ ДАВАЧКИ - ЦАРИНСКИТЕ СТАПКИ НА ОДДЕЛНИ ПРОИЗВОДИ (КОМПОНЕНТИ) ПОТРЕБНИ ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ТЕХНОЛОШКО НАПРЕДНИ ПРОИЗВОДИ, „СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР. 278 ОД 28 ДЕКЕМВРИ 2019 ГОДИНА



Врз основа на член 19 став 7 од Царинскиот закон („Службен весник на Република Македонија“ бр. 39/05, 4/08, 48/10, 158/10, 44/11, 53/11, 11/12, 171/12, 187/13, 15/15, 129/15, 154/15, 192/15, 23/16 и 144/18), Владата на Република Северна Македонија, донесе

- ОДЛУКА ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА УВОЗНИТЕ ДАВАЧКИ - ЦАРИНСКИТЕ СТАПКИ НА ОДДЕЛНИ ПРОИЗВОДИ (КОМПОНЕНТИ) ПОТРЕБНИ ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ТЕХНОЛОШКО НАПРЕДНИ ПРОИЗВОДИ

Со оваа одлука се пропишува мерка за намалување на увозните давачки - царинските стапки на одделни производи (компоненти) потребни за производство на технолошко напредни производи од тарифните ознаки 7318, 8480, 8504, 8505, 8516, 8536, 8538, 8544.

Стоките наведени во оваа одлука ќе се увезуваат заклучно со 30.6.2020 година.

Оваа одлука влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“, а ќе се применува од 1.1.2020 година.


Контакт лице: Љупка И.Самарџиска
Телефон: ++ 389 2 3244018, M. 070 389 636
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: ljupka@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје