ПРОГРАМА ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА РУРАЛНИОТ РАЗВОЈ ЗА 2020 ГОДИНА, „СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР. 278 ОД 28 ДЕКЕМВРИ 2019 ГОДИНА



Врз основа на член 30 од Законот за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 265/19) и член 7 ставови (3) и (4) од Законот за земјоделство и рурален развој („Службен весник на Република Македонија“ бр. 49/10, 53/11, 126/12, 15/13, 69/13, 106/13, 177/14, 25/15, 73/15, 83/15, 154/15, 11/16, 53/16, 120/16, 163/16, 74/17, 83/18 и 27/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 152/19 и 244/19), Владата на Република Северна Македонија, донесе

- ПРОГРАМА ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА РУРАЛНИОТ РАЗВОЈ ЗА 2020 ГОДИНА

Средствата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2020 година во вкупен износ од 1.060.000.000 денари се обезбедени согласно Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година („Службен весник на Република Северна Македонија бр. 265/19), раздел 14004 - Агенција за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој (во понатамошниот текст: Агенцијата), програма 2 - Финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, потпрограма 20 - Финансиска поддршка во земјоделството, ставка 464 - Разни трансфери во износ од 350.000.000 денари и потпрограма 2А - Финансиска поддршка на рурален развој, ставка 489 - Капитални субвенции за претпријатија и невладини организации во износ од 710.000.000 денари.


Контакт лице: Љупка И.Самарџиска
Телефон: ++ 389 2 3244018, M. 070 389 636
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: ljupka@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје