ПОДЗАКОНСКИ АКТИ НА ЗАКОНОТ ЗА АКЦИЗИТЕ, „СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР. 279 ОД 30 ДЕКЕМВРИ 2019 ГОДИНА:



I. Врз основа на член 32 став (7), член 34 став (17), член 35 став (7) и член 37 став (14) од Законот за акцизите („Службен весник на Република Северна Македонија“ број 108/2019, 143/2019 и 225/2019) министерот за финансии донесе

- ПРАВИЛНИК ЗА ДВИЖЕЊЕ НА АКЦИЗНИ ДОБРА ВО ПОСТАПКА НА АКЦИЗНО ОДЛОЖУВАЊЕ

Движењето на акцизните добра во постапка на акцизно одложување кое започнува и завршува на територијата на Република Северна Македонија согласно член 32 став (2) од Законот за акцизите се одвива преку размена на пораки во Системот за движење и контрола на акцизни добра.

Движењето на акцизните добра во постапка на акцизно одложување започнува со креирање на порака за нацрт електронски административен документ (нацрт е-АД).

Електронскиот административен документ се пополнува електронски преку Системот за движење и контрола на акцизните добра со примен на шифрите утврдени во Кодексот на шифри.

II. Врз основа на член 10 став (20), член 14 став (5), член 16 став (4), член 21 став (3), член 22 став (2), член 23 став (8), член 24 став (3), член 25 став (3), член 30 став (11), член 47 став (12), член 48 став (7), член 49 став (2), член 50 став (3), член 51 став (2), член 52 став (8), член 53 став (4), член 54 став (3), член 95 став (7), член 96 став (5), член 97 став (5), член 98 став (3), член 99 став (6), член 100 став (6), член 101 став (6), член 103 став (13), член 104 став (3), член 106 став (9), член 107 став (2), член 109 став (8), член 110 став (2), член 112 став (5), член 113 став (2) и член 114 став (18) од Законот за акцизите(*) (Службен весник на Република Северна Македонија број 108/19, 143/19 и 225/19), министерот за финансии донесе

- ПРАВИЛНИК ЗА НАЧИНОТ НА ОДАНОЧУВАЊЕ СО АКЦИЗА НА ЕНЕРГЕНТИ И ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА

Со овој правилник се пропишува начинот на оданочување со акциза на енергенти и електрична енергија.

Акцизна декларација се пополнува со користење на компјутерскиот систем на Царинската управа и се поднесува во електронска форма.

Акцизната декларација содржи податоци за идентификација на акцизниот обврзник, видот на акцизната декларација, периодот за кој се поднесува, податоци за акцизните добра и количините, податоци за акцизните складови, шифрите на акцизните дозволи и одобренија, податоци за акцизните гаранции и документите потребни за пополнување на акцизната декларација во зависност од акцизното добро.


Контакт лице: Љупка И.Самарџиска
Телефон: ++ 389 2 3244018, M. 070 389 636
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: ljupka@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје