НОВ ПРАВИЛНИК ЗА ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА ПРИЈАВАТА ЗА РЕГИСТРАЦИЈА ЗА ДАНОКОТ НА ДОДАДЕНА ВРЕДНОСТ, „СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР. 279 ОД 30 ДЕКЕМВРИ 2019 ГОДИНА



Врз основа на член 51 став (5) од Законот за данокот на додадена вредност („Службен весник на Република Македонија“ бр. 44/99, 86/99, 8/01, 21/03, 19/04, 33/06, 101/06, 114/07, 103/08, 114/09, 133/09, 95/10, 102/10, 24/11, 135/11, 155/12, 12/14, 112/14, 130/14, 15/15, 129/15, 225/15, 23/16, 189/16, 198/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 98/19, 124/19 и 275/19), министерот за финансии, донесе

- ПРАВИЛНИК ЗА ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА ПРИЈАВАТА ЗА РЕГИСТРАЦИЈА ЗА ДАНОКОТ НА ДОДАДЕНА  ВРЕДНОСТ


Пријавата за регистрација за данокот на додадена вредност се поднесува на образец ДДВ-01 во А-4 формат во бела боја. Формата и содржината на пријавата се дадени во Прилог кој е составен дел на овој правилник.

Со денот на отпочнувањето на примената на овој правилник престанува да важи Правилникот за формата и содржината на пријавата за регистрација за данокот на додадена вредност („Службен весник на Република Македонија“ бр.76/18).

Овој правилник влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“, а ќе отпочне да се применува со отпочнувањето на примената на Законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 275/19).


Контакт лице: Љупка И.Самарџиска
Телефон: ++ 389 2 3244018, M. 070 389 636
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: ljupka@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје