Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

03.12.2018


Актуелно  

СРЕДБА СО УПРАВАТА ЗА ЈАВНИ ПРИХОДИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО БИТОЛА


На 3 декември 2108 година во Регионалната комора со седиште во Битола се одржа работна средба со директорката на Управата за јавни приходи на Република Македонија, Сања Лукаревска и претставници на УЈП.

РК Битола

На работната средба пред голем број стопанственици од битолскиот регион, во име на Регионалната комора со седиште во Битола и стопанството од регионот присутните гости ги поздрави претседателот на Регионалната комора, Мирко Велковски. Тој го истакна задоволството и значењето на овој вид средби во градењето на еден поблизок  партнерски однос меѓу бизнисот и државните институции. Присутните гости ги информираше за моменталните економски текови, проблеми, предизвици и капацитети во Пелагониско-преспанскиот регион, како и идните планови за развој.

Директорката на УЈП, Сања Лукаревска, им се обрати на присутните и им се заблагодари на поканата и иницијативата од Комората за отворена дискусија со бизнис-секторот од аспектите на даночната сфера. Посебен осврт пред се` даде за  новиот Предлог-закон за личен доход, за кој истакна дека УЈП е комплетно подготвена за негова примена, потоа Предлог-законот за регистрација на готовинските плаќања, тековната регистрација во Е-ПДД системот, а се осврна и на ефектите на Законот за финансиска дисциплина и потребата од носење на ново законско решение.

РК Битола

Тимот на УЈП исто така во детали на присутните им ги претстави и конкретните измени и проектирани влијанија од примената на новиот Закон за прогресивно оданочување и законските олеснувања при донации и спонзорства за активности од јавен интерес и унапредување на спортот во државата.

Во текот на отворената дискусија со стопанствениците се отворија повеќе теми за актуелните состојби во стопанството во регионот, за предизвиците во даночната сфера и за прашања со кои се соочуваат стопанствениците од даночен аспект.

Регионалната комора со седиште во Битола и во иднина ќе излегува во пресрет на стопанството во регионот со организирање на ваков вид настани со што би придонеле за навремено и точно информирање на компаниите за сите нови законски решенија.

м-р Никола Димковски











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права