Семинар 08.07.2020 ОПТИМИЗАЦИЈА НА ВЕБ-САЈТ ЗА „ОНЛАЈН“-ПРЕБАРУВАЧИ, СО ЦЕЛ ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ВАШЕТО ПРИСУСТВО НА ИНТЕРНЕТ (SEARCH ENGINE OPTIMIZATION (SEO)

„oнлајн“-семинар 10:00-13:30

Во период на брз развој на технологијата, дигиталната трансформација на компаниите станува задолжителна. Тука спаѓа креирање на SEO-стратегија и оптимизација на Вашиот веб-сајт за пребарувачи. Знаењето како да се оптимизира Вашиот веб-сајт со цел подобро рангирање на кој било пребарувач е од есенцијална важност за равојот на Вашиот бизнис.

На овој „онлајн“-семинар ќе се стекнете со основните знаења кои Ви се потребни за оптимизирање на Вашиот компаниски веб-сајт. Ќе адресираме неколку прашања кои ќе Ви помогнат да ја формирате целосната слика за тоа што е SEO и зошто Ви е потребно, како: 
- Што се тоа кратки и долги клучни зборови? 
- Како да направите истражување на клучни зборови и како да ги искористите правилно во рамките   на содржината на Вашиот веб-сајт? 
- Што е потребно за да се направи SЕО-евалуација на веб-сајт и како правилно да ги анализирате корисниците кои го посетуваат Вашиот сајт? 

За кого е наменет овој семинар?

Овој семинар е наменет за претставници на маркетинг секторот во компаниите, како и за сите сопственици на бизниси кои сакаат подобро да разберат како да го оптимизираат својот веб-сајт независно од индустријата од која доаѓаат, со цел рангирање помеѓу првите резултати на пребарувачите како Google. 

ПРОГРАМА 

I. Основи на SEO:
   • Главни SЕО-компоненти;
   • Кратки и долги клучни зборови;
   • Истражување на клучни зборови;
   • Користење на клучни зборови во содржина на веб-сајт;

II. ВТОР ДЕЛ: SЕО-оптимизација на веб-сајт:
  • Оптимизација на содржината на сајтот;
  • Oптимизација на содржината вон сајтот;
  • Техничка оптимизација;

III. ТРЕТ ДЕЛ: Мерење на SEO-перформанс:
   • Креирање на SEO-евалуација на веб-сајт;
   • Анализирање на  traffic sources;
   • Усогласување на SEO и бизнис целите.

Предавач:   

- Симона Костовска, оперативен директор и акаунт менаџер во „Vrootok  Marketing & Consulting“. Таа е сертицифиран ментор и предавач на програмите за Дигитален маркетинг на „Galeksia“. Инженер по струка, со страст за дигитален маркетинг, Симона има креирано над 50 успешни дигитални маркетинг стратегии кои генерираат раст на бизнисите на клиентите на „Vrootok“ низ целиот свет, а своето знаење го пренесува преку програмите на „Galeksia“. Дополнително, таа ќе ви помогне да размислувате надвор од кутијата при креирањето на содржина за Вашиот веб-сајт.

За сите учесници ќе биде обезбедено:    

- упатства за приклучување на „онлајн“-семинарот;
- работни материјали во електронска верзија и
- e-сертификат за учество на семинарот.    

Сите заинтересирани за учество на овoj „онлајн“-семинар можат да се пријават најдоцна до 3.7.2020 година.

Агенда на настанот Пријавен лист

Контакт лица:

Михајло Донев
++ 389 2 3244067

Анита Митревска
++ 389 2 3244057

Стопанска комора на Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Семинар, 20.08.2020
ПРАКТИЧНА ПРИМЕНА НА ЕКСЕЛ 2016 (ФОРМУЛИ, ФУНКЦИИ, ПИВОТ ТАБЕЛИ И КОНТРОЛНИ ТАБЛИ) СО ПРИМЕРИ ВО МАГАЦИНСКОТО РАБОТЕЊЕ
Семинар, 24.08.2020
НАМАЛУВАЊЕ НА ПЛАТА, ОТСУСТВО ОД РАБОТА, ВРШЕЊЕ НА РАБОТА ОД ДОМА И ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР ВРЗ РАБОТНИТЕ ОДНОСИ
Семинар, 26.08.2020
ОСНОВИ НА AutoCAD
Семинар, 10.09.2020
ОРГАНИЗАЦИЈА И РЕАЛИЗАЦИЈА, НА РАБОТЕЊЕТО ВО ПИСАРНИЦАТА, УПРАВУВАЊЕ СО СПИСИТЕ И АКТИТЕ ВО СОГЛАСНОСТ СО ПОТРЕБИТЕ НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА
Конференција, 16.09.2020
КОНФЕРЕНЦИЈА И МЕЃУНАРОДНИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ - ЕЕН, 16-18 септември 2020 година, во Сараево, Босна и Херцеговина
Семинар, 18.09.2020
Практична примена на Ексел (формули, функции, пивот табели и контролни табли) со примери во магацинското работење
Online Бизнис средби, 18.11.2020
УЧЕСТВО НА „ВИРТУЕЛЕН“- БРОКЕРСКИ НАСТАН И БИЛАТЕРАЛНИ СРЕДБИ НА ТЕМА: „ БЕ@СММ2020-ВМРЕЖУВАЊЕ ВО ПАМЕТНАТА ПРЕРАБОТУВАЧКА ДЕЈНОСТ 2020“