Excellent SME Македонија

SME Excellent Македонија

Фотографија: Што претставува Сертификатот Excellent SME MACEDONIA?

Што претставува сертификатот Excellent SME?

Печатот на веб-порталот Excellent SME MACEDONIA е сертификат за деловно работење. Стопанската комора на Македонија го издава сертификатот во соработка со познатата агенција за кредитен рејтинг COFACE од Хрватска, за најуспешните мали и средни компании во Македонија.

Главната цел на сертификатот, која се совпаѓа со ЕУ-директивите, е да се промовираат малите и средни компании, да се обезбеди и да се осигура бизнисот, добрите бизнис-пракси и да се зголеми пазарната транспарентност. Исто така, тоа ќе им помогне на клиентите и бизнис-партнерите да го намалат финансискиот и другите ризици кога склучуваат деловни договори.

Сертификатот ќе им овозможи на локалните и на меѓународните бизнис-партнери да го верификуваат постоењето на компанијата, точната веб-адреса, и најважното - нејзиниот бонитет.

Основата за сертификацијата е кредитниот извештај и континуираниот мониторинг на COFACE - Хрватска. Истовремено, SafeSigned ™ веб-сајт технологијата спречува печатот за квалитет Excellent SME МACEDONIA да биде копиран и користен на кој и да било друг веб-сајт.

Со инсталирање и користење на потенцијалот на сертификатот и постојните партнери може да прават разлика меѓу успешни и помалку успешни компании.  (повеќе)



Контакт адреса :
Стопанската комора на Македонија
ул. Димитрие Чуповски, 13
1000 Скопје
Контакт: Валентина Цветковска
Тел: ++ 389 2 3244063 Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: valentina@mchamber.mk









 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права