Тренинг обука / 26.09.2019

МОЌТА НА УСПЕШНАТА ПРОДАЖБА

Стопанска комора на Македонија, сала 4, 5-ти кат


   

Еднодневна специјалистичка обука на тема:

МОЌТА НА УСПЕШНАТА ПРОДАЖБА
26.9.2019 година (вторник)
10:00-16:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат

          Стопанската комора на Македонија, на 26 септември 2019 година, организира еднодневна специјалистичка обука на тема: „ МОЌТА НА УСПЕШНАТА ПРОДАЖБА“.


„Компанијата вреди онолку колку што е вредна неговата продажба“


Целта  на обуката:


          Целта на обуката е пред се` на учесниците да им се пружи дополнителна мотивација и да им се дадат нови идеи за раст на нивните продажните резултати. После оваа обука учесниците ќе стекнат со најнови вештини за преговарање и продажба, ќе го осознаат полесниот пат до нови клиенти, ќе научат како да ги зајакнат односите со постоечките клиенти, лесно да ги постигнат на планираните цели, да ја зголемат самодовербата при комуникација со потенцијалните клиенти, и ефикасното да ги решаваат евентуални конфликти или рекламации.

Главни прашања и теми кои ќе бидат фокус на обуката се:


• Психологија за успешна продажба;
• Како да се подобри самодовербата на продавачот?
• Кои се најчестите блокади и препреки при продажбата?
• Како да се зголеми базата на верни клиенти?
• Зашто познавањето на комуникациските вештини е најважна алатка во продажбата?
• Како да се направи успешен продажен разговор?
• Како да се подготви и презентира продажна приказна?
• Што значи црвен гамб во продажбата?
• Како до успешно и реално планирање на целите и кое е потребното време за постигнување на истите на еден врвен продавач?
• Како да се задржи дневната мотивација?
• Различни стилови и различен тип на комуникација со клиентите;
• Дали продажбата е комуникација или манипулација?
• Кои се најдобри техники за добивање на препорака?
• Харвардска анализа: кога луѓето се одлучуваат за купување (6 техники);
• Што е Вашата мисија и како би ја презентирале?
• Разликата помеѓу жената и мажот продавач.


За кого е наменета обуката?

          Специјалистичката обука е наменета за топ менаџери, директори и раководители од сите нивоа во организацијата во секторите за продажба, логистика, маркетинг како и останатите вработени кои се директно вклучени во продажбата на сите нивоа (тим лидери, продавачи, агенти и сл.) и останати лица кои сакаат да ги зголемат своите продажни вештини.

ПРОГРАМА:


МОДУЛ 1. КАКО ДА СЕ ПОСТАВИ СТАБИЛЕН ТЕМЕЛ ЗА ДА СЕ ПОСТИГНЕ УСПЕШЕН ПРОДАЖЕН РЕЗУЛТАТ?
1.1. Психологија за успешна продажба;
1.2 .Како да си ја подобриме самодовербата?
1.3. Кои се најчести блокади и препреки?
1.4. BRANDING – совети кои Вашиот бренд ќе го направат видлив и препознатлив.


МОДУЛ 2. КАКО ДО НАЈДОБАР ПРОДАЖЕН ПРОЦЕС?
2.1. Зoшто познавањето на комуникациските вештини е најбитниот елемент во продажбата;
2.2. Како да се подготвиме за успешен ПРОДАЖЕН РАЗГОВОР?
2.3. Како да подготвиме и презентираме ПРОДАЖНА ПРИКАЗНА?
2.4. Што значи црвениот тастер во продажбата?

МОДУЛ 3. ПАТОТ ОД ПРОСЕЧЕН ДО ВРВЕН ПРОДАВАЧ
3.1. Успешно планирање на реалните цели и времето кое ни е потребно за истото;
3.2. Како да ја задржиме дневната мотивација?
3.3. Различен стил и различна комуникација со клиентите;
3.4. Дали продажбата е комуникација или манипулација?

МОДУЛ 4. КАКО ДА СЕ ПОДОБРАТ ТЕХНИКИТЕ ЗА ДОБИВАЊЕ НА ПРЕПОРАКА?
4.1. Кои се најдобри техники за добивање на препорака?
4.2. Харвардска анализа: Кога луѓето се одлучуваат за купување (6 техники);
4.3. Дигитализација и социјални медиуми во продажбата;
4.4. Разликата помеѓу жена и маж продавач.

Предавач:

          Драгица Корењак, дипломиран менаџер (www.dkorenjak.eu), независен консултант, мотиватор и експерт за продажба. Нејзините досегашни едукативни настани бележат посетеност од над 30.000 учесници, во 7 земји наменети за професионално усовршување на вработени во секторите продажба, маркетинг, дистрибуција и логистика, како и  претприемачи, менаџери и студенти.
Менаџер е за управување со деловни системи, со повеќе од 30 годишно искуство во областа на маркетинг и менаџмент, стекнато како професор на Факултетот за деловни студии „Gea College“ во Словенија. Поранешен претседател на Агенција за осигурување во Словенија (Commercial Interest Association of Slovenian insurance companies) и поранешен менаџер на Првиот словенечки институт за осигурување, претседател на Alumni клубот и сенатор на ALMA MATER EUROPEA-ECM.

За сите учесници на специјалистичката обука ќе биде обезбедено:
 - работен материјал;
 - ручeк и освежување;
 - сертификат за присуство на обуката.

Работен јазик и материјали: српски јазик.

Рок за пријавување: 13.9.2018 година.

Агенда на настанот Пријавен лист Пријави се електронски

Контакт лица:

м-р Елизабета Андриевска-Ефтимова
++ 389 2 3244074

Михајло Донев
++ 389 2 3244067

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Семинар, 12.12.2019
ЕФИКАСНО УПРАВУВАЊЕ СО ПРОЦЕСОТ НА ПРОДАЖБА
Семинар, 12.12.2019
УПРАВУВАЊЕ СО ОТСУСТВА И МОТИВАЦИЈА НА ВРАБОТЕНИТЕ
Семинар, 13.12.2019
ПРЕСМЕТКОВНИ ФОРМУЛИ И ФУНКЦИИ И ПИВОТ ТАБЕЛИ ВО КАНЦЕЛАРИСКОТО РАБОТЕЊЕ
Семинар, 13.12.2019
KPI - KEY PERFORMANCE INDICATOR (КЛУЧЕН ИНДИКАТОР ЗА ИЗВРШУВАЊЕ) Основи и како се дефинираат?
Семинар, 16.12.2019
ОСНОВИ НА GOOGLE ADS
Семинар, 16.12.2019
МЕТОДИ ЗА НАДМИНУВАЊЕ НА ПРОБЛЕМОТ НА ЗАДОЦНЕТА НАПЛАТА НА ПОБАРУВАЊА
Семинар, 17.12.2019
ПОДГОТОВКА НА ПРОЕКТИ ЗА ГРАНТОВИ ОД ЕУ И ДРУГИ ДОНАТОРСКИ ПРОГРАМИ
Семинар, 17.12.2019
ОТСТРАНУВАЊЕ НА РАБОТНИК ДО ДОНЕСУВАЊЕ ОДЛУКА ЗА ОТКАЗ НА ДОГОВОРОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ - СУСПЕНЗИЈА
Семинар, 18.12.2019
ВЕШТ АДМИНИСТРАТИВЕН РАБОТНИК - Архивско- канцелариско работење / Деловно- финансиско работење -
Презентација, 19.12.2019
ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА НАЈМОДЕРНИ ИНОВАЦИИ ОД СВЕТОТ НА ЛОГИСТИКАТА И ТРАНСПОРТОТ
Семинар, 23.12.2019
АКТУЕЛНОСТИ ВО ПОГЛЕД НА ПРАВАТА И ОБВРСКИТЕ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД ПЛАЌАЊЕТО НА РАБОТАТА