ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Средби, Семинар, Обука, Настан
   
02.10.2019 - 03.10.2019
Конференција
INSURTECH SKOPJE 2019 КОНФЕРЕНЦИЈА
Стопанска комора на Македонија , Македонија

Агенцијата за супервизија на осигурување и Стопанската комора на Македонија Ве покануваат на првата INSURTECH Skopje 2019 Конференција.

Овој настан е целосно посветен на иднината на осигурителната индустрија и е единствен настан во балканскиот регион кој е посветен на Insurtech индустријата. Посетителите на настанот ќе имаат можност да комуницираат со истакнати експерти од областа, со што Insurtech Skopje се претвора во една платформа за размена на мислења и интеракција помеѓу посетителите.

Целта на Insurtech Skopje е да ги спои на едно место, регулаторите на осигурување, субјектите на пазарот на осигурување и инвеститорите, за да дискутираат за предизвиците со кои ќе се соочува осигурителната индустрија во однос на нејзината дигитализација и какво влијание има врз сите засегнати страни.

Настанот ќе овозможи промоција на идните Insurtech претприемачи преку нивно претставување пред потенцијални инвеститори.

Конференцијата е наменета за членови на орган на управување во друштвата за осигурување и брокерските друштва, како и за клучните лица кои се задолжени за имплементација на овие технологии (бројот на учесници не е ограничен).

Insurtech 2019 Skopje ќе се одржи на 2 и 3 октомври 2019 г. (среда и четврток), во Стопанската комора на Македонија, сала 4 на 5 кат, составен од два дела:
Прв дел (2-ри октомври): Start up Pitch Session – претприемачи и start up компании ќе презентираат дигитални решенија во функција на подобрување на процесите на осигурителната индустрија,
Втор дел (3-ти октомври):  Insurtech конференција – учество на реномирани и успешни примери на insurtech компании.

Официјален јазик на INSURTECH Skopje ќе биде англиски јазик.

Прилог: Агенда и Пријавен лист.

Повеќе информации околу настанот, говорници, програма и пријавување за учество можете да дознаете на линкот:  https://insurtechskopje.eu/.                       

Ве молиме да го потврдите Вашето учество на конференцијата преку достава на Пријавниот лист на е-мејл: vlatko@mchamber.mk , најдоцна до 25.9.2019 г.                                        


Агенда на настанот Пријавен лист Пријави се електронски

Контакт лице:
Влатко Стојановски
Телефон: ++ 389 2 3244004
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: vlatko@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015








Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје