Семинар 24.08.2020 НАМАЛУВАЊЕ НА ПЛАТА, ОТСУСТВО ОД РАБОТА, ВРШЕЊЕ НА РАБОТА ОД ДОМА И ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР ВРЗ РАБОТНИТЕ ОДНОСИ

„онлајн“ работилница 10:00-13:00 часот

Стопанската комора на Македонија, на 24 август 2020 година, организира „онлајн“ работилница на тема: „Намалување на плата, отсуство од работа, вршење на работа од дома и инспекциски надзор врз работните односи“.     

Целта на оваа работилница е на сеопфатен начин да ги анализира основите за привремено намалување на плата, како една од најсуштинските потреби на работодавачите во изминатиот период, при што ваквите основи ќе се разгледаат низ призмата на модусите за нивно целисходно искористување и спроведување.

Дополнително, работилницата ќе понуди сеопфатен и детален преглед на сите основи за отсуство од работа со надоместок на плата, започнувајќи од правото на годишен одмор, преку останатите основи за платено отсуство од работа, сé до неплатеното отсуство како опција за работниците.    

Специфичен институт кој е актуелен поради забележаниот пораст на интересот за негово спроведување, е вршењето работа од дома. Така, во рамки на дискусијата, ќе се разгледаат поимот и поединостите на вршењето на работа дома, онака како што го предвидува Законот за работни односи, наспроти она што се јавува како практична, вонредна потреба за упатување на работниците на работа од дома.    

Конечно, работилницата ќе развие дискусија во насока на преглед на постапката за инспекциски надзор, со напомени за превентивно дејствување на работодавачите, укажување за отстранување на повреди на закон и други прописи, а во насока на избегнување на пропишаните глоби.

ПРОГРАМА

I. ПРИВРЕМЕНО НАМАЛУВАЊЕ НА ПЛАТА 
- Содржински компоненти на платата 
- Основи за намалување на платата
- Договорно намалување на платата
- Намалување на нето платата поради виша сила
- Намалување на плата поради потешкотии во работењето
- ДИСКУСИЈА

II. ОСНОВИ ЗА ОТСУСТВО ОД РАБОТА 
- Годишен одмор
- Други основи за платено отсуство
- Неплатено отсуство
- ДИСКУСИЈА

III. ДОГОВОР ЗА ВРАБОТУВАЊЕ СО ВРШЕЊЕ НА РАБОТА ДОМА
- Потреба од склучување посебен договор за вработување
- Права и обврски
- Надоместоци за употреба на сопствени средства
- Заштита и безбедност при работа

* ВРШЕЊЕ РАБОТА ДОМА ПОРАДИ ПОСЕБНИ ОКОЛНОСТИ КАКО ПРАКТИЧНА ПОТРЕБА 
- Недостаток на законска регулатива
- Начин на уредување
- Воведување и времетраење
- Утврдување на основните права и обврски
- Разлики од вршењето на работа дома по основ на одделен договор за вработување 

* ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР НАД ВРШЕЊЕТО РАБОТА ДОМА
- Известување на надлежниот инспекторат
- Овластувања при вршење на инспекцискиот надзор
- Предизвици при вршење на инспекцискиот надзор
* ЗАБРАНА НА РАБОТА ДОМА
* РАБОТИ КОИ НЕ СМЕАТ ДА СЕ ВРШАТ ДОМА
* ИСКЛУЧОЦИ ПРИ ВРШЕЊЕ РАБОТА ДОМА

- Ограничување на работното време
- Ноќна работа
- Одмор
- Дневен и неделен одмор
- ДИСКУСИЈА

IV. НАДЗОР НА ИНСПЕКЦИЈАТА НА ТРУДОТ ВРЗ РАБОТНИТЕ ОДНОСИ
- Овластувања на инспекцијата на трудот
- Прекршочни глоби
- ДИСКУСИЈА

Предавачи: 

- Викторија Спасовска – Симоноска, адвокат во Адвокатско друштво „Гоџо, Кичеец и Новаковски“, предавач на обуки, семинари и конференции со особен фокус на тематики од облигационото, деловното и трудовото право.
- Злате Стојановски, Државен секретар при Државниот  инспекторат за труд.

За сите учесници ќе биде обезбедено:
- Инструкции за приклучување на „онлајн“-работилницата;
- Е-сертификат и
- Работни материјали во електронска верзија.

Сите заинтересирани за учество на оваа работилница можат да се пријават најдоцна до 20.08.2020 година.

Агенда на настанот Пријавен лист

Контакт лица:

м-р Анита Митревска
++ 389 2 3244057

Михајло Донев
++ 389 2 3244067

Стопанска комора на Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Конференција, 27.09.2020
ИЗВОЗНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПОГОЛЕМА ДОДАДЕНА ВРЕДНОСТ НА ТУРИЗМОТ КАКО ПРЕДИЗВИК НА НОВОТО ВРЕМЕ
Семинар, 29.09.2020
ИНТЕРНИ АУДИТОРИ НА СИСТЕМ МЕНАЏМЕНТ
Семинар, 01.10.2020
ОСНОВИ НА AutoCAD
Семинар, 06.10.2020
ОБУКА НА СТРУЧЕН И ДРУГ КАДАР (МЕНТОРИ) ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ ПРАКТИЧНА ОБУКА КАЈ РАБОТОДАВАЧИТЕ
Online Бизнис средби, 08.10.2020
за учество на „виртуелен“- он-лине брокерски настан - The VIRTUAL BROKERAGE EVENT - INNOVATION VILLAGE 2020- VBE-IV2020
Саем, 14.10.2020
Меѓународен „онлајн“ индустриски саем „ТеМЕкс“
Семинар, 14.10.2020
ИЗГОТВУВАЊЕ НА ПЛАН И ЛИСТА НА АРХИВСКИ ЗНАЦИ СО РОКОВИ НА ЧУВАЊЕ, ИЗБОР НА КОМИСИЈА ЗА НЕГОВО ИЗГОТВУВАЊЕ, ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ПОПИС НА ДОКУМЕНТИ ЗА ТЕКОВНА 2021 ГОДИНА ВО ПРЕДВИДЕН ЗАКОНСКИ РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ДО ДРЖАВЕН АРХИВ НА РСМ
Семинар, 15.10.2020
ВРШЕЊЕ ВИДЕО НАДЗОР СОГЛАСНО ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ И ПРЕКРШОЧНИ ОДРЕДБИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД ИСТИОТ
Саем, 16.10.2020
„CII AGRO & FOOD TECH“- ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН САЕМ ЗА ХРАНА И АГРОКУЛТУРА -ИНДИЈА 2020
Саем, 21.10.2020
Саем за директни бизнис средби „Братислава 2020“
Семинар, 30.10.2020
ТЕХНИКИ И АЛАТКИ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА Е-ПРОДАЖБАТА
Online Бизнис средби, 18.11.2020
УЧЕСТВО НА „ВИРТУЕЛЕН“- БРОКЕРСКИ НАСТАН И БИЛАТЕРАЛНИ СРЕДБИ НА ТЕМА: „ БЕ@СММ2020-ВМРЕЖУВАЊЕ ВО ПАМЕТНАТА ПРЕРАБОТУВАЧКА ДЕЈНОСТ 2020“