28.11.2017 (Семинар)
ДЕЛОВНИ АСИСТЕНТИ (АРХИВСКО И КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ) И УНАПРЕДУВАЊЕ НА ВНАТРЕШНИОТ ПРОТОК НА ДОКУМЕНТИ

28.11.2017 (Бизнис средби)
„INTERNATIONAL MACHINERY AND PLANT ENGINEERING FORUM 2017“

29.11.2017 (Настан)
Симпозиум на тема:„Нови хоризонти во економската соработка меѓу Македонија и Турција„ - 29.11.2017

30.11.2017 (Бизнис средби)
БИЗНИС ФОРУМ И ДЕЛОВНИ СРЕДБИ МЕЃУ СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ И ДОМАШНИТЕ КОМПАНИИ КОИ ИМААТ ПОТЕНЦИЈАЛ ДА СТАНАТ НИВНИ ДОБАВУВАЧИ

30.11.2017 (Семинар)
ДОГОВОРОТ ЗА ГРАДЕЊЕ И НАЈБИТНИТЕ НОРМАТИВНИ И ПРАКТИЧНИ ПРАШАЊА И ПРОБЛЕМИ ПОВРЗАНИ СО ГРАДБАТА - ПРЕДМЕТ НА ТРГОВСКИТЕ СПОРОВИ

04.12.2017 (Семинар)
НАЧИНОТ ЗА ВРШЕЊЕ ПОПИС НА СРЕДСТВАТА И ОБВРСКИТЕ И УСОГЛАСУВАЊЕ НА СМЕТКОВОДСТВЕНАТА СО ФАКТИЧКАТА СОСТОЈБА УТВРДЕНА СО ПОПИСОТ

05.12.2017 (Семинар)
ИТ-КАТАСТРОФИ (DRP) И ФОРЕНЗИЧКА ИСТРАГА

11.12.2017 (Семинар)
ЕФИКАСНО РЕШАВАЊЕ НА КОНФЛИКТНИ СИТУАЦИИ ВО ОДНОС НА ПОПЛАКИ/НЕЗАДОВОЛСТВО ОД КЛИЕНТИ И СООДВЕТНА ЗАКОНСКА РЕГУЛАТИВА

12.12.2017 (Семинар)
ВОВЕД ВО ТРАНСПОРТ И ЛОГИСТИКА - Типови на транспорт и документи, царински регулативи, улоги во инернационалната логистика, стратегии и пресметки, паритети, складишнина и дистрибуција -

12.12.2017 (Тренинг обука)
ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ (АУДИТОРИ) НА ИНТЕГРИРАНИ МЕНАЏМЕНТ СИСТЕМИ ISO 9001:2015, ISO 14001:2015, OHSAS 18000:2007

14.12.2017 (Семинар)
СПЕЦИЈАЛИСТИЧКИ ТРЕНИНГ ЗА НАПРЕДЕН EXCEL – POWER QUERY

14.12.2017 (Конференција)
XVIII Меѓународен симпозиум на тема: УЛОГАТА НА СМЕТКОВОДСТВОТО И РЕВИЗИЈАТА ВО УНАПРЕДУВАЊЕ НА НАЦИОНАЛНАТА ЕКОНОМИЈА

18.12.2017 (Семинар)
ПРОФЕСИОНАЛЕН РИЗИК И ПРИНЦИПИ НА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА КАЈ РАБОТНИЦИ ИЗЛОЖЕНИ НА АЗБЕСТ

20.12.2017 (Семинар)
РАЗРАБОТКА НА ДОГОВОРИТЕ НА АВТОНОМНАТА ТРГОВСКА ПРАКСА СО ОСВРТ НА ПРОБЛЕМИТЕ КОИ СЕ ЈАВУВААТ ВО СИТЕ ФАЗИ ОД НИВНОТО ПОСТОЕЊЕ

21.12.2017 (Семинар)
Откажување на договорот за вработување со отказ од страна на работникот и од страна на работодавачот - дозволеност и забрана на отказ

06.03.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби на Саемот „EcoBuild“ - Лондон, Велика Британија

Бизнис-настани

20.09.2017 - 24.09.2017


Семинар Братислава,  Словачка

Советување на тема: ПРАВНИ НОРМИ ОД ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ И ЗАКОНОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА ЗА КОИ НАЈЧЕСТО СЕ УТВРДЕНИ НЕПРАВИЛНОСТИ ПРИ ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР



                  
Советување на тема:

ПРАВНИ НОРМИ ОД ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ И ЗАКОНОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА  ЗА КОИ НАЈЧЕСТО СЕ  УТВРДЕНИ НЕПРАВИЛНОСТИ ПРИ ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР И СЕ ПРЕЗЕМЕНИ  УПРАВНИ МЕРКИ, ИЗДАДЕНИ СЕ  ПРЕКРШОЧНИ НАЛОЗИ  И ИЗРЕЧЕНИ  САНКЦИИ СОГЛАСНО ЗАКОНОТ

20-24 септември 2017 година

Братислава, Словачка

 

          Стопанската комора на Македонија од 20 до 24 септември 2017 година, Ве поканува да земете учество на советувањето во Братислава, Словачка на тема: ПРАВНИ НОРМИ ОД ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ И ЗАКОНОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА  ЗА КОИ НАЈЧЕСТО СЕ  УТВРДЕНИ НЕПРАВИЛНОСТИ ПРИ ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР И СЕ ПРЕЗЕМЕНИ  УПРАВНИ МЕРКИ, ИЗДАДЕНИ СЕ  ПРЕКРШОЧНИ НАЛОЗИ  И ИЗРЕЧЕНИ  САНКЦИИ СОГЛАСНО ЗАКОНОТ.
На советувањето ќе бидат опсервирани поголем дел од најчестите проблеми со кои се сочуваат работодавачите во пракса во однос на темите од програмата. Преку прашања низ отворена дискусија од страна на учесниците ќе се расчистат сите дилеми во врска со законските решенија поврзани со Законот за работни односи и Законот за безбедност и здравје при работа и нивната  примена. На советувањето ќе биде опфатена и праксата на работењето и преземањето на соодветни управни мерки од инспекциските органи во однос на неспроведување или неправилно спроведување на законот од страна на работодавачите/управителите, како и реперкусиите од ваквите состојби.
На советувањето ќе се разгледаат и новите предлог-измени по истите закони и ќе се направи обид за расчистување на одредени дилеми кои се јавуваат во праксата, поврзани со предметната проблематика, со посочување на практични примери од страна на предавачот и учесниците, се` со цел преку споделување на искуства позитивно да се решат одредени проблематики.

ПРОГРАМА:

I дел:

•Основна плата,  работна успешност и додатоци на плата;
•Начин на пресметка на плата и плаќање на прекувремената работа;
•Начин на пресметка и плаќање на ноќната работа;
•Начин на пресметка и плаќање на работа за време на празници,  неделен одмор и работа во смени;
•Надоместување на трошоците поврзани со работа;
•Утврдување на надоместоци на плата;
•Порамнување од плата.

II дел:


•Користење на право на годишен одмор;
•Користење на право на годишен одмор кај договори на определено време;
•Права поради неискористен годишен одмор;
•Незаконски престанок на работниот однос;
•Вршење на работи надвор од договорот за вработување;
•Законска забрана за конкурентско дејствување.

III дел:

•Пробна работа;
•Суспензија од работа;
•Евиденција на работно време;
•Прекувремена работа;
•Пропусти при склучување на посебни договори;
•Пропусти при спроведување на судска одлука.

IV дел:

•Известување за отпочнување на вршење дејност и градежна работа;
•Вршење на соодветни  обуки за вработените;
•Стручни лица за безбедност при работа;
•Изјава за безбедност и здравје при работа;
•Испитување на работното место, околината и средствата за работа;
•Заштита од пожар, евакуација и спасување;
•Управни мерки на трудовиот инспектор преземени при повреда на правните норми од Законот за работни односи и Законот за безбедност и заштита при работа;
•Одмерување на прекршочна санкција, изречување глоба и издавање на прекршочен платен налог;
•Изрекување прекршочни санкции/глоби од надлежен орган за утврдените повреди на Законот за работни односи и Законот.
 за безбедност и заштита при работа.

Предавач:
-Миле Стојановски, експерт за работни односи

ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ОБУКАТА?
•За менаџери, управители и директори на сите нивоа и сектори во организациите;
•за раководители и останати вработени од сите нивоа во сектор за човечки ресурси, правен сектор, финансии, производство, стручни лица за БЗР и сите останати кои сакаат да ги усовршат своите вештини и знаења по дадената проблематика.

АРАНЖМАН:


Сместување и превоз:


- Цената за сместување во двокреветна соба, на база полупансион и превоз, по учесник изнесува 24.500 денари.
- За сместување во еднокреветна соба се доплаќа 3.300 денари.
(Плаќањето е по добиена про-фактура од страна на туристичката агенција на Вашата електронска пошта.)

Котизација за советувањето:

- Котизацијата за дводневното советување изнесува 4.130 денари (3.500 + 18% ДДВ).
- Секој трет и нареден учесник од иста организација добива 20% попуст на котизацијата.
- Превоз со високотуристички автобус на наведената релација Скопје - Виена - Братислава -  Будимпешта - Скопје (тргнување на 20 септември 2017 година, во 15:00 часот и враќање  на 24 септември 2017 година во попладневните часови);
- 3 ноќевања на база полупансион во хотели со 4* во Братислава (2 ноќевања) и Будимпешта (1 ноќевање);
- користење на конференциска сала;
- кафе и освежување за време на паузите на советувањето;
- разглед со туристички водич на Виена, Братислава, Будимпешта и Белград.
 
Во цената на аранжманот не е вклучено:
•патничко осигурување, влезници во културноисториските споменици и индивидуални факултативни трошоци.

* Поради ограничен број на места крајниот рок за пријавување е до 6 септември 2017 година.
* Резервацијата се смета за потврдена со извршената уплата.

Пријавувањето за советувањето после овој рок  ќе зависи од распложливите капацитети на хотелите во Братислава и Будимпешта.

Сигурна реализација е со пријавени 15 учесници.
     
 За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
-  работен материјал;
-  сертификат за присуство на семинарот.


Контакт:

 Елизабета А.Ефтимова                                    Михајло Донев
 Tелефон: 02 32 44 074                                     Tелефон: 02 32 44 067
 beti@mchamber.mk                                           mihajlo@mchamber.mk                                


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова
Тел: ++ 389 2 3244074
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Михајло Донев
Тел: ++ 389 2 3244067
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: mihajlo@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права