Неделен коментар
   
Неделен коментар
08.03.2019 👁 Прочитано: 2650

ЖЕНА - ЛИДЕР – РЕАЛНОСТ ИЛИ УТОПИЈА?


Елена Милевска Штрбевска

м-р Елена Милевска Штрбевска

Главен советник на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија за правни прашања

Со оглед дека денешниот ден е во знакот на поддршка на жената, овој неделен коментар ќе го посветам на жените кои се подеднакво успешни и во приватниот, но и во јавниот живот и со своите иницијативи, ангажмани и посветеност придонесуваат да се поместат работите од мртва точка, во разни полиња од општествениот живот. Во овој контекст, вреди да се спомене Конвенцијата на Обединетите нации за елиминација на сите форми на дискриминација врз жените, од 1979 година, која е често опишувана како меѓународен закон за правата на жените, која прокламира еднакви можности за жената на сите полиња, вклучувајќи ги политиката, економијата, културата, социјалниот и семејниот живот, а потоа следуваат и бројни други правни инструменти на оваа тема од Советот на Европа и други меѓународни органи, организации и тела.

Вообичаено е, на 8 март да се посветуваат текстови за учеството на жената во економскиот, социјалниот и културниот живот, за еднаквите можности со  мажите, како и за жената на лидерски позиции во бизнисот. Токму фактот што тоа постојано се повторува и што се` уште на таков начин се одбележува Денот на жената, покажува дека се` уште постои потреба за промоција, поттикнување на жената да се вклучи во сите општествени активности, односно дека се` уште не постои онаа прокламирана еднаквост со мажите. Во спротивно, би постоел и ден на мажите, каде што тие би ги прокламирале своите барања за еднаков третман и себепромоција.

Затоа, нема да зборувам за потребата од вклучување на жената во сите сфери од општественото живеење, туку ќе истакнам неколку податоци кои потврдуваат дека Стопанската комора на Македонија, како бизнис асоцијација, им дава можности за дејствување на жените-лидери во бизнисот, подеднакво со мажите, па можеби и повеќе од тоа. Ние немаме посебна асоцијација посветена на учеството на жените во бизнисот, туку тие се вклучени во севкупните коморски активности, без да се прави каква и да било разлика по основ на полот.

Имено, жените се активно вклучени во секојдневната работа на Комората, почнувајќи од стручната служба и раководните позиции каде мнозинство се жени (околу 70%), потоа во органите на Комората (Управен одбор, Собрание, Надзорен одбор) со учество од околу 15%, па се` до формите на организирање и работење, вклучувајќи ги здруженијата, регионалните комори и другите форми каде жените вршат мошне одговорни функции, покрај нивните менаџерски позиции во компаниите од кои доаѓаат (претседатели и потпретседатели на здруженија и регионални комори и други форми на организирање и работење) . Да, не се многу, бидејќи и учеството на жените во бизнисот и на ниво на државата е помало од 15%. Но, доволно се за да покажат дека жената на лидерски позиции во бизнисот не е утопија, туку реалност, но и дека нејзиниот успех во денешни услови не зависи од некакви измислени ограничувачки општествени фактори кои според мене не постојат, туку пред се` зависи од можностите, желбата, амбициите, иницијативноста и подготвеноста за вистинска рамноправност со мажите во водењето бизнис. Верувам дека секој би се сложил со мене дека сите жени не се подеднакво подготвени за вакви предизвици. Тоа го можат само жените со силна волја за успех, добра организираност и посветеност, и секако едуцираност и соодветно образование, за што не постојат надворешни ограничувања од аспект на припадноста кон одреден пол. Затоа, ова ќе биде единствениот текст на тема за жените, а сите следни ќе бидат чекор понапред – не правејќи разлика по однос на пол, фокусот на активностите ќе биде во артикулитање на вистинските вредности, барања и цели на коморското организирање и дејствување!

ШТО ИМ Е ПОТРЕБНО НА СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ, А ШТО НА ДОМАШНИТЕ КОМПАНИИ?

„МАЛ ШЕНГЕН“ – ЗА И ПРОТИВ?

Како да бидеме зелени, а паметни?

КОНСУЛТАЦИИТЕ СО БИЗНИС-ЗАЕДНИЦАТА – РЕАЛНА ПОТРЕБА ИЛИ ИЗГОВОР?

А ШТО ДА ПРАВИМЕ СО МАСОВНАТА МИГРАЦИЈА НА НАШИТЕ МЛАДИ?

ПОГОЛЕМА ЕФИКАСНОСТ ВО СПРЕЧУВАЊЕ НА СИВАТА ЕКОНОМИЈА

ПОВТОРУВАЊЕТО Е МАЈКА НА ЗНАЕЊЕТО!

РЕГУЛАТИВА, ОБРАЗОВАНИЕ, РАБОТНА СИЛА

ПРЕВЕНЦИЈА ОД ЗЛОУПОТРЕБА НА ВЛАСТА како препорака на бизнис-заедницата за врвен приоритет во државата

ПРИСТАПОТ ДО ПРАВДАТА како битна претпоставка за владеење на правото

ПРАВНАТА СИГУРНОСТ КАКО ЗНАЧАЈНА КОМПОНЕНТА НА ВЛАДЕЕЊЕТО НА ПРАВОТО

ВЛАДЕЕЊЕТО НА ПРАВОТО И БИЗНИСОТ

(НЕ)ИМПЛЕМЕНТАЦИЈАТА НА ПРОПИСИТЕ КАКО ИНДИКАТОР ЗА ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО

ВЛАДЕЕЊЕТО НА ПРАВОТО – ОБВРСКА ЗА СИТЕ!

ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО - ИМПЕРАТИВ ЗА СТАБИЛНИ И ПРЕДВИДЛИВИ УСЛОВИ ЗА ВОДЕЊЕ БИЗНИС

ЕНЕР – ПРЕДИЗВИК ЗА НАДГРАДБА

БИЗНИС-ЗАЕДНИЦАТА КОНСТРУКТИВЕН УЧЕСНИК ВО ПРОЦЕСОТ НА КОНСУЛТАЦИИ ПРИ ДОНЕСУВАЊЕ ПРОПИСИ

ИСТРАЈНИ ВО ВИЗИИТЕ И УПОРНИ ВО БАРАЊАТА

ЗАДОЛЖИТЕЛНА КОНСУЛТАЦИЈА СО БИЗНИС-ЗАЕДНИЦАТА ЗА ПОДОБРА РЕГУЛАТИВА

Новиот Закон ќе ја намали корупцијата во јавните набавки ?

ПОДОБРУВАЊЕ НА СОСТОЈБИТЕ ВО ПРАВОСУДСТВОТО - ИМПЕРАТИВ ЗА ПОДОБРА БИЗНИС КЛИМА

РЕГУЛАТИВА ИМАМЕ, НО КАКВА ЌЕ БИДЕ ИМПЛЕМЕНТАЦИЈАТА?

АКТИВЕН ЈАВНО-ПРИВАТЕН ДИЈАЛОГ, КАКО ОСНОВА ЗА ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК

OПШТЕСТВЕНАТА ОДГОВОРНОСТ НА СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ

РУРАЛНИОТ РАЗВОЈ, ОПШТИНИТЕ, ДРЖАВАТА И ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО

ВЕЧНА ТЕМА – ДИЈАЛОГ МЕЃУ ПРИВАТНИОТ И ЈАВНИОТ СЕКТОР

И ПО 5 ГОДИНИ НЕМА НАПРЕДОК ПО ИНИЦИЈАТИВАТА ЗА ЗАКОНСКО НОРМИРАЊЕ НА ХОЛДИНГОТ

OПШТЕСТВЕНАТА ОДГОВОРНОСТ НА НАШИТЕ КОМПАНИИ

ВИСОКО РАЗВИЕНА ЈАВНА СВЕСТ, КОРПОРАТИВНА КУЛТУРА И ВРЕДНОСТИ ЗА ОПШТЕСТВЕНАТА ОДГОВОРНОСТ НА КОМПАНИИТЕ

ОПШТЕСТВЕНАТА ОДГОВОРНОСТ НА БИЗНИС ЗАЕДНИЦАТА - ЗНАЧАЕН ПРИДОНЕС ВО СОЗДАВАЊЕТО ЗАЕДНИЧКИ ВРЕДНОСТИ ОД ГОЛЕМО ЗНАЧЕЊЕ

ЌЕ НИКНЕ ЛИ ПРВАТА РЕГИОНАЛНА ИНСТИТУЦИЈА?

НАКРАТКО ЗА ОДНОСОТ МЕЃУ ДРЖАВАТА, КАПИТАЛОТ И ТРУДОТ

ПОТРЕБНИ СЕ ПОДОБРУВАЊА ВО ДАНОЧНИОТ РЕЖИМ НА ХОЛДИНГОТ ВО МАКЕДОНИЈА

БИЗНИСРЕГУЛАТИВА.МК: Милевска Штрбевска: Да се изработи стандардна тендерска документација за јавните набавки

ОЧЕКУВАЊА ОД НОВИОТ ЗАКОН ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

Стоп за донесувањето закони без консултации со бизнис заедницата

ХОЛДИНГ