Неделен коментар
   
Неделен коментар
07.09.2019 👁 Прочитано: 718

ПРАВНАТА СИГУРНОСТ КАКО ЗНАЧАЈНА КОМПОНЕНТА НА ВЛАДЕЕЊЕТО НА ПРАВОТО


Елена Милевска Штрбевска

д-р Елена Милевска Штрбевска

Главен советник на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија за правни прашања

Согласно „Листата за проверка“ (check-list) на Венецијанската комисија за исполнетоста на условите за почитување на овој принцип во една држава , правната сигурност, како составна компонента на владеењето на правото, ја сочинуваат 8 индикатори, а тоа се: достапност на законодавството, пристап до судската пракса, предвидливост на законите, стабилност и доследност на законот, легитимни очекувања , забрана за ретроактивно дејство на законите, почитување на принците n ullum crimen sine lege, nulla poena sine lege и r es judicata .

Исполнетост на условите за владеење на правото,
за категоријата Правна сигурност во Република Северна Македонија

grafikon
Извор : Анализа на Стопанска комора на Македонија, согласно chek-lista на Венецијанската комисија

Процентот се однесува на исполнетоста на условите за владеење на правото за секој одделен индикатор кој претставува составен елемент од категоријата „Правна сигурност“ кои подолу се и подетално елаборирани, а согласно направената анализа на Стопанската комора на Македонија, средната вредност за самата категорија, во однос на исполнетоста на условите за владеење на правото во државата изнесува 85%, што не е нималку мал процент на исполнетост на условите. Ако се анализираат контролните прашања и дадените одговори за оваа категорија, ќе се види дека станува збор на предвиденост на основните правни принципи со Уставот и законите, кои се составен елемент на оваа категорија, како што се пристапот до информации од јавен карактер, забраната за ретроактивно дејство на законите, неможноста да се изрече казна без закон, ниту да постои кривична одговорност доколку не е предвидена со закон, не можноста за исто дело да се суди два пати и слично. Со оглед дека за сите овие прашања во нашава држава постои солидна правна рамка, не е воопшто чудно што е особено висока средната вредност за исполнетоста на условите за правна сигурност, имајќи ги предвид сите составни индикатори што влегуваат во оваа категорија. Она што е „најслаба карика“ кај правната сигурност е прашањето за стабилноста и конзистентноста на законската регулатива, односно честите измени на законите, кои во одредени случаи се прават и без најави и консултации, поради што се поткопува овој принцип.

Во однос на достапноста на законодавството, контролните прашања се однесуваат на тоа дали сите законски акти се објавени пред да стапат во сила и дали истите се лесно достапни, бесплатно преку интернет или во официјален билтен. Законите, согласно Уставот, како што веќе е наведено погоре, задолжително се објавуваат во Службен весник на Република Северна Македонија пред да влезат во сила. Притоа, на веб-страната на Службен весник се бесплатно достапни сите изданија на службени весници од 1945 година до 2018 година, а службените весници за тековната година се достапни со претплата. Исто така, на веб-порталите на министерствата и другите органи на управата најчесто се достапни законите и подзаконските акти поврзани со нивниот предмет на работа, така што овој индикатор е во целост исполнет и се почитува во нашата држава .

Во однос на достапноста на судска пракса, в о Извештајот на Европската комисија е наведено дека Врховниот суд почнал да одржува редовни состаноци со четирите апелациони судови за конзистентноста на судската практика во предметите од граѓанско право, но не сите судови успеале веднаш да ги пренесат пресудите во базата на податоци за он-лајн пристап до судската практика. Судовите не секогаш имаат пристап до пресудите на други судови, со што се попречува конзистентноста.

Согласно законот за судовите, Врховниот суд на Република Македонија на општа седница утврдува начелни ставови и начелни правни мислења по прашања од значење за обезбедување на единството со примената на законите од страна на судовите во рок од три месеци, но не подолго од шест месеци по сопствена иницијатива или по иницијатива на претседател на суд или по иницијатива на седниците на судиите или судските оддели од судовите или по иницијатива на адвокати и ги објавува на веб страницата на Врховниот суд на Република Македонија. Донесените правосилни одлуки судовите задолжително ги објавуваат на веб страницата на судот во рок од седум дена од денот на правосилноста, на начин утврден со закон.

Во таа насока, но неусогласено со Законот за судовите, и член 326 од ЗПП уредува дека пресудата во рок од два дена од денот на нејзиното писмено изработување и потпишување се објавува на веб страницата на судот на начин определен со закон.

Согласно член 84 од Деловникот за работа на Уставниот суд на Република Македонија, јавноста се информира за работата на Уставниот суд преку масовните медиуми за одржување јавни расправи, како и за проценка на Судот и одржување седница и подготвителна средба, со присуство на учесници во постапката, тела и организации и претставници на мас-медиумите за одлуките на Судот за прашања од интерес на пошироката јавност. Заради информирање на јавноста, Уставниот суд го издава Билтенот и Збирката на решенија како постојани извори за запознавање на јавноста со нејзините решенија, стручни мислења и ставови.

Имајќи го предвид наведеното, може да се констатира дека постојат законски основи и должност на судовите за објава на судската практика, со цел да биде подостапна до јавноста, но начинот на регулирање не е воедначен согласно важечката регулатива, од една страна, а има и проблеми во имплементацијата, односно доследно почитување на обврската за објава на пресудите, од друга страна.

За индикаторот предвидливост на законите, може да се констатира дека начелно, законите се јасни и разбирливи, со определени исклучоци, за кои, согласно Уставот и законите, е можно и постои пракса да се бара нивно толкување од страна на Собранието. Дополнително, сите проблеми кои се појавуваат во практиката, поради неразбирливост или недореченост на прописите, можат да бидат предмет на изменување и дополнување, заради нивно прецизирање, а такви примери постојат во практиката. Имало и случаи кога по барање на формите на организирање и работење при Стопанската комора на Македонија се барале измени и дополнувања на опредлени закони во оваа насока, кои биле прифатени и процесуирани преку овластените предлагачи за изменување или дополнување на соодветните закони. Вообичаено, во законите кои се носат, секогаш постојат одредби со кои се потенцира дека претходните закони или регулатива за истата област престанува да важи, или пак се предвидува определен рок на прилагодување. Пречистени текстови на законите не се прават редовно од страна на наделжните министерства, иако во определени законски текстови експлицитно се наведува и обврска да се изработи пречистен текст, но во секој случај до јавноста се секогаш лесно достапни основната верзија на законите со сите нивни последователни измени.

Еден од најслабите елементи на владеењето на правото е токму неконзистентноста на законските прописи , односно нивното менување без никаква најава, а уште повеќе проблем претставуваат законите кои се донесуваат по итна постапка, а имплементацијата на истите често се случува да биде без било какви рокови за прилагодување. Со тоа, се создава едно непредвидливо и нестабилно опкружување, кое е мошне неповолно од аспект на бизнисот, од причина што бизнисот секогаш бара предвидливост, стабилност и правна сигурност, под што најмногу се подразбира и конзистентност и постојаност на регулативата, со цел да можат да се подготвуваат бизнис-планови, да се преземаат инвестициски активности и да се планираат разни прашања поврзани со водење и унапредување на конкретните бизниси. Во спротивно, кога имаме често менување на прописите, без или со многу кратки рокови за мислење од страна на засегнатите страни меѓу кои и бизнисот, од една страна, и голем број закони кои се носат по скратена постапка, каде што консултациите и по закон се лимитирани, од друга страна, јасно е дека тоа не може поволно да влијае на создавање на стабилна и предвидлива бизнис-клима во државата.

С поред нашите истражувања, исполнетоста на индикаторот „Почитување на принципот на легитимни очекувања“ не е сосема позната, бидејќи не постојат сознанија за преземени некакви мерки околу почитување на овој принцип во практиката, кој во суштина значи дека јавните власти не само што треба да се придржуваат до донесените закони, туку преку истите треба да ги исполнат и нивните ветувања, што значи и исполнување на најавените очекувања за субјектите на кои се однесуваат

Исполнетоста на условите за владеење на правото согласно индикаторот забрана за ретроактивно дејство на законите е 100%. Имено, согласно член 52 став 4 од Уставот, законите и другите прописи не можат да имаат повратно дејство, освен по исклучок, во случаи кога тоа е поповолно за граѓаните и овој принцип се почитува и во практиката.

Истото се однесува и на принципите Nullum crimen sine lege и nulla poena sine lege, како и res iudicata.

Согласно член 14 од Уставот, никој не може да биде казнет за дело кое пред да биде сторено не било утврдено со закон или со друг пропис како казниво дело и за кое не била предвидена казна и овој принцип, во досегашната пракса доследно се почитува, односно не се познати случаи на прекршување на овие одредби.

Согласно Уставот, член 14 став 2, никој не може повторно да биде суден за дело за кое веќе бил суден и за кое е донесена правосилна судска одлука и, според расположливите општи сознанија, не се познати случаи на прекршување на овој принцип.

ШТО ИМ Е ПОТРЕБНО НА КОМПАНИИТЕ СО ТЕХНОЛОШКИ НАПРЕДНО ПРОИЗВОДСТВО?

ШТО ИМ Е ПОТРЕБНО НА СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ, А ШТО НА ДОМАШНИТЕ КОМПАНИИ?

„МАЛ ШЕНГЕН“ – ЗА И ПРОТИВ?

Како да бидеме зелени, а паметни?

КОНСУЛТАЦИИТЕ СО БИЗНИС-ЗАЕДНИЦАТА – РЕАЛНА ПОТРЕБА ИЛИ ИЗГОВОР?

А ШТО ДА ПРАВИМЕ СО МАСОВНАТА МИГРАЦИЈА НА НАШИТЕ МЛАДИ?

ПОГОЛЕМА ЕФИКАСНОСТ ВО СПРЕЧУВАЊЕ НА СИВАТА ЕКОНОМИЈА

ПОВТОРУВАЊЕТО Е МАЈКА НА ЗНАЕЊЕТО!

РЕГУЛАТИВА, ОБРАЗОВАНИЕ, РАБОТНА СИЛА

ПРЕВЕНЦИЈА ОД ЗЛОУПОТРЕБА НА ВЛАСТА како препорака на бизнис-заедницата за врвен приоритет во државата

ПРИСТАПОТ ДО ПРАВДАТА како битна претпоставка за владеење на правото

ВЛАДЕЕЊЕТО НА ПРАВОТО И БИЗНИСОТ

(НЕ)ИМПЛЕМЕНТАЦИЈАТА НА ПРОПИСИТЕ КАКО ИНДИКАТОР ЗА ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО

ВЛАДЕЕЊЕТО НА ПРАВОТО – ОБВРСКА ЗА СИТЕ!

ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО - ИМПЕРАТИВ ЗА СТАБИЛНИ И ПРЕДВИДЛИВИ УСЛОВИ ЗА ВОДЕЊЕ БИЗНИС

ЕНЕР – ПРЕДИЗВИК ЗА НАДГРАДБА

БИЗНИС-ЗАЕДНИЦАТА КОНСТРУКТИВЕН УЧЕСНИК ВО ПРОЦЕСОТ НА КОНСУЛТАЦИИ ПРИ ДОНЕСУВАЊЕ ПРОПИСИ

ИСТРАЈНИ ВО ВИЗИИТЕ И УПОРНИ ВО БАРАЊАТА

ЗАДОЛЖИТЕЛНА КОНСУЛТАЦИЈА СО БИЗНИС-ЗАЕДНИЦАТА ЗА ПОДОБРА РЕГУЛАТИВА

Новиот Закон ќе ја намали корупцијата во јавните набавки ?

ПОДОБРУВАЊЕ НА СОСТОЈБИТЕ ВО ПРАВОСУДСТВОТО - ИМПЕРАТИВ ЗА ПОДОБРА БИЗНИС КЛИМА

РЕГУЛАТИВА ИМАМЕ, НО КАКВА ЌЕ БИДЕ ИМПЛЕМЕНТАЦИЈАТА?

АКТИВЕН ЈАВНО-ПРИВАТЕН ДИЈАЛОГ, КАКО ОСНОВА ЗА ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК

OПШТЕСТВЕНАТА ОДГОВОРНОСТ НА СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ

РУРАЛНИОТ РАЗВОЈ, ОПШТИНИТЕ, ДРЖАВАТА И ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО

ВЕЧНА ТЕМА – ДИЈАЛОГ МЕЃУ ПРИВАТНИОТ И ЈАВНИОТ СЕКТОР

И ПО 5 ГОДИНИ НЕМА НАПРЕДОК ПО ИНИЦИЈАТИВАТА ЗА ЗАКОНСКО НОРМИРАЊЕ НА ХОЛДИНГОТ

OПШТЕСТВЕНАТА ОДГОВОРНОСТ НА НАШИТЕ КОМПАНИИ

ВИСОКО РАЗВИЕНА ЈАВНА СВЕСТ, КОРПОРАТИВНА КУЛТУРА И ВРЕДНОСТИ ЗА ОПШТЕСТВЕНАТА ОДГОВОРНОСТ НА КОМПАНИИТЕ

ОПШТЕСТВЕНАТА ОДГОВОРНОСТ НА БИЗНИС ЗАЕДНИЦАТА - ЗНАЧАЕН ПРИДОНЕС ВО СОЗДАВАЊЕТО ЗАЕДНИЧКИ ВРЕДНОСТИ ОД ГОЛЕМО ЗНАЧЕЊЕ

ЌЕ НИКНЕ ЛИ ПРВАТА РЕГИОНАЛНА ИНСТИТУЦИЈА?

НАКРАТКО ЗА ОДНОСОТ МЕЃУ ДРЖАВАТА, КАПИТАЛОТ И ТРУДОТ

ПОТРЕБНИ СЕ ПОДОБРУВАЊА ВО ДАНОЧНИОТ РЕЖИМ НА ХОЛДИНГОТ ВО МАКЕДОНИЈА

ЖЕНА - ЛИДЕР – РЕАЛНОСТ ИЛИ УТОПИЈА?

БИЗНИСРЕГУЛАТИВА.МК: Милевска Штрбевска: Да се изработи стандардна тендерска документација за јавните набавки

ОЧЕКУВАЊА ОД НОВИОТ ЗАКОН ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

Стоп за донесувањето закони без консултации со бизнис заедницата

ХОЛДИНГ