
Еднодневен семинар:
ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ОБВРСКИ НА РАБОТОДАВАЧИТЕ
-плати, јубилејни награди, отпремнини за пензија, испратнини за технолошки вишок, дневници за службени патувања во земјава и во странство -
26.11.2019 година (вторник)
10:00 – 15:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат
Овој семинар има за цел да го опфати работењето во делот на користи за вработените. Работниците имаат право, а работодавачите имаат обврска за исплата на плата и надоместоци на трошоци и други лични примања од работен однос. Показател за ова е Законот за работни односи, како и колективните договори за приватниот и за јавниот сектор. Сето тоа е пропишано и во Меѓународните сметководствени стандарди 19 (МСС 19) за големите и средни субјекти, како и Одделот 28 - Користи за вработените на
Меѓународните стандарди за финансиско известување за мали и средни ентитети (МСФИ за МСЕ).
Прашања кои ќе бидат одговорени за време на семинарот:
- Која е разликата помеѓу краткорочните и долгорочните користи за вработените?
- Како се признаваат и како се мерат краткорочните и долгорочните користи за вработените ?
- Кој мора да го почитува Законот за минимална плата? (Дали одредбите на овој Закон се однесуваат за сите лица?)
- Што се додатоци за работникот?
- Како и колку да му се зголеми платата на работникот за прекувремена работа, работа ноќе, работа во три смени или работа во ден на неделен одмор?
- Колку се зголемува платата за работен стаж на работникот од стопанството?
- Како да исплатиме јубилејна награда и кој е даночниот третман?
- Како да исплатиме отпремнина за пензија и кој е даночниот третман?
- Како да исплатиме технолошки вишок и кој е даночниот третман?
- Кога работникот добива бонус?
- Какви податоци добиваме од Државниот завод за статистика за делот плата и надоместоци од работен однос?
ПРОГРАМА:
- Меѓународен сметководствен стандард 19 (МСС 19):
• Краткорочни користи за вработените;
• Долгорочни користи за вработените;
• Краткорочни и долгорочни платени отсуства;
• Учество во добивка и бонуси;
• Користи по престанок на работниот однос;
• Државни планови;
• Осигурени користи;
• Отпремнини;
- Плата (краткорочни користи за вработените):
• Основна плата;
• Успешност на работникот;
• Додатоци;
• Практичен пример за пресметка на плата за 2019 година;
- Плата (долгорочни користи за вработените):
• Јубилејни награди;
• Практичен пример за исплата на јубилејна награда;
- Отпремнини за пензија (не се оданочува со данок на личен доход согласно член 12, став 1, точка 22 од Закон за данок на личен доход);
• Испратнини за технолошки вишок (не се оданочува со данок на личен доход согласно член 12, став 1, точка 23 од Закон за данок на личен доход);
- Дневници за службени патувања во земјава и во странство;
- Надомест за одвоен живот;
- Надоместок во случај на смрт на работник или смрт на член на семејство;
- Помош за претрпени штети од елементарни непогоди;
- Регрес за годишен одмор;
- Надоместок за непрекинато боледување;
- Организирана исхрана;
- Трет пензиски фонд.
Семинарот ќе резултира:
- Подлабоко разбирање на пропишаните законски регулативи за платите и надоместоците од плати и работен однос;
- Правилен пристап кон краткорочни користи за вработените;
- Правилен пристап кон долгорочни користи за вработените;
- Правилен пристап кон користи по престанок на работниот однос на вработените;
- Правилен пристап кон отпремнините за вработените.
Предавач:
- Мери Каровска, дипломиран економист со уверение за овластен сметководител издаден од ИСОС. Таа е предавач на семинари, работилници на различни теми, со посебен акцент од областа на сметководството и банкарството. Исто така, има искуство и како надворешен соработник и предавач во центрите за едукација „Achieve Global“ потоа „Link Across“ и Американ колеџ, Организацијата за заштита на потрошувачите на Македонија, Информиран корисник. Паралелно, триесет и две години работи со сметководство на здруженија, фондации и компании со различни дејности. Во поново време, соработува со буџетски институции. Има искуство и како финансов директор во ИТД „Дистрибуција“ - Скопје, една од водечките компании во ИТ-секторот кај нас, членка на „Инфософт“ Групацијата. Мери Каровска е управител на лиценцираната компанија за економско-сметководствени услуги „Каровска“ ДООЕЛ од Скопје.
За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
- работен материјал;
- ручeк и освежување;
- сертификат за присуство на семинарот.
Рок за пријавување: 21.11.2019 година.