Бизнис средби 04.05.2020 - 08.05.2020 Он-лине МЕЃУНАРОДНИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ „Textile Connect 2020 - Virtual Matchmaking“-ЕЕН мрежа, Јонкопинг, Шведска

on-line во Јонкопинг, Шведска


   

П О К А Н А  

Он-лине МЕЃУНАРОДНИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ
„Textile Connect 2020 - Virtual Matchmaking“

https://textile-connect-2020.b2match.io/
4-8 мај 2020 година
Јонкопинг, Шведска

Стопанската комора на Македонија во соработка со Европската мрежа на претприемачи од Шведска ве покануваат да учествувате на он-лине деловни средби наменети за Текстилната индустрија „Textile Connect 2020-Virtual Matchmaking“, што ќе се одржат од 4-8 мај 2020 година во Шведска.
 
Поради новонастанатата ситуација и развој на Covid-19 (вирусот корона) и несигурната состојба во моментот низ целиот свет, состаноците ќе се организираат виртуелно, он-лине преку Интернет наместо на лице место.   

Учесниците ќе имаат можност да воспостават он-лине контакти со своите деловни партнери од текстилниот сектор, со дизајнерите, производителите на текстил и обувки, дистрибутерите итн.

Состаноците на купувачите и добавувачите ќе бидат организирани преку Интернет доколку претходно се регистрирате најдоцна до 3 мај 2020 година.

Регистрирајте се денес на следниов линк https://textile-connect-2020.b2match.io/signup и пронајдете го вашиот потенцијален деловен партнер!

Учеството е бесплатно.

Зошто да учествувате?

- ова он-лине поврзување ќе ви помогне да најдете меѓународни деловни партнери на претходно договорени и резервирани состаноци;
- ќе ви помогне да ja развиете и проширите вашата деловна мрежа, да научите нешто ново, да го споделете вашето искуство и знаење со потенцијалните партнери, купувачи и добавувачи, трансфер на знаење и технологии;
- да ги чуете новите трендови на пазарот, новите идејни решенија, дизајн и технолошки иновации.

Мрежата на Enterprise Шведска ви нуди поддршка пред, за време и по настанот, на пр. со тоа што ќе ви помогне да формирате информативен профил за соработка и следење на секоја од компаниите.


Контакт лица:

Ирена Мојсовска
++ 389 2 3244009


Стопанска комора на Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Бизнис средби, 09.06.2020
Он-лине Б2Б средби на тема: „Жените и мажите во градежниот сектор во Дунавскиот регион и пошироко: Соочување со новите предизвици“
Семинар, 11.06.2020
УПРАВУВАЊЕ СО СТРЕСОТ
Семинар, 17.06.2020
ДИЗАЈН НА ЕФИКАСНА ОРГАНИЗАЦИСКА ЛОГИСТИКА
Работилница, 18.06.2020
ИНТЕРНИ МЕРКИ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ЕФЕКТИТЕ ОД ОГРАНИЧУВАЊЕТО ИЛИ ПРЕКИНОТ НА РАБОТНИОТ ПРОЦЕС
Работилница, 24.06.2020
ОНЛАЈН АЛАТКА ЗА ЕФИКАСЕН РАЗВОЈ НА ЧОВЕЧКИОТ КАПИТАЛ НА КОМПАНИИТЕ
Семинар, 25.06.2020
ЕМОЦИОНАЛНО ИНТЕЛИГЕНТНО ЛИДЕРСТВО ЗА ВРЕМЕ НА ПАНДЕМИЈА
Семинар, 26.06.2020
ОТСУСТВО ОД РАБОТА СО НАДОМЕСТОК НА ПЛАТА
Семинар, 29.06.2020
ПРАКТИЧНА ПРИМЕНА НА ЕКСЕЛ (ФОРМУЛИ, ФУНКЦИИ, ПИВОТ ТАБЕЛИ И КОНТРОЛНИ ТАБЛИ) СО ПРИМЕРИ ВО МАГАЦИНСКОТО РАБОТЕЊЕ
Семинар, 02.07.2020
ОРГАНИЗАЦИЈА И РЕАЛИЗАЦИЈА, НА РАБОТЕЊЕТО ВО ПИСАРНИЦАТА, УПРАВУВАЊЕ СО СПИСИТЕ И АКТИТЕ ВО СОГЛАСНОСТ СО ПОТРЕБИТЕ НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА
Конференција, 16.09.2020
КОНФЕРЕНЦИЈА И МЕЃУНАРОДНИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ - ЕЕН, 16-18 септември 2020 година, во Сараево, Босна и Херцеговина