Семинар 29.09.2020 - 30.09.2020 ИНТЕРНИ АУДИТОРИ НА СИСТЕМ МЕНАЏМЕНТ

„онлајн“ дводневен семинар 10:00-14:00 часот

Цел на семинарот

Целта на семинарот е учесниците да се оспособат самостојно да вршат интерни проверки во својата или друга организација, со високо ниво на сомостојност и ефикасност во реализација при проверка на квалитетот на стоката или услугите што се нудат, а со акцент на зголемување на вкупната ефикасност во работењето и задоволството на барањата на пазарот.
Под поимот проверка на систем менаџментот се подразбира усогласување на низа мерки и нивно спроведување, како би се постигнала на планираната цел во самата организацијата, а притоа примена на систем менаџментот.

За кого е наменет семинарот?    

Семинарот е наменет за сите лица кои сакаат самостојно или во кругот на организацијата да се оспособат за проверка на систем менаџментот во согласност со меѓународно признатите стандарди, како и лица кои се на кој било начин и по кој било основ вклучени во работа на систем менаџментот.
Структура на семинарот – содржина:    

ПРВ ДЕН, 29.9.2020 година
1. КОНЦЕПТ НА ИНТЕРНИ ПРОВЕРКИ    
   1.1. Структура/содржина на стандардот и на документацијата;        
   1.2. Барања на документацијата, организациони поставки и барања поврзани за    реализација на  процесот;
   1.3. Разбирање на улогите и причина за интерна проверка на систем менаџментот;
   1.4. Барања на стандардот поврзани со процесот на континуирано унапредување.    

2. КОНЦЕПТ НА ИНТЕРНИ ПРОВЕРКИ, ПРВ ДЕЛ
   Процес на проверки:
   2.1. Општи принципи при процесот на проверка; 
   2.2. Планирани интерни проверки, погодни интервали за нивно спроведување.
   Вежба:  План на интерни проверки.    
   
   Барања за проверувачите:
   2.3. Барања на стандардот ISO 19011;
   2.4. Човечки, стручни и други карактеристики на проверувачот;
   2.5. Техники кои се користат при провеките.
   
   Подготовка за интерна проверка:
   2.6. Надлежност на тимот;
   2.7. Програма за интерна проверка.
   Вежба: Програма за интерна проверка

ВТОР ДЕН, 30.9.2020 година

3. КОНЦЕПТ НА ИНТЕРНИ ПРОВЕРКИ, ВТОР ДЕЛ
   Состаноци и интервјуа:
   3.1. Одговорности на проверувачот;    
   3.2. Воведен состанок.

   Развој на листа за проверка:    
   3.3. Што се проверува?
   3.4. Општи и посебни листи за провека.
   Вежба: Листа за проверка
   
   Неусогласеност и забележување:
   3.4. Ефективен начин за запишување на белешките забележани во текот на процесот на проверка.
   Вежба: Неусогласеност/забележување

   Проверка на лице место:
   3.5. Прибирање на докази;
   3.6. Правилна комуникација;
   3.7. Правила на забележување на наодите од проверката;
   3.8. Завршен состанок.
   Вежба: Симулација на проверката
  
4. ЗАПИШУВАЊЕ НА НАОДИТЕ ОД ПРОВЕРКИТЕ И ИЗВЕСТУВАЊЕ:
   4.1. Утврдување на наодите од проверката;
   4.2. Содржина на извештајот за наодите од проверката;
   4.3. Завршен состанок.
   Вежба: Известување за наодите од проверката

   Превентивни и корективни мерки:
   4.4. Дефинирање на причините;
   4.5. Разлика помеѓу корективни и превентивни мерки;
   4.6. Надзор над спроведените корективни мерки.

   Преиспитување од страна на раковдството:
   4.7. Врска помеѓу наодите од проверката и преиспитување од страна на раководството.

5. ТЕСТ ЗА ИНТЕРНИ ПРОВЕРКИ – ПРОЦЕС ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ ИНТЕРНИ ПРОВЕРКИ

Предавач:  

- Игор Ќика, дипломиран инженер по менаџмент и виш стручен консултант за  проектирање и имплементација на современите ситеми за менаџмент -  ISO 9001, ISO 14001:2015, OHSAS 18001, ISO/IEC 27001:2013, ISO 20000-1:2018, ISO 22301:2012, ISO 31000:2018, ISO 37001:2016, GDPR.
Ќика е акредитиран експерт-тренер од страна на PECB (Professional Evaluation and Certification Board, Kanada) со повеќе од 150 тренизи во областа на систем менаџмент, проценка на ризик и заштита на податоци, овластен консултант на Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) и Deustche Gesellschaft fur Internationale Zusammenarbeit (GIZ).
Игор Ќика има имплементирано проекти во: Народната банка на Србија – ISO 22301,  Централната банка на БИХ – ISO 9001:2015 и ISO 27001:2013, Контролата на летање на Србија и Црна Гора SMATSA – Воспоставување на систем менаџмент за ризик ISO 31000, ЈКП „Инфостан технологија“ - ISO 9001:2015; ISO 27001:2013; ISO 37001:2016, ЈП „Електропривреда“ - ISO 9001:2015 и ISO 14001:2015, Националната служба за вработување – ISO 37001:2016, Пошта на Р. Србија – ISO 9001:2015, „Шнајдер Електрик“ - Србија – ISO 9001:2015; ISO 14001:2015; ISO 45001:2018; ISO 27001:2013;GDPR…

Работен јазик: српски.

За сите учесници ќе биде обезбедено:   
- упатства за приклучување на „онлајн“ семинарот;
- работни материјали во електронска верзија и e-сертификат за учество на семинарот.    

 Сите заинтересирани за учество на овoj „онлајн“ семинар можат да се пријават најдоцна до 23.9.2020 година.

Листа на едукативни настани за месец септември 2020 година.

Агенда на настанот Пријавен лист

Контакт лица:

м-р Елизабета Андриевска-Ефтимова
++ 389 2 3244074

Михајло Донев
++ 389 2 3244067

Стопанска комора на Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Семинар, 30.10.2020
ТЕХНИКИ И АЛАТКИ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА Е-ПРОДАЖБАТА
Семинар, 30.10.2020
ОСНОВИ НА БЕЗБЕДНОСТ НА ИТ ИНФРАСТРУКТУРА ВО КОМПАНИИТЕ
Online Бизнис средби, 02.11.2020
„Textile Fashion Tech “ МЕЃУНАРОДНИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ ЗА ТЕКСТИЛ
Online Бизнис средби, 03.11.2020
ВИРТУЕЛНИ БИЛАТЕРАЛНИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ ВО РАМКИТЕ НА САМИТОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ „SECURITY SUMMIT 2020“
Online Бизнис средби, 04.11.2020
ВИРТУЕЛЕН НАСТАН ЗА ВМРЕЖУВАЊЕ „VIRTUAL MATCHMAKING EVENT“ ВО РАМКИТЕ НА САЕМОТ ЗА ЕНЕРГИЈА „EIF WORLD ENERGY CONGRESS AND EXPO“
Online Бизнис средби, 04.11.2020
„Онлајн“ саем и b2b деловни средби за метало преработувачки сектор на тема: Match & Innovate 2020
Семинар, 10.11.2020
ПРИМЕНА НА ОПШТАТА РЕГУЛАТИВА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ НА ЕУ(GDPR) И НОВИОТ ЗАКОН ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ ВО ПРАКСА
Семинар, 12.11.2020
ЧИТАЊЕ НА ПОДАТОЦИ И ПОСТAВУВАЊЕ ФИЛТРИ ПРЕКУ GOOGLE ANALYTICS
Семинар, 13.11.2020
Онлајн семинар: КОРИСНИ АЛАТКИ ОД EXCEL 2016 ВО КАНЦЕЛАРИСКОТО РАБОТЕЊЕ
Online Бизнис средби, 18.11.2020
УЧЕСТВО НА „ВИРТУЕЛЕН“- БРОКЕРСКИ НАСТАН И БИЛАТЕРАЛНИ СРЕДБИ НА ТЕМА: „ БЕ@СММ2020-ВМРЕЖУВАЊЕ ВО ПАМЕТНАТА ПРЕРАБОТУВАЧКА ДЕЈНОСТ 2020“
Семинар, 19.11.2020
МОТИВАЦИЈА НА ВРАБОТЕНИ
Семинар, 25.11.2020
ПРЕСМЕТКА НА ПЛАТИ И НАДОМЕСТОЦИ НА ВРАБОТЕНИ, БЛАГАЈНИЧКО РАБОТЕЊЕ, ДАНОК НА ДОХОД И МАГАЦИНСКО РАБОТЕЊЕ
Online Бизнис средби, 01.12.2020
ВИРТУЕЛНИ БИЛАТЕРАЛНИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ „GREEN DAYS“ ВО РАМКИТЕ НА САЕМОТ ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА, ЕНЕРГИЈА И ЦИРКУЛАРНА ЕКОНОМИЈА „POLLUTEC“
Online Бизнис средби, 02.12.2020
Виртуелен настан: „Match4Industry Business Matchmaking Event“