Семинар 25.09.2020 ДЕЛОВЕН ЕКСЕЛ - ПИВОТ ТАБЕЛИ, СЦЕНАРИЈА И КОНТРОЛНИ ТАБЛИ ВО ФУНКЦИЈА НА ЕФИКАСНО И ЕФЕКТИВНО РАБОТЕЊЕ

„онлајн“ семинар 10:00-13:00

Програмата за табеларно пресметување, MS Excel, секојдневно во пракса, го олеснува и унапредува работењето, поради што може да се каже дека познавањето на работата во оваа програма, практично претставува стандард во деловниот свет. За таа цел Бизнис центарот за тренинг и обука во соработка со Центарот за едукација на 25 септември 2020 година организира „онлајн“ семинар на тема: „ДЕЛОВЕН ЕКСЕЛ - ПИВОТ ТАБЕЛИ, СЦЕНАРИЈА И КОНТРОЛНИ ТАБЛИ ВО ФУНКЦИЈА НА ЕФИКАСНО И ЕФЕКТИВНО РАБОТЕЊЕ“. Семинарот посветен на програмата за табеларно пресметување овозможува за најкратко време, оспособување за самостојна анализа на голем број на податоци во Excel како ефикасно и со леснотија би се решавале различни задачи од работното секојдневие. 

Со него се опфатени условното форматирање, најчесто користените функции, валидацијата на податоци, како и пивот табелите - еден од скриените адути на Ексел кои се применуваат во: администрација, финансии, продажба, набавка, водење на магацини, маркетинг, сметководство, аналитика и управување со ризици, односно секогаш кога е потребен брз, лесен и ефикасен начин за анализа и правење на извештаи. Семинарот вклучува и креирање на Dashboard (контролни табли) – визуелен интерфејс кој дава визуелен преглед на комплетното работење врз основа на што брзо се донесуваат одлуки.

Главна карактеристика на современото работење се брзите и непредвидливи промени поради што понекогаш е потребно да се направат повеќе варијанти на извештаи, земајќи ги во предвид неколкуте можни алтернативни вредности на податоци. За таа цел се користат сценаријата чија практична примена исто така е вклучена во семинарот. Excel нуди можност за лесно додавање, промени и бришење на сценарија.

Семинарот е наменет за сите кои сакаат да ги унапредат своите знаења и вештини како би биле поподготвени за идни деловни предизвици - да се запознаат со користењето на многубројните алатки кои ги нуди оваа програма, пивот табели и контролни табли, а потоа и стекнатите знаења да ги применат на своето работно место. Составен дел од семинарот се примери од секојдневната практика. Основен услов е учесникот да има познавања од работа со компјутер и основни познавања на програмата за табеларно пресметување – Excel 2016.

Теми кои ќе бидат опфатени на семинарот:
• Работа со табели;
• Групирање на податоци;
• Валидност на податоци;
• Условно форматирање;
• Работа со формули и функции;
• Креирање сценарија;
• Замрзнување редици/колони;
• Креирање форми за внес на податоци;
• Графички приказ на податоци во рамки на ќелија (Sparklines);
• Пивот табели;
• Креирање контролни табли (Dashboards);
• Заштита на работни листови и датотеки.

По завршување на семинарот, учесникот ќе биде во можност да:
• Практично применува табеларни пресметки;
• Групира податоци и работи со големи табели;
• Креира табели со пресметки кои самите автоматски се пополнуваат;
• Применува условно форматирање и валидација на податоци;
• Креира форма за внес на податоци во табела;
• Креира графикони во рамки на ќелија;
• Користи пивот табели;
• Креира комплексни интерактивни извештаи со кои се добива нов поглед на деловните информации;
• Заштитува работни листови и датотеки;
• Користи контролни табли за креирање комплексни анализи.


Придобивките на компаниите и организациите од примената:
- Генерирање квалитетни работни вештини;
- Олеснета деловна администрација;
- Ефикасно користење на работното време;
- Полесно и побрзо креирање квалитетни информации како подлога за одлучување;
- Оптимизација во работењето со користење на прави информации ;
- Подобар увид во работењето.

Предавач: 
Ирина Иванова
, дипломиран инженер и професор по информатика веќе 19 години. Обучувач во областа на ИТ. Активно е вклучена во проекти финансирани од ЕУ, УСАИД и Британски Совет како експерт и обучувач. Воедно е  ETwinning и Scientix амбасадор за Македонија. Учесник е на бројни конференции, но и автор на прирачници за основно и учебници за средно образование.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
- работен материјал; 
- сертификат за присуство на семинарот.

Последен рок за пријавување: 22.9.2020 година.

Пријавен лист

Контакт лица:

м-р Анита Митревска
++ 389 2 3244057

Михајло Донев
++ 389 2 3244067

Стопанска комора на Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Семинар, 30.10.2020
ТЕХНИКИ И АЛАТКИ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА Е-ПРОДАЖБАТА
Семинар, 30.10.2020
ОСНОВИ НА БЕЗБЕДНОСТ НА ИТ ИНФРАСТРУКТУРА ВО КОМПАНИИТЕ
Online Бизнис средби, 02.11.2020
„Textile Fashion Tech “ МЕЃУНАРОДНИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ ЗА ТЕКСТИЛ
Online Бизнис средби, 03.11.2020
ВИРТУЕЛНИ БИЛАТЕРАЛНИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ ВО РАМКИТЕ НА САМИТОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ „SECURITY SUMMIT 2020“
Online Бизнис средби, 04.11.2020
ВИРТУЕЛЕН НАСТАН ЗА ВМРЕЖУВАЊЕ „VIRTUAL MATCHMAKING EVENT“ ВО РАМКИТЕ НА САЕМОТ ЗА ЕНЕРГИЈА „EIF WORLD ENERGY CONGRESS AND EXPO“
Online Бизнис средби, 04.11.2020
„Онлајн“ саем и b2b деловни средби за метало преработувачки сектор на тема: Match & Innovate 2020
Семинар, 10.11.2020
ПРИМЕНА НА ОПШТАТА РЕГУЛАТИВА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ НА ЕУ(GDPR) И НОВИОТ ЗАКОН ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ ВО ПРАКСА
Семинар, 12.11.2020
ЧИТАЊЕ НА ПОДАТОЦИ И ПОСТAВУВАЊЕ ФИЛТРИ ПРЕКУ GOOGLE ANALYTICS
Семинар, 13.11.2020
Онлајн семинар: КОРИСНИ АЛАТКИ ОД EXCEL 2016 ВО КАНЦЕЛАРИСКОТО РАБОТЕЊЕ
Online Бизнис средби, 18.11.2020
УЧЕСТВО НА „ВИРТУЕЛЕН“- БРОКЕРСКИ НАСТАН И БИЛАТЕРАЛНИ СРЕДБИ НА ТЕМА: „ БЕ@СММ2020-ВМРЕЖУВАЊЕ ВО ПАМЕТНАТА ПРЕРАБОТУВАЧКА ДЕЈНОСТ 2020“
Семинар, 19.11.2020
МОТИВАЦИЈА НА ВРАБОТЕНИ
Семинар, 25.11.2020
ПРЕСМЕТКА НА ПЛАТИ И НАДОМЕСТОЦИ НА ВРАБОТЕНИ, БЛАГАЈНИЧКО РАБОТЕЊЕ, ДАНОК НА ДОХОД И МАГАЦИНСКО РАБОТЕЊЕ
Online Бизнис средби, 01.12.2020
ВИРТУЕЛНИ БИЛАТЕРАЛНИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ „GREEN DAYS“ ВО РАМКИТЕ НА САЕМОТ ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА, ЕНЕРГИЈА И ЦИРКУЛАРНА ЕКОНОМИЈА „POLLUTEC“
Online Бизнис средби, 02.12.2020
Виртуелен настан: „Match4Industry Business Matchmaking Event“