Семинар 25.09.2020 ПРОЦЕНКА НА РИЗИК НА РАБОТНО МЕСТО ПРИ ИЗЛОЖЕНОСТ НА САРС-КОВ-2 ВИРУСОТ

Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат

Во Република Северна Македонија, точно 5 месеци по првиот регистриран случај на КОВИД-19, се надмина бројката од 11.000 регистрирани случаи и  над 3.000 активни случаи. Во изминатиот период се регистрирани повеќе од  500 смртни случаи. 

Во земјата просечно се регистрираат 758 нови случаи на еден милион население во тек на 14 дена (14-дневна инциденца). Подолго од еден месец наназад, дневниот број на хоспитализирани пациенти се движи околу 400.

Овие податоци предизвикуваат сериозна загриженост, особено ако се има предвид фактот дека по ослободувањето од рестриктивните мерки и започнувањето со работа на голем број индустриски и угостителски објекти, организации и установи, расте бројот на вработените кои потенцијално може да бидат заразени од КОВИД-19 не само како последица на видот и карактерот на нивната работа, туку и надвор од работното место.

Инфекцијата може да се случи и при транспорт од дома до работното место и обратно, при што истата започнува да се шири меѓу соработниците на работното место, но и во семејството и блиското опкружување. Како резултат на тоа, секојдневно расте бројот на заразени здравствени и други работници. На почетокот на мај оваа година, имаше 235 заболени здравствени работници, а бројот на работници од другите дејности и понатаму останува непознат. Но, бројот на кластери на заболени лица, особено во текстилната индустрија, расте од ден на ден и во моментов во државата има околу 10 кластери на КОВИД-19 во текстилните фабрики во Штип, Свети Николе, Вевчани и Скопје.

Тоа отвора нови и сериозни дилеми, дали во нашата земја се преземени сите мерки и активности за заштита на здравјето и безбедноста на работниците од појавата и ширењето на болеста КОВИД-19 во компаниите и како тие се спроведуваат? Несомнено е дека генералните противепидемиски мерки функционираат и работодавачите во најголема мера ги следат општите мерки за превенција и контрола на ширење на болеста што се дефинирани во протоколот за сите работни места. Но, сосема е различно прашањето дали во овој период од почетокот на пандемијата, работодавачите ги почитуваат законските обврски што произлегуваат од Законот за безбедност и здравје на работа („Службен весник на РМ“, бр. 92/07). Исто така, останува дилемата - дали требаше да се дефинираат други, дополнителни и специфични мерки за безбедност и здравје при работа, со цел да се заштити здравјето и работната способност на работниците на нивните работни места. Поради тоа, во продолжение е даден приказ на законските обврски што ги имаат работодавачите кога ќе се појави нова штетност на работното место, а во овај случај тоа е можноста за инфекција со САРС-КоВ-2 вирусот и појавата на болеста КОВИД-19.

Иницирани од настанатите измени, Стопанската комора на Македонија во соработка со Македонското здружение за заштита при работа, на 25 септември 2020 година, организира еднодневен семинар на тема: ПРОЦЕНКА НА РИЗИК НА РАБОТНО МЕСТО ПРИ ИЗЛОЖЕНОСТ НА САРС-КОВ-2 ВИРУСОТ.


ПРОГРАМА

• Уставни, законски и стручни основи за признавање на КОВИД-19 за професионална болест;
• Безбедност и здравјето на работа во време на пандемија поради  КОВИД-19; 
• Проценка на ризик на работни места; 
• Што е професионален ризик за појава на КОВИД-19 на работно место? 
• Проценка на ВЕРОЈАТНОСТ за професионална експозиција на САРС-КоВ-2 на работните места;
• Проценка на медицинска/клиничка ранливост; 
• Утврдување на ризикот на работното место; 
• Матрична проценка на ризик на работно место – верзија; 
• Превентивни и корективни мерки.

Презентери: 

1. проф. д-р Елисавета Стикова, специјалист по медицина на труд и
2. м-р Милан Петковски, дипломиран инженер по ЗПР.

Обуката е наменета за сите стручни лица за безбедност при работа, работодавачи, сите чинители кои работат и делуваат во областа на безбедноста и здравјето при работа и останати. 

Овој семинар според Правилникот за едукација на стручни лица за безбедност при работа се бодува со 10 бода за пасивно учество на истиот.

ПОРАДИ ПОЧИТУВАЊЕ НА ПРОТОКОЛОТ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈА НА РАБОТНИ СОСТАНОЦИ, ОБУКИ, КУРСЕВИ И СЕМИНАРИ ДОНЕСЕН ОД ВЛАДАТА НА РСМ, БРОЈОТ НА УЧЕСНИЦИ Е ОГРАНИЧЕН НА 30 УЧЕСНИЦИ.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
- работен материјал; 
- ручек и освежување; 
- сертификат за учество на семинарот.

Сите заинтересирани учесници можат да се пријават најдоцна до 20 септември 2020 година.

Агенда на настанот Пријавен лист

Контакт лица:

м-р Елизабета Андриевска-Ефтимова
++ 389 2 3244074

Михајло Донев
++ 389 2 3244067

Стопанска комора на Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Семинар, 30.10.2020
ТЕХНИКИ И АЛАТКИ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА Е-ПРОДАЖБАТА
Семинар, 30.10.2020
ОСНОВИ НА БЕЗБЕДНОСТ НА ИТ ИНФРАСТРУКТУРА ВО КОМПАНИИТЕ
Online Бизнис средби, 02.11.2020
„Textile Fashion Tech “ МЕЃУНАРОДНИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ ЗА ТЕКСТИЛ
Online Бизнис средби, 03.11.2020
ВИРТУЕЛНИ БИЛАТЕРАЛНИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ ВО РАМКИТЕ НА САМИТОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ „SECURITY SUMMIT 2020“
Online Бизнис средби, 04.11.2020
ВИРТУЕЛЕН НАСТАН ЗА ВМРЕЖУВАЊЕ „VIRTUAL MATCHMAKING EVENT“ ВО РАМКИТЕ НА САЕМОТ ЗА ЕНЕРГИЈА „EIF WORLD ENERGY CONGRESS AND EXPO“
Online Бизнис средби, 04.11.2020
„Онлајн“ саем и b2b деловни средби за метало преработувачки сектор на тема: Match & Innovate 2020
Семинар, 10.11.2020
ПРИМЕНА НА ОПШТАТА РЕГУЛАТИВА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ НА ЕУ(GDPR) И НОВИОТ ЗАКОН ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ ВО ПРАКСА
Семинар, 12.11.2020
ЧИТАЊЕ НА ПОДАТОЦИ И ПОСТAВУВАЊЕ ФИЛТРИ ПРЕКУ GOOGLE ANALYTICS
Семинар, 13.11.2020
Онлајн семинар: КОРИСНИ АЛАТКИ ОД EXCEL 2016 ВО КАНЦЕЛАРИСКОТО РАБОТЕЊЕ
Online Бизнис средби, 18.11.2020
УЧЕСТВО НА „ВИРТУЕЛЕН“- БРОКЕРСКИ НАСТАН И БИЛАТЕРАЛНИ СРЕДБИ НА ТЕМА: „ БЕ@СММ2020-ВМРЕЖУВАЊЕ ВО ПАМЕТНАТА ПРЕРАБОТУВАЧКА ДЕЈНОСТ 2020“
Семинар, 19.11.2020
МОТИВАЦИЈА НА ВРАБОТЕНИ
Семинар, 25.11.2020
ПРЕСМЕТКА НА ПЛАТИ И НАДОМЕСТОЦИ НА ВРАБОТЕНИ, БЛАГАЈНИЧКО РАБОТЕЊЕ, ДАНОК НА ДОХОД И МАГАЦИНСКО РАБОТЕЊЕ
Online Бизнис средби, 01.12.2020
ВИРТУЕЛНИ БИЛАТЕРАЛНИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ „GREEN DAYS“ ВО РАМКИТЕ НА САЕМОТ ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА, ЕНЕРГИЈА И ЦИРКУЛАРНА ЕКОНОМИЈА „POLLUTEC“
Online Бизнис средби, 02.12.2020
Виртуелен настан: „Match4Industry Business Matchmaking Event“