„Алкалоид“ дел од глобалниот саем на фармацевтската индустрија

   

👁 Прочитано: 503


„Алкалоид“ дел од глобалниот саем на фармацевтската индустрија

– „Алкалоид АД“ Скопје од 5 до 7 ноември годинава настапи како излагач на најголемиот саем на фармацевтската индустрија во светот: CPhI (Convention on Pharmaceutical Ingredients) што се одржа во Франкфурт, Германија.

На овој глобален настан секоја година учествуваат 2.500 излагачи и 45.000 посетители од над 165 земји во светот.

Саемот, или во буквален превод „Конвенција на фармацевтски состојки“ првпат е одржан пред 30 години и бележи динамика на додавање нови содржини и пораст на бројот на посетители и изложувачи.

На листата на интереси, како што информираат од „Алкалоид“, највисоко котирани се активните фармацевтски состојки, по што следат готовите фармацевтски формулации, инјектибилни форми/хормони/онколошки лекови, потоа безрецептни лекови итн.

-„Алкалоид“ првпат на оваа конвенција присуствуваше во 2004 година, и оттогаш учествува како активен изложувач со цел прецизирање на договорите со глобалните добавувачи на супстанци и готови производи, лиценцирање на нови производи и дополнување на производното портфолио, се наведува во соопштението на „Алкалоид“.

Настанот, како што посочуваат од „Алкалоид“, е извонредна можност за добивање на информации за најновите достигнувања од областа на фармацевтската индустрија со цел да се одржи чекор со динамичните трендови на фармацевтскиот пазар