ПРЕТСЕДАТЕЛОТ АЗЕСКИ, ПАНЕЛИСТ НА САМИТОТ МАКЕДОНИЈА 2025

   

АКТУЕЛНО / 14.11.2019
👁 Прочитано: 435


ПРЕТСЕДАТЕЛОТ АЗЕСКИ, ПАНЕЛИСТ НА САМИТОТ МАКЕДОНИЈА 2025

Корупцијата, сивата економија, владеење на правото се проблеми на кои треба интервентно да се работи. Бизнисот да биде активно вклучен во креирањето на државните економски политики и спроведување брзи и ефективни избори со краток предризборен период и формирање влада веднаш, по примерот на некои земји во соседството, но и во светот - порака од претседателот на Стопанската комора на Македонија на 8-от самит на Македонија 2025.

Пред повеќе од 300 учесници почна Самитот на Македонија 2025, во присуство на највисокиот политички врв на државата како израз на подршка на политиката за напорите што се прават за поттикнување на домашните компании во насока на подобрување на нивната конкурентност, иновативност со цел освојување нови пазари и поголема извозна ориентираност.

Ана Арсов, претседавач на Самитот Македонија 2025 и член на одборот на директори, на отворањето на настанот истакна дека во рамки на три дневниот самит ќе се реализраат 15 панел дискусии, на кој како панелисти се истакнати македонски бизнисмени кои работат дома или во странство, експерти, аналитичари.

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ АЗЕСКИ, ПАНЕЛИСТ НА САМИТОТ МАКЕДОНИЈА 2025Создавање можности за економски развој во насока на градење силна нација е целта која не обедини преку Македонија 2025 да промовираме одржлив економски развој и лидерство базирано на вредности, истакна Никица Мојсоска Блажевски, главен извршен директор на Македонија 2025, која пред присутните ги претстави петте области на фокус кои ги има оваа организација: поддршка на образованието во делот на развивање критичко мислење и мотивирање на младите луѓе, забрзување на економски развој преку подршка на млади претприемачи, поврзување на дијаспората, транспаретно демократско општество базирано на инклузија.  Досега преку Македонија 2025 се реалиизрани повеќе програми за стипендирање на домашни млади таленти, бизнисмени и претприемачи.

Неопходно е да се обединиме околку неколку главни точки, квалитетно образование, јаки претприемачи, подобрување на квалитетот на живот, подобра бизнинис клима, владеење на правото, а сето тоа ќе се постигне само со партнерство, токму во таа насока вчера беше потпишан меморандум за соработка со Стопанската комора на Македонија, додаде Мојсоска Блажевски.

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ АЗЕСКИ, ПАНЕЛИСТ НА САМИТОТ МАКЕДОНИЈА 2025Во улога на панелист во дискусијата насловена - “Југоисточна Европа: раст на неизвесноста или посветла иднина”, претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески вели дека државата се соочува со повеќе отворени прашања кои го кочат економскиот развој. Корупцијата и сивата економија се проблем број 1 за кој е итно час поскоро решение. Долгите и чести процеси на избори  пред се на предвремени избори го стопираат целокупното економско функционирање во државата. Изборите, вели претседателот Азески се демократска алатка и легитимно право. Она што бара бизнисот е тие да бидат брзи, ефективни со краток предизборен период и формирање влада веднаш како примерот во Грција или уште повеќе како скандинавскиот модел кој не влијае на функционалноста на државата во време на спроведување на изборни процеси и не создава голем вакум простор, посочи претседателот на Стопанската комора на Македонија во панел дискусијата на Самитот на Македонија 2025.

И во обраќањето пред македонските бизнисмени од светот преку Македонија 2025, но и пред останатите присутни на денешниот настан, Азески го истакна значењето на Коморскиот инвестициски форум (КИФ) како институција формирана на иницијатива на Берлинскиот процес. Во таа насока КИФ, вели Азески е последниот обид на Европа да го обедини и економски да го интегрира регионот во целина имајќи го предвид фактот дека сега економската поврзаноста е на многу ниско ниво. Во таа насока треба многу сериозно да се искористи помошта што ја нудат меѓународните финансиски институции, како ММФ, Светска Банка, ЕБРД и други форми на финансиска подршка, а чуствтвото е дека земјите од регионот пружаат отпор. 

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ АЗЕСКИ, ПАНЕЛИСТ НА САМИТОТ МАКЕДОНИЈА 2025Како заокружување во своето излагање, претседателот на Стопанската комора на Македонија констатираше дека клучот на успехот е во отпочнување сериозен квалитетен дијалог  на политиката со бизнис секторот. Мора да се слушне гласот на реалниот сектор, кој предлозите треба да ги темели на база на студии, истражувања, анализи и на тој начин да се пристапи во отворање конструктивен дијалог со државата.   

Бизнисот и граѓанското општество континуирано се залагаат да креираат иднина во државата, а ние како Амбасада се залагаме за почитување на владеењето на правото и ве гледаме како ценет партнер во борбата кон истото, затоа би сакала да ве охрабрам да го развивате целиот потенцијал на државата и веруваме во вашата евро-атланска аспирација, изјави Н.Е. Кејт Мари Брнс, амбасадор на САД во нашата земја. 

Шефот на државата, Стево Пендаровски порача дека за создавање модерна и просперитетна држава со млади кои ќе бидат задоволни во неа и со постојан економски развој е потребна соработка на политиката и бизнисот и градење политики според потребите на економијата. Без владеење на правото, доверба во институциите и нивно непристрасно и професионално функционирање нема подобрување на бизнис климата, вели претседателот Пендаровски.

Премиерот Зоран Заев повика преку иницијативата на Македонија 2025 и низ секој можен поставен канал да се поддржат граѓаните, а посебно младите да разберат дека и овде дома се може. Низ серијата политики што ги креира Владата треба да се испрати заедничка порака дека сме подготвени да бидеме економски хаб овде во Европа, рече Заев.

Михајло Донев
Даниела Михајловска Василевска