КИЕЛ Македонија, најавува нови инвестиции и нови вработувања

   

👁 Прочитано: 316


КИЕЛ Македонија, најавува нови инвестиции и нови вработувања

Германската компанија „Franz Kiel GmbH“ со нејзината инвестиција КИЕЛ Македонија во Желино произведува седишта и дополнителен прибор за автобуси и возови. Со своите 80 вработени ги задоволува брањата на Ван Хол во Македонија, а исто така извезува во Белгија и Германија за своите клиенти, ни вели Горан Големтеов, финансов директор на Киел Македонија.

КИЕЛ Македонија, најавува нови инвестиции и нови вработувања Киел е водечки производител во Европа на иновативни системи за седишта за комерцијални возила и јавен превоз, вклучувајќи решенија за седење за автобуси и возови за локално, регионално и меѓугнародно ниво.

Компанијата е основана од Франц Киел во 1945 година, а во 1948 година со косопственикот Фридрих Кругер го основаа новото седиште на компанијата во Нордлинген, Германија. Првите фиксни рамки за седишта ги произведуваат во 1950 година. 1955 година започнуваат производство на прилагодливи патнички седишта. Осумдесетите години прават развој на првото седиште со сопствена подршка. Во деведестите години, фирмата формира нејзини компании во Турција, Полска, Холандија, Франција. Компанијата е во постојан развој и во освојување на нови пазари ширум светот.

Киел Македонија исто така планира зголемување на операциите и нови вработувања. Низ разговорот забележавме дека Киел Македонија во иднина ќе се фокусира на инвестиција во високо квалификувани кадри низ разни обуки и стипендии. Од наредната година компанијата се вклучува во процесот на дуално образование со што млади лица од Тетовските средни стручни училишта ќе имаат можност низ пракса и теоретска настава да ги направат првите зачетоци на нивната кариера.

Перо Авакумовски