НЕОПХОДНА Е ПОГОЛЕМА СОРАБОТКА НА МАКЕДОНСКИТЕ И ЧЕШКИТЕ ТЕКСТИЛНИ КОМПАНИИ

   

АКТУЕЛНО / 15.11.2019
👁 Прочитано: 226


НЕОПХОДНА Е ПОГОЛЕМА СОРАБОТКА НА МАКЕДОНСКИТЕ И ЧЕШКИТЕ ТЕКСТИЛНИ КОМПАНИИ

Во организација на Амбасадата на Република Чешка во Македонија, беше одржана работна средба помеѓу претседателот на Асоцијацијата на текстилната индустрија на Чешка г-дин Јуржи Чесал и претседателот на Здружението на текстилната индустрија и конфекцијата при Стопанската Комора на Македонија г-дин Ангел Димитров

Република Чешка е земја која во 1980 до 1990 тите година, вработувала 240.000 лица во текстилниот сектор, а денеска во оваа дејност работат 30 до 40 илјади вработени. Нивната Асоцијација брои околу 60 компании членки и 7 партнери, а голем дел од текстилни компании од Чешка се соочуваат со проблемот на недостаток од работна сила, каде компаниите произведиваат производи со поголема додадена вредност што е добар потенцијал за соработка со македонските компании. Просечната плата во Чешка е околу 1.300 евра, а во текстилната индустрија се движи 1000 евра истакна претседателот на Асоцијацијата текстилната индустрија на Чешка, г-дин Јиржи Чесал.

Претседателот на Здружението на текстилната индустрија и конфекцијата при Комората г-дин Димитров посочи дека текстилната индустрија во Македонија во последните години е во тешка ситуација а тоа е резултата на повеќе услови. Прво има недостаток на млад и стручен кадар кој би работел во оваа дејност, второ проблем е големото иселување на населениото од државава, како и покачувањето на платите кое не кореспондира со нивото на продуктивноста во оваа дејност. Со последното покачување на минималната плата таа ќе изнесува 60% од просечната плата на ниво на држава, а 80% од просечната плата во текстилниот сектор. Друг проблем е и тоа што 93% оваа индустрија се базира на лон-производство се увезува готов мтеријалот, кај нас само се доработува, шие пакува, а за тоа цената по единица производ е мала, а тоа е голем проблем на текстилните компании за продолжат со работа, а секако конкуренција се азиските пазари пред се Виетнам, Бангладеш кои има ефтина работна сила и месечни примања од 100 САД долари.

Соработката меѓу текстилни компаниите од Чешка и нашите домашни компании мора да се подигне на повисоко ниво, се со цел отворање нови можности, создавање нови работни места и нудење подобри и попристојни услови за работа.

Општиот впечаток од работната беше позитивен, каде двајцата претседатели искажаа интерес и желба за продлабочување на соработката во оваа дејност од страна на двете земји, како сето тоа би се претворило во реални бизнис-потфати.

Сашо Деспотоски