ВИСОК КВАЛИТЕТ И ДОЛГОРОЧНА ВИЗИЈА-ОСНОВНИ ВРЕДНОСТИ НА ФРУКТАЛ МАК

   

👁 Прочитано: 325


ВИСОК КВАЛИТЕТ И ДОЛГОРОЧНА ВИЗИЈА-ОСНОВНИ ВРЕДНОСТИ НА ФРУКТАЛ МАК

Фруктал Мак е иновативна компанија со препознатлив имиџ, што е во согласност со мисија на компанијата и нејзините брендови. Основна дејност на компанијата е производство на високо квалитетни овошни сокови, нектари и пијалаци изработени без конзерванси притоа користејќи го најдоброто и најсочното овошје во Македонија, споено со знаењето и технологијата на стручњаците на Фруктал.

Фабриката Фруктал Мак а.д. Скопје е лоцирана на патот кон Зелениково на 15 км од Скопје, во еколошки чиста околина. Се простира на површина од 192.000 м2 од кои голем дел се овоштарници насадени со праски, кајсии и јаболки. Денес фабриката брои 60 вработени. Се произведуваат готови производи за домашен и странски пазар (Босна и Херцеговина, Србија, Косово и Црна Гора)

Компанијата датира од 2000 година со купување на имотот од Македонија Табак од страна на Фруктал АД со што започнува историјата во работењето на Фруктал Мак Почетоци и историја на Фруктал Мак

Во 2001 година Пиварата Унион АД станува доминантен сопственик а од 2005 година пиварата Лашко ја презема групацијата Унион. Од 2011 година фирмата Нектар станува доминантен сопственик на Фруктал.

Интензивното инвестирање на Фруктал во современа технологија, овозможува во континуитет производство на 42 различни производи со тенденција на секојдневно проширување на асортиманот.

Фруктал Мак а.д. Скопје располага со повеќе линии за производство:

* За преработка на овошје (праска, кајсија) во овошна каша и асептично складирање на истата
* За асептично полнење на овошни сокови, нектари и пијалаци во Тетрапак амбалажа 1 л.
* За асептично полнење на овошни сокови, нектари и пијалаци во Тетрапак амбалажа 0.25 л.
* За производство на овошни сирупи во стаклено шише од 1 л.
* За производство на негазирани пијалаци во ПЕТ амбалажа од 1.5 л. и 0.5 л

ВИСОК КВАЛИТЕТ И ДОЛГОРОЧНА ВИЗИЈА-ОСНОВНИ ВРЕДНОСТИ НА ФРУКТАЛ МАК

Во разговор со дел од раководството на фабриката при посетата реализирана од претставниците на Стопанската комора на Македонија, беше посочено дека ФРУКТАЛ МАК успева досега да ги решава проблемите со кои тековно се соочува, како недостигот од работен кадар кој го покрива со вработување на лица од самата општината, со што се надминува проблемот на оддалеченост од градот и немање заеднички превоз. Во делот на извозот и увозот, набавка на суровина која делумно доаѓа од земјата а дел од увоз од матичната компанија во Србија како каша, немаат проблеми.

Васко Ристовски