19.02.2019 (Тренинг обука)
ОБУКА НА СТРУЧЕН И ДРУГ КАДАР (МЕНТОРИ) ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ ПРАКТИЧНА ОБУКА КАЈ РАБОТОДАВАЧИТЕ 21.02.2019 (Семинар) НОВ ЗАКОН ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ 22.02.2019 (Семинар) Еднодневен семинар: СИСТЕМАТИЗИРАЊЕ НА РАБОТНИ МЕСТА - ЕФИКАСНА КОМУНИКАЦИЈА ВНАТРЕ ВО КОМПАНИЈАТА И МОТИВАЦИЈА НА ВРАБОТЕНИТЕ - 25.02.2019 (Работилница) Правна заштита на правните субјекти преку правилно утврдување и уредно исполнување на договорните обврски во домашниот и во надворешниот промет 26.02.2019 (Семинар) УПРАВУВАЊЕ СО ПРОИЗВОДСТВОТО 26.02.2019 (Семинар) ОСНОВНИ ПРИНЦИПИ НА ЕРГОНОМИЈАТА И НЕЈЗИНАТА УЛОГА ВО БЕЗБЕДНОСТА И ЗДРАВЈЕТО НА РАБОТНИЦИТЕ 27.02.2019 (Тренинг обука) ПОДОБРУВАЊЕ НА ОРГАНИЗАЦИСКАТА УСПЕШНОСТ ПРЕКУ ПОДОБРУВАЊЕ НА ОРГАНИЗАЦИСКАТА КОМУНИКАЦИЈА 28.02.2019 (Семинар) ЗАТВОРАЊЕ НА ПОБАРУВАЊА - ИСПОЛНУВАЊЕ, КОМПЕНЗАЦИЈА, ОТПУШТАЊЕ ДОЛГ, НОВАЦИЈА, ЗАСТАРЕНОСТ, ЦЕСИЈА, ЗАСМЕТУВАЊЕ НА ИСПОЛНУВАЊЕ, ДОГОВОР ЗА ФАКТОРИНГ 03.03.2019 (Советување) ГРАДЕЊЕ СИЛНИ ОРГАНИЗАЦИСКИ ТИМОВИ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ПРЕДИЗВИЦИ НА РАБОТНОТО МЕСТО 12.03.2019 (Семинар) НОВ ЗАКОН ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ - НОВИ ПРАВИЛА ЗА УЧЕСТВО ВО ЈАВНИТЕ НАБАВКИ 15.03.2019 (Академија) АКАДЕМИЈА ЗА ПРОДАЖНИ ВЕШТИНИ -SALES ACADEMY- 21.03.2019 (Семинар) УПРАВУВАЊЕ СО ОПАСНИ МАТЕРИИ И ОПАСЕН ОТПАД, СОБИРАЊЕ И ОТСТРАНУВАЊЕ, СКЛАДИРАЊЕ И ДЕПОНИРАЊЕ, РЕЦИКЛИРАЊЕ, ГОРЕЊЕ, КРИТИЧКИ ТОЧКИ И „CASE STUDY“ 01.04.2019 (Бизнис средби) БИЗНИС СРЕДБИ ВО ХАНОВЕР, СР ГЕРМАНИЈА, ОД 1 ДО 4 АПРИЛ 2019 ГОДИНА 11.04.2019 (Бизнис средби) Mеѓународни деловни средби за стартап, мали и средни компании од Источна Европа во Диселдорф, Германија |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
ПроектиПроекти / Иницијативи / Програми
Назив на проектот: Проект на УСАИД - Партнерство за подобра бизнис регулатива Времетраење на проектот: Октомври 2016 – Септември 2020 Имплементациски партнери: Цели на проектот: Активности на проектот:
Brief introduction to the project Партнери: - Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје (Машински факултет/ Катедра за индустриско инженерство и менаџмент) Времетраење: 2 години (декември, 2017 – декември, 2019 година) Главна цел: Главната цел е подобрување на изведбата на одредени компании во Република Македонија со цел да бидат поконкурентни и да бидат способни подобро да соработуваат со странските директни инвестиции (но исто така и со други странски компании). Очекувани исходи: - Обука на вработените во 10-15 компании со врвни пристапи кон менаџментот Листа на активности
Зошто овој проект ќе биде различен од претходните слични активности/ специфични карактеристики на проектот: - Различна клима во земјата - Активно учество на СДИ во секоја фаза од проектот (со финансиски надомест за вложениот труд)Нивните претставници треба да учествуваат во фазите на одлучување на барањата кон домашните компании, избор на квалификуваните домашни компании за соработа, лоцирање на недостатоците што ја оневозможуваат соработката, обука на домашните компании, практични индустриски проекти што треба да ги елиминираат недостатоците, итн. - Финансиска поддршка за вработување во домашните компании - Акумулирано искуство на оваа тема - Овој проект главно ќе се фокусира на технички именаџерски проблеми во компаниите Предвидени ризици:
Назив на Проектот: ЕУ Проект: „Пазарно ориентирани вештини за одржливо енергетски ефикасно градење“ - Траинее Времетраење на Проектот: од 01.5.2018 година до 31.10.2020 година. Координатор на Проектот: Стопанска комора на Македонија Партнери во Проектот: Здружението за бизнис и консултанти „Креација“, Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје, Јавната установа Центар за образование на возрасните Скопје (ЦОВ), Инженерската институција на Македонија (ИИМ), и WITS INSTITUTE SL (BIM Academy) Академијата БИМ од Шпанија. Како поддршка на градежниот сектор, а во насока на креирање дополнителни капацитети на вработените за имплементирање на параметрите за енергетска ефикасност во градбите од 1 мај 2018 година започна со реализација Проектот „Пазарно ориентирани вештини за одржливо енергетски ефикасно градење“ (TRAINEE). Проектот се води во рамките на „Хоризонт 2020“ (работна програма „Безбедна, чиста и ефикасна енергија“, под повикот за „Енергетска ефикасност“ ЕЕ-2016-2017). Активностите што ќе се реализираат во следниот период се планирани во повеќе области со цел постигнување поголем број од резултатите предвидени да се постигнат со реализација на проектот. Така, еден сегмент на дејствување е кон натамошно подобрување на вештините на градежните работници за градење енергетски ефикасни објекти преку обука и преквалификации, со цел да се постигнат параметрите на ЕУ „Стратегијата 2020“ за енергетска ефикасност. Во таа смисла, Проектот „ TRAINEE“ ги надградува веќе постигнатите резултати во претходните два реализирани проекта од страна на Стопанската комора на Македонија како што беше Проектот „Обука на градежните работници за енергетска ефикасност 2014-2016“, каде повеќе од 300 работници поминаа обука за градење на енергетски ефикасни објекти и повеќе од 1000 работници се здобија со сертификат за поседување вештини за енергетска ефикасност во градби врз база на моделот за препознавање на претходно стекнати вештини. Во рамките на првиот проект „Градење на вештини за енергетска ефикасност 2012-2013“ беа реализирани и развиени тренинг шеми и проширување на обуките и на градежните професионалци - архитекти, инженери и техничари. И двата проекта придонесоа за подигање на капацитетите на градежните работници за енергетска ефикасност во градби. Преку активности во рамките на Проектот ќе се иницира прифаќање на надградените вештини на градежните работници од страна на пазарот преку остварување соработка со различни професионални групи. Една од задачите е поттикнување на потребата од користење на квалификувана работна сила во градежништвото со предлози за корекција на законодавството, во насока на исполнување на стандардите зацртани со Правилникот за енергетски карактеристики на градби. Областите каде се очекува Проектот да има влијание се групирани во 2 групи: -креирање политики за одржливо градење: предлози за интервенции во законодавството со поттикнување на примена на Правилникот за енергетски карактеристики на градби, предлог-методологија за препознавање на претходно учење, предлог-патоказ за воведување на „БИМ“ (алатки за информациско моделирање на градби) на национално ниво. Овие проектни резултати како директни корисници ги имаат министерствата за економија и за образование и наука. Бројот на индиректни корисници може да достигне и до 100.000 сопственици на станови кои се предмет на издавање (а кои треба да ги следат одредбите од споменатиот Правилник за енергетски карактеристики на градби), како и околу 5000 нови сопственици на станови, колку што е бројот на новоизградени станови годишно. Вреди да се вбројат и околу 1000 невработени лица годишно кои може да се вклучат во програмите за преквалификација на националната агенција за вработување. Втора група каде се очекува Проектот да има влијание е градењето капацитети и вештини во насока на градење технички вештини, како и влијанието на пазарот. Градењето капацитети на техничките вештини се однесува на подготовка на иновативни шеми за обука и стекнување квалификации преку неформалното образование, со што како потенцијални корисници би биле опфатени: 200 градежни компании, 100 провајдери на неформално образование, 4000 градежни професионалци и 9600 градежни работници (бројки дефинирани во Патоказот за развој на вештини за енергетска ефикасност). Влијанието врз пазарната вредност на вештините за енергетски ефикасно градење ќе се постигне преку мерливо демонстрирање на намалувањето на енергетската потрошувачка на градбите во кои се применети мерки за енергетска ефикасност, што ќе се постигне со примена на „БИМ“-алатките и градењето на организациски капацитети за одржливост на проектните резултати ќе биде постигнато со етаблирање на Центар на знаење, како основен резултат од Проектот, кој ќе овозможи одржливост на постигнатите резултати и по завршувањето на проектот, за што ќе биде изготвен и бизнис-план за истиот.
Назив на Проектот: ЕУ Проект „Центар за вработување на лица со хендикеп“ Стопанската комора на Македонија и Полио Плус –движење против хендикеп започнаа со реализација на заеднички едногодишен ЕУ-проект „Центар за вработување на лица со хендикеп“. Овој проект е дел од Оперативната програма за развој на човечките ресурси 2007-2013 година – ИПА. Генерална цел на Проектот: Токму затоа, овој проект има за цел да ја зголеми вклученоста на лицата со хендикеп, кои како лица со зголемен ризик ќе се подготват преку соодветни обуки да се вклучат на отворениот пазар на труд и оваа цел ќе се постигне преку: 1. воспоставување на иновативен сервис за вработување за лица со хендикеп; Преку градење на капацитетите на бизнис-секторот, преку обуки за соработниците на лицата со хендикеп, како и преку константна поддршка на компаниите од страна на врвни експерти, ќе се овозможи инклузивна, професионална, пријателска и продуктивна атмосфера за работа и имплементирање на активностите. Колку што се битни знаењата и вештините на лицата со хендикеп, толку е битно да се сензибилизираат компаниите и нивните менаџерски тимови за целосна и ефективна инклузија на лицата со хендикеп. Центарот за вработување на лица со хендикеп ќе биде лоциран во просториите на Стопанската комора на Македонија, како координатор на Проектот. Овој проект е финансиран од Европската комисија. Министерството за труд и социјална политика е координатор на Програмата ИПА за социјална инклузија.
ПОВИК за пријавување на кандидати за препознавање Во рамките на ЕУ-иницијативата BUILD UP Skills (http://www.buildupskills.eu), која има за цел подобрување на квалификациите и вештините на европските градежни работници за постигнување на зголемена енергетска ефикасност на објекти, во Македонија во тек е реализација и имплементација на втората фаза на проектот „BUILD UP Skills – Builders’ Energy Efficiency Training (BEET)”. Иницијативата е фокусирана на континуирано неформално образование за различни занимања вклучени за изградбата на објекти. Целта на Проектот е реализација на тренинг-програми за развој и унапредување на вештини на работниците од градежниот сектор за постигнување на зголемена енергетска ефикасност во објекти, за 5 (пет) занимања кои во Патоказот (http://www.buildupskills.mk/images/Publikacii/Roadmap/EN_Roadmap_BUS-MK.pdf) се дефинирани како приоритетни. Како дел од проектните активности, Проектот „Обука на градежните работници за енергетска ефикасност(BUILD UP Skills – BEET)”, организира ПРЕПОЗНАВАЊЕ (ВЕРИФИКАЦИЈА) повеке информации ке можете да најдете на веб страната од проектот
Проект: „Обука на градежните работници за енергетска ефикасност“ ИНФОРМАЦИИ ЗА ПРОЕКТОТ Од август 2014 година и Македонија е дел од европската иницијатива за подобрување на енергетската ефикасност во градежниот сектор, преку реализација на втората фаза на Проектот „Build up skills“, како дел од Програмата за конкурентност и иновативност – од потпрограмата на ЦИП - Интелигентна енергија на Европската комисија, менаџирана од Европската агенција за мали и средни компании (ЕАСМЕ), кој е последен проект што се реализира од претходната ЦИП-програма (од јануари 2014 година наследничка на Програмата ЦИП, а тоа е новата Програма КОСМЕ што ќе се реализира во следниот седумгодишен период). Во првата фаза од ЕУ-иницијативата на Build up skills, се подготвија два значајни документа за градежниот сектор. Првиот документ е Анализа на постојните состојби во градежниот сектор (Status Quo Analysis) и вториот документ е Патоказот за развој на капацитетите на градежните работници во Македонија (Road Map). Со овие два документа се дефинираа професионалните квалификации и потребните модули за надградба и дообука на работниците од градежниот сектор, со цел јакнење на капацитетите на квалификувани работници и занаетчии со вештини и знаења за градење и реконструкција на енергетски ефикасни објекти. Главната активност на Европската иницијатива Build up skills „Обука на градежните работници за енергетска ефикасност“ е да им помогне на европските национални економии да ги подобрат капацитетите на работниците во градежниот сектор, со акцент на обука и едукација на градежните работници за енергетска ефикасност, за да може и Република Македонија да ги постигне параметрите на ЕУ Стратегијата 2020 за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија. Иницијативата на Европската унија за градење на капацитетите на работниците во градежниот сектор е со цел да ја подготви и нашата земја во делот на квалификација и преквалификација на градежните работници, со акцент на обука и едукација на работниците во градежните сектор, со цел да се постигнат параметрите на ЕУ Стратегијата 2020 за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија во градежниот сектор. Целта на втората фаза од оваа иницијатива на ЕУ е да се развијат материјали и модули за обука на кадар во градежниот сектор во делот на енергетската ефикасност во градби. За таа цел, ќе се обучат тренери - обучувачи кои понатаму ќе ги обучуваат градежните работници во Македонија. До крајот на 2015 година ќе се спроведат 5 вида на обуки за енергетска ефикасност во градежниот сектор во Македонија и тоа обуки за: Предлогот за овие 5 обуки кои се дел од претходната анализа направена во градежниот сектор ќе обезбеди вклучување на 5 занимања идентификувани како приоритетни во националната карта во Македонија, со цел да се подобри состојбата на занимањата, односно да се добие стручно подготвен кадар во градежниот сектор за градење на енергетски ефикасни градби. Развојот на материјалите и модулите на овие 5 занимања ќе значи готови модули за верификација на овие занимања кои ќе можат понатаму да бидат дел од неформалното образование. Очекувани резултати од планираните обуки во септември 2015 година ќе бидат: Новина е тоа што обучените тренери и обучените градежни работници ќе можат да работат и во една балканска земја, членка на ЕУ, а тоа е Хрватска, согласно потпишаниот Меморандум на взаемно признавање на сертификатите за градежните работници во енергетската ефикасност во рамките на Проектот, кој беше потпишан меѓу националните конзорциуми на Македонија и Хрватска. ПАРТНЕРИ ВО ПРОЕКТОТ Конзорциумот за имплементација на овој проект во Република Македонија е составен од: Стопанската комора на Македонија, како координатор на Проектот, Факултетот за електротехника и информатички технологии, потоа ЈУ Центарот за образование на возрасни, Здружението на бизнис-консултанти „Креација“, Центарот за промоција на одржливи земјоделски практики и рурален развој – ЦеПроСАРД (Здружение на граѓани) и Факултетот за бизнис економија од Скопје. Втората фаза на оваа Европска иницијатива паралелно се спроведува во 20-тина земји на ЕУ (30 европски земји беа во првата фаза), а Македонија и Хрватска се единствени кои учествуваат во истата од регионот. Македонија е единствена земја која не е членка на ЕУ, а го доби овој проект кој ќе биде координиран од страна на Стопанската комора на Mакедонија. Исто така, оваа иницијатива беше поддржана од страна на сите релевантни институции во земјава, како што се министерства, агенции, градежниот сектор, едукативниот сектор за формално и неформално образование, како и невладиниот сектор кој се занимава со ЕЕ и ОИЕ. ЕУ Проект „Build up skills MK“ ИНФОРМАЦИИ ЗА ПРОЕКТОТ Во рамките на Програмата за конкурентност и иновативност на Европската комисија – Интелигентна енергија, покрената е широка иницијатива на Европската унија за подобрување на енергетската ефикасност во градежниот сектор „Build up skills“ (Градење капацитети во градежниот сектор). ЦЕЛИ КОНКРЕТНИ ЦЕЛИ РЕЗУЛТАТИ ПАРТНЕРИ НА ПРОЕКТОТ НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА НА КВАЛИФИКАЦИИ ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОЕКТОТ Проект: ABC-DIHK Асоцијација на Балканските Комори (АБК) Проект: BCTP Балкански регионален центар за унапредување на трговијата - БЦТП Организации-основачи: Активности: Eurochambres (Асоцијација на европските комори) Извештај за инвестициона реформа во земјите од Западен Балкан, издаден од страна на Асоцијацијата на европските стопански комори – EUROHAMBRES, во рамките на Проектот Partners for Investment Promotion, кофинасиран од страна на Европската унија и со поддршка на OECD. Проект: CEFTA-DIHK ЦЕФТА-ДИХК ПРОЕКТ ЗА ПАРТНЕРСТВО ![]()
Контакт адреса :
Стопанската комора на Македонија ул. Димитрие Чуповски, 13 1000 Скопје
Контакт: Јадранка Аризанковска
Тел: ++ 389 2 3244038 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: jadranka@mchamber.mk ![]()
![]()
© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права
|