05.09.2017 (Семинар)
РАСКИНУВАЊЕ НА ТРГОВСКИТЕ ДОГОВОРИ, УТВРДУВАЊЕ НИШТОВНОСТ, ПОНИШТУВАЊЕ НА ИСТИТЕ И ПРАВНИТЕ ПОСЛЕДИЦИ КОИ ГИ СЛЕДАТ ОВИЕ ИНСТИТУТИ

06.09.2017 (Семинар)
ПРЕСМЕТКА И ОДАНОЧУВАЊЕ НА НАДОМЕСТОЦИ - ТРОШОЦИ ПОВРЗАНИ СО РАБОТАТА СОГЛАСНО ЗАКОНСКАТА РЕГУЛАТИВА

12.09.2017 (Семинар)
Дводневен семинар на тема: УПРАВУВАЊЕ СО ОРГАНИЗАЦИИТЕ ВРЗ ОСНОВА НА СЛЕДЕЊЕ НА УЧИНОКОТ НА ВРАБОТЕНИТЕ

14.09.2017 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема: УПРАВУВАЊЕ СО КОНФЛИКТИ

18.09.2017 (Тренинг обука)
Дводневен тренинг: РАЗВОЈ НА ЛИДЕРСТВО

19.09.2017 (Саем)
КУПУВАЧКА МИСИЈА И ПОСЕТА НА „FOOD ISTANBUL 2017“

20.09.2017 (Саем)
САЕМИ ЗА ГРАДЕЖНИШТВО, ЕНЕРГЕТИКА И ВОДИ- 20-24.09 БУДВА, ЦРНА ГОРА

20.09.2017 (Семинар)
Советување на тема:ПРАВНИ НОРМИ ОД ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ И ЗАКОНОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА ЗА КОИ НАЈЧЕСТО СЕ УТВРДЕНИ НЕПРАВИЛНОСТИ ПРИ ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР

22.09.2017 (Бизнис средби)
МЕЃУНАРОДНИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ-EEН „ ARCH 2017“ (ГРАДЕЖEН СЕКТОР) на 22 септември 2017 година, во Прага, Република Чешка

26.09.2017 (Семинар)
ИЗГОТВУВАЊЕ НА ФИНАНСИСКИТЕ ИЗВЕШТАИ ЗА ДАНОЧНИ И УПРАВУВАЧКИ ЦЕЛИ ПО СОПСТВЕНА МЕРКА

27.09.2017 (Бизнис средби)
КУПУВАЧКА МИСИЈА И ПОСЕТА НА „ INTERNATIONAL PHARMACEUTICAL PRODUCTS MEETING 2017 “

28.09.2017 (Бизнис средби)
МЕЃУНАРОДНИ БИЗНИС СРЕДБИ – 28-29 септември 2017 Тирана, Албанија

28.09.2017 (Семинар)
СРЕДСТВА ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЊАТА (ПРЕТХОДНИ И ПРИВРЕМЕНИ МЕРКИ) И ЛИКВИДАЦИЈА НА ТРГОВСКИ ДРУШТВА

28.09.2017 (Семинар)
НОРМАТИВИ И СТАНДАРДИ ВО ТРГОВСКИТЕ ДРУШТВА СОГЛАСНО ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ И ЗАКОНОТ ЗА ПОЖАРНИКАРСТВО

29.09.2017 (Семинар)
ПРАВНА ПРИРОДА НА ДОГОВОРИТЕ ЗА ПРЕВОЗ И ШПЕДИЦИЈА, ПРАВА И ОБВРСКИ НИЗ ПРИЗМАТА НА СУДСКАТА ПРАКСА И ВИДОВИ ДОКАЗИ

02.10.2017 (Тренинг обука)
Тренинг-програма со WIFI:МЕЃУНАРОДЕН МАРКЕТИНГ-МЕНАЏМЕНТ ЗА ПРОМОЦИЈА И НАСТАП НА АВСТРИСКИОТ ПАЗАР

03.10.2017 (Семинар)
ВОВЕД ВО ЕТИЧКО ХАКИРАЊЕ

04.10.2017 (Бизнис средби)
„MARKETPLACE AUSTRIA FOOD“- БИЗНИС-СРЕДБА НА АВСТРИСКИ ФИРМИ СО ПРОИЗВОДИТЕЛИ И УВОЗНИЦИ НА ПРЕХРАНБЕНИ ПРОИЗВОДИ ОД ЦЕЛИОТ СВЕТ

30.10.2017 (Бизнис средби)
„Саем за директни бизнис средби Кошице 2017“-Словачка, 30.10.2017

01.11.2017 (Бизнис средби)
Бизнис средби „Ready2GO" во САД, Канада, Чиле, Камерун и Индија

09.11.2017 (Бизнис средби)
МЕЃУНАРОДНИ БИЗНИС СРЕДБИ „RENEXPO®BIH 2017“ - 9.11.2017 Сараево, БиХ

23.11.2017 (Саем)
"24. Интернационален саем во Тирана"- 23-26.11.2017 Тирана, Р. Албанија

28.11.2017 (Бизнис средби)
„INTERNATIONAL MACHINERY AND PLANT ENGINEERING FORUM 2017“

Бизнис-настани

14.09.2017 - 14.09.2017


Семинар Стопанска комора на Македонија,  Македонија

Еднодневен семинар на тема: УПРАВУВАЊЕ СО КОНФЛИКТИ


Еднодневен семинар:

УПРАВУВАЊЕ СО КОНФЛИКТИ

14.9.2017 година (четврток)
10:00 - 16:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

          Во 2008 година професорите Гарет Џонс и Џенифер Џорџ во книгата „Современ менаџмент“ потврдуваат дека само компаниите во кои менаџментот е способен конструктивно да ги менаџира конфликтите имаат максимална ефиканост. Другите (каде што конфликтите се ставаат „под тепих“ или каде што ескалираат) имаат минимална ефикасност. Целата енергија се троши во сопки и штитење наместо во заедничко ефикасно работење.
          Конфликтите во себе носат голем потенцијал, нови идеи и тие треба да се добродејдени. Науката потврдува дека во организациите е добро конфликтите да бидат присутни во едно оптимално ниво.
          Само доколку вработените имаат слобода јасно и гласно да го изразат своето мислење и да кажат што мислам дека треба поинаку да биде направено, ќе се дојде до најдоброто решение и до резултати. Во исто време треба да се знае дека конфликтите во себе имаат голем деструктивен потенцијал. Ако не бидат соодветно менаџирани, тие можат да ја нарушат работната атмосфера, да ги влошат меѓучовечките односи, да ја влошат комуникацијата и да влијаат на мотивацијата на вработените.
          Со цел навремено препознавање и соодветно трансформирање на конфликтите од раководителите и вработените која е клучна карактеристика за успехот на организациите, Стопанската комора на Македонија на 14.9.2017 година организира еднодневен семинар на тема: УПРАВУВАЊЕ СО КОНФЛИКТИ.

ЗА КОГO Е НАМЕНЕТА ОБУКАТА?
• За организации во кои постојат отворени или потиснати конфликти;
• за организации кои сакаат да ги усовршат своите пристапи за менаџирање на конфликти;
• за организации кои во својата дејност имаат постојана размена на идеи, дискусии и избор на најдобри решенија, што создава потенцијал за многу конфликти;
• за раководители на сите нивоа на водење на организациите;
• за менаџери на човечки ресурси или кои извршуваат активности од таа област;
• за вработени кои се вклучени во процеси за избор на најдобри решенија.

СОДРЖИНА НА ОБУКАТА:
• Што е конфликт?
• Видови на конфликт;
• Важноста од оптимално присуство на конфликти во организацијата;
• Динамика на развој на конфликтот;
• Традиционален и современ пристап кон конфликтите;
• Алатките ДРАМА триаголникот и конфликт ПАЗЛ како перспективи за разбирањето на конфликтите;
• Конфликтот како опасност или како можност за напредок;
• Улогата на емоциите во конфликтите;
• Самосвеста како клучен аспект за разрешување на конфликтите;
• Важноста на емоционалната интелигенција при менаџирањето на конфликтите;
• Одредување на личен конфликтен стил;
• Примената на асертивната комуникација при трансформацијата на конфликтите;
• Улогата на емпатијата при трансформацијата  на конфликтите;
• Формулата на ЈАС говор при трансформирањето на конфликтите;
• Пристап за трансформација на конфликтот во 7 чекори.

ЕФЕКТИ ОД ОБУКАТА:
• Полесно ќе управуваш со своите емоции;
• Полесно ќе се справуваш со агресивни луѓе;
• Поодлучно ќе ги искажуваш својот став и чувства;
• Полесно ќе доаѓаш до заедничко решение;
• Поефективно ќе учествуваш во носење тимски одлуки;
• Ќе придонесуваш за похармонична работна атмосфера;
• Конфликтите ќе се намалат;
• Лесно, брзо и смирено ќе ги разрешуваш;
• Наместо со страв и непријатност, на конфликтите ќе гледаш како можност за развој и усовршување.

Предавач:
        - Професор д-р Лазар Ѓуров, еден од најактивните и најистакнатите консултанти и обучувачи во Македонија. Тој е универзитетски професор на Воената академија и Бизнис Академија Смилевски. Таму ги предава предметите Организација и менаџмент, Лидерство, Комуникации и комуникациски вештини и Интерперсонални деловни вештини.
         Тој е основач и претседател на Институтот СИМБИОТИКА. Автор е на две книги за лидерство. Како обучувач е сертифициран од Универзитетот за едукација и комуникации - Jönköping од Шведска. Неговите обуки постојано добиваат највисоки оценки. Во 2010 година од Центарот за развој на претприемачи и менаџери – CEED доби награда за најдобра обука во конкуренција на обуки од реномирани обучувачи и експерти од земјава и странство.
         Негова омилена тема му се конфликтите затоа што во нив се содржи целокупната практична примена на сите комуникациски вештини и емоционалната интелигенција и затоа што од успешната трансформација на конфликтите зависи дали некоја фирма забрзано ќе расте и ќе напредува или ќе тоне во трошење на енергијата во долги и измачувачки директни или индиректни расправии.

         Сите заинтересирани за учесто на семинарот можат да се пријават најдоцна до 4 септември 2017 година. 

Во прилог: 
- Агенда и 
- Пријавен лист.


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Михајло Донев
Тел: ++ 389 2 3244067
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: mihajlo@mchamber.mk

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова
Тел: ++ 389 2 3244074
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: beti@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права