ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Средби, Семинар, Обука, Настан
   
13.09.2019
Семинар
SMED (SINGLE MINUTE EXCHANGE OF DIES) МЕТОДОЛОГИЈА – ПРОМЕНА НА АЛАТКИТЕ ЗА ЕДНА МИНУТА
Стопанска комора на Македонија, Македонија

Еднодневен семинар на тема:

SMED (SINGLE MINUTE EXCHANGE OF DIES) МЕТОДОЛОГИЈА – ПРОМЕНА НА АЛАТКИТЕ ЗА ЕДНА МИНУТА

27.9.2019 година (петок)
9:30-15:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат

 

         Стопанската комора на Македонија, на 27 септември 2019 година, организира еднодневен семинар на тема: SMED (SINGLE MINUTE EXCHANGE OF DIES) МЕТОДОЛОГИЈА – ПРОМЕНА НА АЛАТКИТЕ ЗА ЕДНА МИНУТА.

Цел на семинарот:
SMED (SINGLE MINUTE EXCHANGE OF DIES) МЕТОДОЛОГИЈА – ПРОМЕНА НА АЛАТКИТЕ ЗА ЕДНА МИНУТА е една од LEAN методите која драстично го намалува времето кое е потребно да се заврши промена на алатот како дел од машината. Во пракса под терминот „замена на алатот“ не се подразбира само замена на алатот како дел од машината, туку севкупното време кое ќе се потроши од моментот на завршување на производот А на една машина и отпочнувањето на производство на друг производ Б на истата машина. Ова време кое ќе се се потроши терминолошки се нарекува Changeover-Време на промена, во кое спаѓаат и сите подесувања на машината за производство на производот Б.

Суштината од примената на SMED методологијата е да го намалиме драстично времето за промена на алатот како дел од машината. Во пракса се покажало дека ако процесот за замена на алатот од машината не е детално анализиран, постои можност за замена на истиот да се смали времето на замена и до 80%. Постојат екстремни примери каде замената на алатот на големи преси која траела еден ден (и за тоа време пресата била нефункционална), се смалило на 30 минити. Секој чекор за замена на алатот детално се анализира како би се видело дали може да биде елиминиран, временски преместен и да се работи на истиот додека и машината работи), воедно да биде поедноставен и автоматизиран.
Клучната активност на SMED-методологијата е да се дефинираат интерните елементи (активностите за промена кои се извршуваат додека машината стои) и екстерните елементи (активности на промена кои се извршуваат додека машината работи), а потоа префрлување на интерните елементи во екстерни, како би се скратило времето на стоење на машината додека трае промената на алатот.

Творец на SMED-методологијата е Шингео Шинго, кој воедно е творец на TPS- Toyota Production System кој успеал со првата примена на SMED-методологија, замената на алат како дел од пресата во Тојота да го смали од 4 часа на 3 минути.
Најдобар пример за примена на SMED-методологија во пракса е замена на тркалата на болидите на Формула 1 во пит-стопот. Светски рекорд поставила екипата на „Red Bull“ кои направиле замена на тркалата на болидот Формула 1 за 2,05 секунди, а замислете колку време ни е потребно да замениме тркало на нашите автомобили.

Учесниците на семинарот ќе добијат јасни насоки како во своите компании да ги препознаат местата за SMED-методологија и кои се нејзините основни чекори за спроведување.

За кого е наменет семинарот?
Семинарот е наменет за топ менаџери, директори и раководители на производство, квалитет, членови од тимот за анализа и неусогласености, како и членови на тимот кои се заниваат со анализа на работата во компанијата, за LEAN-SIX Sigma менаџерите, инженерите за технолошки процеси, како и сите структури на вработени кои се вклучени во оптимизација на процесите и стандардите за квалитет, анализа и планирање и останатите системи за управување во самата организација.

Содржина  на семинарот:

1. SMED – ПОИМ И ИСТОРИЈАТ;
2. БЕНФИТИ ОД ПРИМЕНА НА SMED МЕТОДОЛОГИЈА;
3. РАСФРЛАЊА ВО LEAN;
4. SMED – ОДЛУКИ ВО ПРОЕКТОТ;
5. ЧЕКОРИ НА SMED-МЕТОДОЛОГИЈА;
   5.1 SMED-1 Дефинирање на проектот;
   5.2 SMED-2 Дефинирање на Basline на проектот;
   5.3 SMED-3 Раздвојување на екстерните елементи;
   5.4 SMED-4 Претворање на интерните во екстерни елементи;
   5.5 SMED-5 Елиминација на сите расфрлања;
   5.6 SMED-6 стандардизација;
6. Студија на случај.

Предавач:

Слободан Аќимовиќ, директор и водечки консултант во компанијата „PDCA Konsalting“ од Нови Сад. Петнаесетгодишно искуство на позиции директор во различни области („Mitros Music“ - Белград (увоз, дистрибуција и продажба на музички инструменти  и опрема), „ABC Proizvod“ - Ужице (производство на котли за централно греење), „Mobes Quality“ - Нови Сад (консултантска куќа); Lead auditor за ISO 9001, ISO 27001, проект-менаџер по PMI-методологија итн. Како директор на компанијата „TQM Konsalting“ од Нови Сад, од 2010 година раководи со тим на консултанти за имплементација на системи на менаџмент во организации во Србија, Црна Гора и БиХ.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
- работен материјал;
- ручeк и освежување;
- сертификат за присуство на семинарот.

Работен јазик и материјали на српски јазик.

Рок за пријавување: 20.9.2019 година.


Агенда на настанот Пријавен лист Пријави се електронски

Контакт лице:
Елизабета Андриевска-Ефтимова
Телефон: ++ 389 2 3244074
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: Beti@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Контакт лице:
Анита Митревска
Телефон: ++ 389 2 3244057
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: anita@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје