Тренинг обука / 25.09.2019

ПРОДАЖНИ МРЕЖИ ВО ОСИГУРИТЕЛНИ И ФИНАНСИСКИ ИНСТИТУЦИИ

Стопанска комора на Македонија, сала 4, 5-ти кат


   

Еднодневна специјалистичка обука на тема:

ПРОДАЖНИ МРЕЖИ ВО ОСИГУРИТЕЛНИ И ФИНАНСИСКИ ИНСТИТУЦИИ

25.9.2019 година (среда)
10:00 – 15:30 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат

„Теорија е кога знаеш се, но ништо не функционира. Пракса е кога се функционира, но не знаеш зошто.“
      (Алберт Ајнштајн)

           Анализите на пазарот на труд на ниво на ЕУ покажуваат дека до 2020 година петте најбарани професии се во областите: образование, трговија, здравје, финансии и осигурување. Банкарството, осигурувањето и општо финансискиот сектор се карактеризираат со турбулентност како последица на неодамнешната глобална криза, но од друга страна овие сектори нудат најширока палета на производи и услуги на пазарот. Глобализацијата ни овозможи пристап до голем број информации притоа затрупувајќи не со низа потребни и непотребни податоци. Просечен корисник поради големата количина на податоци тешко може да определи кои податоци ќе му бидат корисни, а уште поважно, кои извори се најрелевантни.

           Иднината припаѓа на осигурителните компании кои свесно ќе ја градат својата продажна мрежа. Преку едукација и градење на сопствена продажна мрежа компанијата ќе биде подготвена за промени, независно од брокерите и агентите. Во текот на изминатите години во осигурувањето важеше подеднаква примена на теоријата и праксата. За успех во продажбата потребни се најсовремени пристапи, стратегии и продажни техники при соочување со проблеми од типот на: 

• секогаш е тешко да се дојде до купувачот;
• тешко е да се добие и задржи вниманието на купувачот;
• конкуренцијата е секогаш силна;

Целта  на обуката:

           Целта на обуката е пред се` на учесниците вработени во осигурителните компаниии и финасиските институции (банки, штедилници, брокерски куќи и сл.) да им се пружи дополнителна мотивација и да им се дадат нови идеи за раст на нивните продажните резултати. После оваа обука учесниците ќе стекнат со најнови вештини за преговарање и продажба, ќе го осознаат полесниот пат до нови клиенти, ќе научат како да ги зајакнат односите со постоечките клиенти, лесно да ги постигнат планираните цели, да ја зголемат самодовербата при комуникација со потенцијалните клиенти и ефикасно да ги решаваат евентуалните конфликти или рекламации.

ПРОГРАМА

МОДУЛ 1: КАКО ДА ПОСТАВИТЕ СТАБИЛЕН ТЕМЕЛ ЗА ВРВНИ ПРОДАЖНИ РЕЗУЛТАТИ?
 1.1. Психологија на успехот во продажба на осигурителни услуги.
 1.2. Како да ја подобрите самодовербата?
 1.3. Кои се најчести блокади и пречки во продажбата на осигурителни услуги?
 1.4. Како да ја зголемите својата база на верни клиенти?

МОДУЛ 2: КАКО ДО НАЈДОБАР ПРОДАЖЕН ПРОЦЕС?
 2.1. Зошто се битни комуникациските вештини во продажбата на осигурителни услуги?
 2.2. Како до успешен продажен разговор?
 2.3. Како да подготвиме и презентираме продажна приказна?
 2.4. Што значи црвениот тастер во продажбата?

МОДУЛ 3: КАКО ДА ИЗРАСНЕТЕ ВРВЕН ПРОДАВАЧ?
 3.1. Успешно планирање на  реалните цели и времето;
 3.2. Како да ја задржиме дневната мотивација;
 3.3. Различни стилови, различна комуникација со клиентите;
 3.4. Дигитализација и социјални медиуми во продажбата?

МОДУЛ 4: КАКО ДА ГИ ПОДОБРИТЕ ТЕХНИКИТЕ ЗА ДОБИВАЊЕ ПРЕПОРАКА?
 4.1. Кои се најдобрите техники за добивање препораката?
 4.2. Анализа од Харвард: Кога луѓето се одлучуваат за купување (6 техники)
 4.3. Што е вашата мисија и како ја презентирате?
 4.4 Разлика меѓу маж и жена во продажба на осигурителни услуги.

За кого е наменета обуката?

          Обуката е наменета за вработени во осигурителен и банкарски сектор, лидери на продажни тимови, финансиски институции, банки, пошти, брокери како и за сите лица заинтересирани за оваа област.

Предавач:

         Драгица Корењак, дипломиран менаџер (www.dkorenjak.eu), независен консултант, мотиватор и експерт за продажба. Нејзините досегашни едукативни настани бележат посетеност од над 30.000 учесници, во 7 земји наменети за професионално усовршување на вработени во секторите продажба, маркетинг, дистрибуција и логистика, како и  претприемачи, менаџери и студенти.
Менаџер е за управување со деловни системи, со повеќе од 30 годишно искуство во областа на маркетинг и менаџмент, стекнато како професор на Факултетот за деловни студии „Gea College“ во Словенија. Поранешен претседател на Агенција за осигурување во Словенија (Commercial Interest Association of Slovenian insurance companies) и поранешен менаџер на Првиот словенечки институт за осигурување, претседател на Alumni клубот и сенатор на ALMA MATER EUROPEA-ECM.

Работен јазик и материјали: српски јазик.

За сите учесници на специјалистичката обуката ќе биде обезбедено:
 - работен материјал;
 - ручeк и освежување;
 - сертификат за присуство на обуката.

Последен рок за пријавување: 20.9.2019 година.

Агенда на настанот Пријавен лист Пријави се електронски

Контакт лица:

м-р Елизабета Андриевска-Ефтимова
++ 389 2 3244074

Михајло Донев
++ 389 2 3244067

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Семинар, 24.02.2020
КАМАТНИ ПОБАРУВАЊА И НИВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ, СПЕЦИФИЧНОСТИ И РАЗЛИКИ ПОМЕЃУ ЗАКОНСКА И ДОГОВОРНА КАМАТА И ДОГОВОРНА КАЗНА
Семинар, 25.02.2020
ВЕШТАЧЕЊЕТО КАКО ДОКАЗ ВО ПАРНИЧНАТА ПОСТАПКА
Семинар, 25.02.2020
ОБУКА НА СТРУЧЕН И ДРУГ КАДАР (МЕНТОРИ) ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ ПРАКТИЧНА ОБУКА КАЈ РАБОТОДАВАЧИТЕ
Семинар, 28.02.2020
ПРОФЕСИОНАЛНА ДЕЛОВНА КОМУНИКАЦИЈА – ПРОТОКОЛ МЕНАЏМЕНТ
Семинар, 11.03.2020
ТЕЛЕФОНСКА ПРОДАЖБА (TELESALES)
Тренинг обука, 11.03.2020
ИНТЕРНИ ОБУЧУВАЧИ И МЕНТОРИ ВО ОРГАНИЗАЦИИТЕ
Семинар, 12.03.2020
ЗАКОНСКИ РОК ЗА НИШТЕЊЕ ДОКУМЕНТИ/ЗАПИСИ СО ИЗМИНАТИ РОКОВИ НА ЧУВАЊЕ
Семинар, 16.03.2020
ОБВРСКИ НА РАБОТОДАВАЧИТЕ ПРИ ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО И ЗАШТИТАТА НА ПРАВАТА ОД РАБОТЕН ОДНОС
Семинар, 19.03.2020
ПОИМ НА РАБОТЕН ОДНОС, ПРАВА И ОБВРСКИ ОД РАБОТЕН ОДНОС ПОВРЕДИ НА РАБОТНИОТ РЕД И ДИСЦИПЛИНА
Бизнис средби, 19.03.2020
Меѓународни деловни средби - ЕЕН, 19-20 март 2020 година, во Кочаели, Турција
Семинар, 19.03.2020
УПРАВУВАЊЕ СО СТРЕСОТ
Конференција, 01.04.2020
КОНФЕРЕНЦИЈА И МЕЃУНАРОДНИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ - ЕЕН, 1-3 април 2020 година, во Сараево, Босна и Херцеговина