ПРЕД ТЕКСТИЛНИТЕ КОМПНИИ ПРЕТСТАВЕНА ИДЕЈАТА ЗА ДИГИТАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ОСВОЈУВАЊЕ НОВИ ПАЗАРИ

   

👁 Прочитано: 2076


ПРЕД ТЕКСТИЛНИТЕ КОМПНИИ ПРЕТСТАВЕНА ИДЕЈАТА ЗА ДИГИТАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ОСВОЈУВАЊЕ НОВИ ПАЗАРИ

Во третиот пакет економски мерки за нова развојна македонска економија во делот на Директна поддршка за македонското стопанство, предвидена е финансиска подршка од 1 милион евра, за изготвување на дигиталната платформа на текстилните и кожарските компании за пласирање на своите производи на нови пазари - истакна министерката за финансии д-р Нина Ангеловска на денешниот состанок пред претставниците на Здружението на текстилната и кожарската индустрија при Стопанската Комора на Македонија.

Текстилните и кожарските компании, кои претежно работат лон производство и има празен простор за зголемување на производството и асортиманот на производи наменети за извоз, преку оваа мерка се нуди да се помогне за побрз излез и освојување на странските пазари. Преку оваа платформа ќе се направат напори овие индустрии да се модернизираат, дигитализираат, извозно ориентираат, да се додаде вредност, и да освојувааат нови пазари со директна продажба до крајните корисници, а со тоа ќе ја зголемат конкурентноста и ќе можат да достигнат во изнаоѓање на нови потрошувачи.

Претседателот на Здружението на текстилната и кожарската индустрија      г-дин Ангел Димитров истакна дека од целокупното производство во Македонија, скоро 92% е лон-производство, а 8 % е класично производство, а најголем дел од  производството, производите се продаваат под туѓ бренд.

Идејата и  мерката што се предлага е добра, и истата повеќе ќе им помогне на оние текстилни и кожарски компании кои се занимаваат со класично производство т.е изработуваат готов производ, но истата таа дигитална платформа ќе мора да се доразработи, да се види кои компании ќе може преку истата да се промовираат, кои услови компаниите треба да ги исполнуваат, кои се очекувањата во наредниот период и со кои странски партнери или стански пазари ќе соработуваат – истакна Ангел Димитров.

Сашо Деспотоски