ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
Од компаниите
03.04.2019 👁 Прочитано: 1819

Кроација осигурување започнува акција за збогатување на книжевниот фонд на училишните библиотеки


На Светскиот ден на литературата за деца – втори април, Кроација осигурување – друштво за неживотно осигурување Скопје, започнува волонтерска акција за собирање користени и нови книги за деца кои во текот на годината ќе бидат донирани вонеколку основни училишта ширум земјата.

Покрај вработените на Кроација осигурување, акцијата е отворена и за сите граѓани, деловни парнери и корисници на осигурителни полиси, кои книгите што сакаат да ги донираат ќе можат да ги остават во експозитурите и продажните места на компанија. За да ја поттикне акцијата, компанијата набави нови изданија од популарната литература за деца, како и лектири што се користат во основното образование.

“Со оваа акција сакаме, како компанија, но и како поединци, да придонесеме за збогатување и обновување на библиотечните фондови наосновните училишта, за книгите да можат да бидат што подостапни за што поголем број ученици. Ова го правиме затоа што веруваме дека љубовта кон литературата и навиката за читање книги се создава и поттикнува уште од рана возраст. Знаејќи го огромното значење на книгата во градењето на карактерот и усвојувањето на вистинските вредности кај децата, убеден сум дека оваа акција ќе биде успешна и преку неа ќе собереме голем број книги од светското и од домашното литературно творештво за деца“, вели Гоце Вангеловски, извршен директор на Кроација осигурување – друштво за неживотно осигурување Скопје.

Книгите собрани во оваа акција понатаму ќе бидат донирани во основните училишта, особено во оние што имаат дефицит од нови изданија или кои имаат потреба од обнова на нивните постојни билиотеки.

Почнувајќи од 1967 година, втори април се одбележува ширум светот како Ден на книгата за деца, во чест на роденденот на еден од најпознатите светски автори на сказни за деца, Ханс Христијан Андерсен (1805 – 1875).

Извор: https://bi.mk/kroacija-osiguruvanje-zapochnuva-akcija-za-zbogatuvanje-na-knizhevniot-fond-na-uchilishnite-biblioteki/

Кроација осигурување започнува акција за збогатување на книжевниот фонд на училишните библиотеки