1031 д. 100 ГОДИШЕН ЈУБИЛЕЈ
Еден регион - Една економија
Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
Од компаниите
06.04.2019 👁 Прочитано: 657

ПРЕДИЗВИЦИТЕ ДА СЕ ИЗГРАДИ КУЛТУРА НА ИНОВИРАЊЕ ВО ДОМАШНИТЕ КОМПАНИИ


Како традиционалните бизниси да го преживеат новото време? Дали  воопшто ќе имате потреба да посетите физичка продавница ако некој ви понуди производ онлајн што дополнително ќе можете да си го прилагодите на своите потреби? Какви карактеристики треба да имаат домашните производи и услуги во ова време на глобализација? Вакви и слични прашања заслужуваат сериозна посветеност, но компаниите се презафатени со решавање на секојдневните проблеми и немаат време да размислуваат на иднината.

За парадоксот на иновирање, за тоа дека иновирањето е многу повеќе од нов производ или користење на нова технологија, за тоа како да се изгради култура на иновирање во една домашна компанија и за современите иновациски стратегии, свој настап на првиот ден на Дигиталниот Самит за Западен Балкан во Белград имаше и поранешната министерка за информатичко општество и администрација, експерт на Обединетите Нации за дигитализација и иновации и координатор за дигитална трансформација во Стопанската комора на Македонија, Марта А. Томовска.

ПРЕДИЗВИЦИТЕ ДА СЕ ИЗГРАДИ КУЛТУРА НА ИНОВИРАЊЕ ВО ДОМАШНИТЕ КОМПАНИИ
ПРЕДИЗВИЦИТЕ ДА СЕ ИЗГРАДИ КУЛТУРА НА ИНОВИРАЊЕ ВО ДОМАШНИТЕ КОМПАНИИ