1031 д. 100 ГОДИШЕН ЈУБИЛЕЈ
Еден регион - Една економија
Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
Актуелно
10.04.2019 👁 Прочитано: 1823

КОМОРАТА ЗАПОЧНУВА СО СПРОВЕДУВАЊЕ АКТИВНОСТИ ЗА МОНИТОРИНГ НА ПРОТОКОТ НА КАМИОНИТЕ НИЗ ГРАНИЧНИТЕ ПРЕМИНИ ТАБАНОВЦЕ И ЌАФАСАН


Општо познато е дека долгите процедури и време на чекање на камионите на граничните премини предизвикуваат нетарифни трошоци кои крајно неповолно се одразуваат врз економско-финансиското работење и конкурентноста на учесниците во меѓународната трговска размена (транспортери, увозници, извозници, корисници на транспортни услуги и др.), предизвикувајќи негативни ефекти како врз интензитетот на меѓународната трговија, така и врз процесот на послободно движење на луѓе и капитал во меѓународни рамки.

Стопанската комора на Македонија, најголемата бизнис асоцијација во земјата, согледувајќи ја тежината и последиците од ваквата појава, активно е вклучена во активностите за подобрување на состојбите на ова поле, во насока на забрзување на протокот на камионите преку граничните премини, надминување на бариерите и олеснување на граничните процедури и формалности.

За постигнување на ова цел, Комората оцени за потребно, најнапред, да направи согледување на состојбите по пат на непосредно присуство на стручни тимови на дел од најфреквентните гранични премини со соседните земји, со цел да се направи детектирање на присутните појави при спроведување на царинските формалности, коишто ќе претставуваат основа во реализирање на целите на истражувањето.

Во рамките на серијата активности во таа насока, Комората започнува со спроведување Проект под назив: „Мониторинг на процедурите за проток на камионите низ граничните премини Табановце и Ќафасан“, во чии рамки е предвидено, приоритетно, да се изврши мерење на времето на протокот на камионите преку истите при влез и излез од државата, врз основа на што ќе биде изготвен посебен завршен документ од истражувањето.

Резултатите на соодветен начин ќе бидат доставени до надлежните државни органи, со барање да бидат донесени соодветни мерки и решенија за подобрување на состојбите на ова поле и забрзување на фреквентноста на возилата преку овие гранични премини, односно забрзување на целокупниот процес на прекугранична стоковна размена, на луѓе и на капитал преку истите.

Активностите на мониторингот се планирани да се реализираат на 15.4.2019 година (понеделник), во периодот од 10:00 до 24:00  часот.

Доколку компаниите-учесници во меѓународните царински формалности имаат свои согледувања и препораки коишто можат да дадат соодветен придонес во реализирање на целите на Проектот, се повикуваат истите да ги достават до Стопанската комора на Македонија до почетокот на определеното времето за спроведување на мониторингот, коишто на соодветен начин ќе бидат вклучени во завршниот документ - извештајот од спроведената постапка.

Одделение за информирање

КОМОРАТА ЗАПОЧНУВА СО СПРОВЕДУВАЊЕ АКТИВНОСТИ ЗА МОНИТОРИНГ НА ПРОТОКОТ НА КАМИОНИТЕ НИЗ ГРАНИЧНИТЕ ПРЕМИНИ ТАБАНОВЦЕ И ЌАФАСАН
КОМОРАТА ЗАПОЧНУВА СО СПРОВЕДУВАЊЕ АКТИВНОСТИ ЗА МОНИТОРИНГ НА ПРОТОКОТ НА КАМИОНИТЕ НИЗ ГРАНИЧНИТЕ ПРЕМИНИ ТАБАНОВЦЕ И ЌАФАСАН