ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
Од компаниите
13.04.2019 👁 Прочитано: 1663

БИЛЈАНОВИ: ИПАРД искуствата споделени со претставници од Европската Комисија и националните агенции од Балканот и Турција


Месната индустрија БИЛЈАНОВИ – Струга, по покана од Regional Rural Development Standing Group (SWG RRD), учествуваше на работилница посветена на јавните повици за ИПАРД II во земјите од Балканот и Турција. На работилницата која се одржа од 10-12 aприл, во Беќиќи, Црна Гора, учествуваа претставници од Европската Комисија, како и претставници од министерствата за земјоделство и платежните агенции од Балканските земји и Турција.

БИЛЈАНОВИ ги презентираа своите искуства од успешно реализираните два ИПАРД проекти за технолошка модернизација преку набавка на нова опрема. За нив, финансиската поддршка добиена преку ИПАРД програмата претставува одличен инструмент за подобрување на конкурентноста. Иако процедурите за аплицирање се мошне комплексни, од БИЛЈАНОВИ изјавуваат дека тоа за нив е предизвик и затоа самостојно ги спроведуваат процесот на аплицирање, како и активностите за реализација и мониторинг на проектите.

Презентацијата на БИЛЈАНОВИ предизвика голем интерес кај сите што резултираше во бројни коментари и прашања за дискусија.

Славе Билјан, управителот на Месната индустрија БИЛЈАНОВИ Струга, истакнувајќи ги позитивностите од користењето на финансиската поддршка од ИПАРД фондовите, вели дека стојат на располагање за споделување на своите искуства со сите заинтересирани субјекти од нашиот регион.

БИЛЈАНОВИ: ИПАРД искуствата споделени со претставници од Европската Комисија и националните агенции од Балканот и Турција