1031 д. 100 ГОДИШЕН ЈУБИЛЕЈ
Еден регион - Една економија
Средби, Семинар, Обука, Настан
   
17.04.2019 - 19.04.2019
Форум
10. САРАЕВО БИЗНИС ФОРУМ - 17-19.04.2019 САРАЕВО, БиХ
Сараево, Босна и Херцеговина

     Почитувани,

    Стопанската комора на Македонија, во соработка со Bosna Bank International, ве поканува да бидете дел од „10. САРАЕВО БИЗНИС ФОРУМ“. Овогодинешниот Бизнис форум ќе се одржи во периодот од 17-19 април 2017 година во Сараево, Р. Босна и Херцеговина.

     Бизнис форумот има за цел да ги собере бизнисмените и сопствениците на проекти од земјите од Западен Балкан од една страна и нивни потенцијални соработници од повеќе од 50 земји од светот. Настанот претставува платформа за поврзување на бизниси и отворање можности за инвестиции во регионот на Југоисточна Европа со единствена цел да се  поттикне економскиот развој.
Секоја година Бизнис форумот под еден кров собира повеќе од 1000 учесници и има комплетна медиумска поддршка како на локално така и на глобално ниво.

     „10. САРАЕВО БИЗНИС ФОРУМ“ на учесниците ќе им понуди презентации од инвеститори од областа на:
• финансиите;
• енергетиката;
• инфраструктурата;
• градежништвото;
• земјоделието;
• туризмот;
• образованието;
• услужните дејности и др.

     Стопанската комора на Македонија за сите свои членки оваа година обезбеди специјален попуст за учество на претстојниот Бизнис форум. Со цел навремена регистрација и користење на поволностите, ги покануваме сите заинтересирани компании да се пријават за учество на Бизнис форумот со пополнување на пријавниот лист во прилог, најдоцна до 12.4.2019 година (петок). По достава на пријавниот лист, ќе ви бидат испратени дополнителни инструкции во врска регистрацијата.

     За повеќе информации, посетете ја официјалната веб-страна на „Сараево бизнис форум“, https://www.sarajevobusinessforum.com/, или контактирајте со:
- Даниела Михајловска Василевска, телефон:+ 389 32 44 021, е-адреса: daniela@mchamber.mk ,или м-р Сања Николова, телефон: +389 32 44 091, е-адреса: sanja@mchamber.mk.

Во прилог:
- Агенда;
- Пријавен лист.


Агенда на настанот Пријавен лист Пријави се електронски

Контакт лице:
Даниела Михајловска
Телефон: ++ 389 2 3244021
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: daniela@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Контакт лице:
Сања Николова
Телефон: ++ 389 2 3244091, M. 070 390 009
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: sanja@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје