1031 д. 100 ГОДИШЕН ЈУБИЛЕЈ
Еден регион - Една економија
Средби, Семинар, Обука, Настан
   
16.04.2019 - 17.04.2019
Семинар
ОСНОВИ НА КОРИСНИЧКО ИСКУСТВО (USER EXPERIENCE) – РАЗЛИКИ МЕЃУ ДОБАР И ОДЛИЧЕН ПРОДУКТ
Стопанска комора на Македонија, Македонија

Дводневен семинар на тема:

ОСНОВИ НА КОРИСНИЧКО ИСКУСТВО (USER EXPERIENCE) –
РАЗЛИКИ МЕЃУ ДОБАР И ОДЛИЧЕН ПРОДУКТ

16 и 17 април 2019 година (вторник-среда)
10:00 – 16:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат


          Има многу повеќе од случајност зошто Airbnb, Facebook, Google, Apple и други водечки компании инвестираат огромна сума, дури поголема од сумата која ја инвестираат во одделот за развој и во тимовите за корисничко искуство (user experience).
          Сите продукти, без разлика на видот, дигитални или физички мораат со себе да носат висок квалитет и високо ниво на корисничко искуство (user experience) или да ризикуваат да бидат прегазени од конкуренцијата. Продуктот како продукт нема никаква вредност без неговите корисници.
Продуктите со подобро корисничко искуство секогаш се продаваат побрзо, впрочем сите бизниси чии стратегии се базираат на „user-centered” пристапи носат двојно поголем профит годишно од останатите.
          За таа цел, Стопанската комора на Македонија, на 16 и 17 април 2019 година, организира семинар на тема: „ОСНОВИ НА КОРИСНИЧКО ИСКУСТВО (USER EXPERIENCE) - РАЗЛИКИ МЕЃУ ДОБАР И ОДЛИЧЕН ПРОДУКТ“, чија цел е да ви овозможи да се запознаете подобро со она што до сега ви беше несфатливо и да ги разберете процесот и етапите на создавање одлично корисничко искуство кај продукт или сервис.
          Како што ќе се одвива тренингот, ќе ја сфатите важноста на истото во вашиот бизнис, проследено со вовед во тестирање, оценување, примена на психологија, дизајн и останати елементи.
Преку овој тренинг ќе се стекнете со вештини кои ќе ви помогнат да научите како да ги анализирате корисниците, како да ја осмислите правилната стратегија и како да му помогнете на вашиот продукт да биде подобро и побрзо прифатен од страна на неговите сегашни и идни корисници.

Целна група: Сопственици на бизнис, генерални менаџери, продукт-менаџери, проектни менаџери, маркетинг сектор, инженери, дизајнери, аналитичари, како и сите оние кои имаат интерес за учество на семинарот.

ПРОГРАМА:


I Ден:

- Запознавање со терминологија на Кориснично искуство (UX – User Experience);
- Спроведување на кориснички истражувања и наоди за известување (репорти);
- Креирање архитектура на информации, мапи и сортирање;
- Тестирање на корисници и видови на тестови;
- A/B тестирање.

II Ден:

- Преглед на најдобрите практики за пристапност;
- Вовед во (Google Analytics) аналитика и следење на корисничкото однесување;
- Примена на когнитивна психологија;
- Базични аспекти на употребливи елементи на навигација, пребарување, форми и анимации;
- Аплицирање на промени и работа со ИТ-дивизии (тимови);
- Студии на случај (Use Cases).


Предавач:

- Илија Бојчовиќ, консултант и експерт со повеќе од 8 години искуство во областа на оптимизација, развој и експанд на корисничкото искуство на веб и мобилни апликации, вклучувајќи ги SaaS, CRM, ERP-системите, физички продукти и сервиси. Основач на агенцијата „CaseUX“. Спикер на повеќе од 50 конференции ширум Европа и Америка. Успешно завршени проекти со клиенти од „Fortune 500“ светски компании. Рецензент на неколку книги.


За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
- работен материјал;
- ручeк и освежување;
- сертификат за присуство на семинарот.  

Краен рок за пријавување: 11.4.2019 година.


Агенда на настанот Пријавен лист Пријави се електронски

Контакт лице:
Михајло Донев
Телефон: ++ 389 2 3244056
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: Mihajlo@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Контакт лице:
Анита Митревска
Телефон: ++ 389 2 3244057
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: anita@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје