1031 д. 100 ГОДИШЕН ЈУБИЛЕЈ
Еден регион - Една економија
Средби, Семинар, Обука, Настан
   
21.05.2019
Семинар
Eднодневен семинар на тема:УПРАВУВАЊЕ СО НАБАВКИТЕ И ВЕШТИНИ ЗА ПРЕГОВАРАЊЕ
Стопанска комора на Македонија, сала 3, 3-ти кат, Македонија


Стопанската комора на Македонија, на 21 мај 2019 година, организира еднодневен семинар на тема: УПРАВУВАЊЕ СО НАБАВКИТЕ И ВЕШТИНИ ЗА ПРЕГОВАРАЊЕ.
Цел на семинарот: 
 Целта на семинарот е запознавање на учесниците на семинарот со управувањето со процесот на набавка, учесниците во набавките - купувачите, добавувачите, интерната комуникација во организацијата - набавка - нарачател, комуникација со добавувачите, приоритети кај набавките, WIN-WIN стратегија, стратешко поврзување со добавувачите, оценување на добавувачите - критериуми за оценување.
За кого е наменет семинарот?
За сите вработени кои се вклучени во управување со процесот на набавка - раководители на набавки, менаџери на набавки и останатите кои се занимаваат со логистичка работа во организацијата (набавки, магацинско работење, транспорт).

ПРОГРАМА
1. Поим и значење на процесот на набавки;
2. Цели и задачи на процесот на набавки;
3. Анализа на содржината на самиот процес на набавка во една организација - SWOT анализа во процесот на набавка;
4. Препознавање на релевантните заинтересирани страни во процесот на набавка - идентификација на заинтересираните страни и нивните очекувања, како и нивното влијание во процесот на набавки;
5. Ризици при набавките;
6. Организација на службите за набавка во организацијата - вработени во службите за    набавка;
7. Работна политика на набавките;
8. Планирање на набавките:
              - усогласување на критериумите за набака со нарачателите (производство,     малопродажба, сервис) со акцент на дефинирање на критериумите за квалитет;
9.  Методи и канали на набавка:
               - преговарање во тек на набавката на производи и услуги;
10. Трошоци за набавките;
11. Евиденција на набавките;
12. Анализа на набавките.
Предавач: 
- Игор Ќика, дипломиран инженер по менаџмент и консултант за  менаџерски системи според ISO 9001, ISO 14001, OHSAS 18001, SA 8000, ISO/IEC 27001.
Како извршен директор на компанијата „TQM Konsalting" ДОО во Нови Сад од 2010 година раководи со тим на консултанти во имплементација на менаџерските системи во организациите во Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина.
Воедно е акредитиран експерт од страна на RABQSA и PECB за проектирање на современи системи на безбедност на информации, континуитет во работењето, како и корпоративна безбедност (водечки оценувач за системите за безбедност – ISO 27001, ISO 22301, ISO 31000), консултант на Проектот „Изработка на анализа на влијанието на работењето и изработка на план за континуитет на работењето во Народната банка на Србија“.

Работен јазик: српски.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
 работен материјал;
 ручeк и освежување;
 сертификат за присуство на семинарот. 

Последен рок за пријавување: 15.5.2019 година.


Агенда на настанот Пријавен лист Пријави се електронски

Контакт лице:
Елизабета Андриевска-Ефтимова
Телефон: ++ 389 2 3244074
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: Beti@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Контакт лице:
Анита Митревска
Телефон: ++ 389 2 3244057
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: anita@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје