1031 д. 100 ГОДИШЕН ЈУБИЛЕЈ
Еден регион - Една економија
Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
Ставови
12.04.2019 👁 Прочитано: 1235

ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ НА ЕНЕРГИЈА ЗА ПОДОБРА ЖИВОТНА СРЕДИНА


Во секторот обновливи извори на енергија во нашата земја, во 2018 година, со повластена тарифа функционираат вкупно 79 мали хидроелектрани, 101 фотоволтаична електрана, една ветерна електрана и 3 електроцентрали на биогас од биомаса. Вкупното производство на обновливите извори на енергија за 2018 година е 377.138.378 kWh електрична енергија и е околу 8% од вкупно произведената електрична енергија во Македонија.

Согласно новиот Закон за енергетика, каде се дава посебно значење на обновливите извори на енергија, пропишани се мерките на поддршка за градба на овој вид на енергетски објекти. Повластените тарифи како мерка за поддршка продолжуваат кај малите хидроелектрани и електраните на биомаса и биогас, додека за ветерните електрани и фотоволтаиците се предвидуваат премии, мерки на поддршка. Фотоволтаиците како најатрактивни за инвеститорите се предвидува да имаат капацитет за градба од  200 MW, со огласи на Министерството за економија коишто ќе ги распишува со одредена годишна динамика. Ова покажува дека обновливите извори на енергија добиваат големо значење и во процесот на подобрување на животната средина.

Еден од начините да се добие почист воздух е преку примена на поефикасни технологии и обновливи извори на енергија да се обезбеди  намалување на емисијата на стакленички гасови, што директно влијае на поквалитетна животна средина. Тоа директно значи и почист воздух.

Во таа насока, може да се очекува дека активностите што следат на полето на животната средина се интервенција во секторите најголеми производители на емисијата на стакленички гасови.

Перо Авакумовски, советник во Стопанска комора на Македонија

ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ НА ЕНЕРГИЈА ЗА ПОДОБРА ЖИВОТНА СРЕДИНА